ПЕТАР ШИРИЛОВ. ЦРНОБОРЈЕ ПРОЛОГ Јата црни птици со клунови отворени и остри како ножици леткаат ниско над покривите на Црноборје и прават обрачи околу зачадените оџаци на неговите куќи. По олуците на новите куќи тече кобно гракање од птици чиј глас црноборјани го слушаат еднаш во својот век. По лозјата и нивите црноборјани имаа исправено плашила зашто зимата што требаше да ја пречекаат им се претскажа во пепелта од огништата како волчица со дванаесет долги и празии боски. Црноборје лежи како голем железен крст паднат од рацете на светец којшто не можел да го најде патот до земното царство. Матна речна глава – вирната од земјата и дамнината, плачејќи за своето име и по патот до езерото, го расекла селото на два дела. Кога поминала крај нивните куќи – црноборјани на гол грб ѝ го натовариле името на селото. На десниот брег остана отсечена Света Петка и вакуфската шума, а на левиот Арапинот со трубата и пештерата во која црноборјани жив го заѕидале и така го вкоренија стравот од туѓите војски и од насилствата. Се случи еднаш, по првата голема светска војна, дојденците од Мала Азија, на кои им беше предаден Невинград, со динамит да ја свртат Црноборка, во своите ниви. Кога црноборјанките сфатиле дека немаат каде да го белат своето платно и да ги мијат нозете со ќерамитки пред да влезат во постелата на своите мажи, гологлави заплакале на Зевсов Рид и ги проколнале своите мажи во името и секирите. По големиот плач на жените и срамот – црноборјани ги наостриле секирите и високо над своите луди глави ги кренале – на полноќ ја вратиле Црноборка, матна и расплакана. Меѓу полноќ и првите петли, црноборјани пак ја слушнаа трубата на Арапинот и ги наострија своите секири. На Зевсов Рид се појавил човек на бел коњ и со долго копје, на чиј врв имал забодено петел црн како облак. На небото над Црноборје и пијаните инсекти личеа на фрагменти од Светото писмо, чие исполнување ќе биде праведна божја казна за оние што не ја заслужуваат. По тој знак во дворот на претседателот на Црноборје – Евросим Лагунски, пристигна грчки офицер на бел коњ и со кралска порака која требаше да ги испрати во смрт. Претсeдателот бувна коњ со цврсти копита. Трудните жени се молеа свртени кон Света Петка, од гревот да им излезат женски деца – што ќе плачат тие, кога можат стреите над нивните глави, под небото и снегот. Евросим Лагунски трчаше крај коњаникот – писмото му го истргна од пазувата, жестоко како да му го извади срцето. Евросим Лагунски ги свика црноборјани на Зевсов Рид – се качи до железната глава со истечено око, им го читаше бавно и тивко, зашто отец Пелагонит имаше донесено котле крстена вода и со босилек ги прскаше наведнатите глави на црноборјани. Селаните се вратаја по своите домови и наострија лостови за портите. Кога ја вратија Црноборка од полето на невинградчани – жените голи и капени влегоа во постелите на мажите и лежеа крај нив како во првата ноќ по свадбите. Овојпат од Зевсов Рид се вратија занемени и одделно од мажите. ГЛАВА ПРВА Војските и есента ги стегнаа обрачите околу Црноборје – на земјата ѝ се откорнати плодовите и таа лежи во занес и гола како леунка. Во вакуфската шума на Света Петка есента ги крие своите ковачници: врз пробелената глава на Евросим Лагунски капат жолти лисја и ја позлатуваат. Евросим влече од своето луле со железно капаче и го изодува целиот црноборјански синор, сите оние места на коишто бил и на кои можеби никогаш ие ќе биде со своите синови Ефтим и Данило. На крајот од август, што се вовлече во вакуфската шума како рунтав пес, пред куќата на Евросим, пристигна офицер на црн коњ и на претседателот на Црноборје му предаде бела книга свиткана во ролна: кралот на Грција и Метаксас бараа пет појаси машки глави и коњи со здрави копита за војната против Мусолини, чии војски на Москополе ги кренале своите шатори и ноќе ползат кон границата. Евросим ги собра црноборјани на Зевсов Рид и над нивните наведнати глави ја одвитка ролната и прочита сè што беше напишано на грчки – потоа им преведе на нивниот и својот јазик, а од таа негова постапка власта и командата во Вртикоп направи инцидент. Таа ноќ црноборјанките не си ги измија нозете во Црноборка и не влегоа во постелите на своите мажи. Таа ноќ над Црноборје ечеше трубата на Арапинот од првата голема војна, едно лето кога пијани црни војници ги начекаа жените и девојките на чешмата и ги обесчестија. Црноборјани се наоѓаа на голем зимски сек во Габерник и Леските и кога разбрале што им се случило на жените и девојките, ги кренале секирите над своите луди глави и ги пречекале Арапите во клисурата, кај што играле и пееле. Ги вртеле секирите и удирале во темнината и ги исклале до еден, а трубачот којшто повикувал помош, го терале до пештерата и жив го заѕидале. Во такви времиња, меѓу полноќ и првите петли, црноборјани повторно ја слушаат трубата на Арапинот и горат многу борина во огништата. Чадот низ оџаците ги крева и нивните страшни приказни. Во долгите црноборјански ноќи мажите спиеја со секири и егиња подзглавје – рипаа и точеа. Евросим Лагунски се крие меѓу стоговите и лесниците – бега од Теодорина и чека да пристигнат вагоните со кои треба за Москополе да заминат неговите синови Ефтим и Данило, и коњите, на коишто ќе им ги бележат копитата. Бега еве веќе неколку дена – а Теодорина оди по него, сака да му нагази на сенката, ако не може на грбот и главата. Уште не развиделено Евросим влезе во својата дрвенарка и делка на крбла во која нема да стави ни вино ни туршија за синовите. Делка со лулето стиснато во забите и варди да не си ги исече прстите – зашто често мислата му ги носи подалеку од крблата и Евросим сфаќа дека удира во празно. Гледа во Света Петка, чија камбанарија е забрадена до очите со шамија модра боја. Од денот когаш не го замоли командантот на крајезерската зона да му ослободи еден од синовите – зашто Евросим не само што можеше да каже дека старее и дека не е за в поле – тој имаше и право да побара женетиот син, Ефтим, да не оди на Москополе, Теодорина и Натаимја го гледаат како да им ги нагорел душите и скарници му испраќаат зад грб. Во второто крштевање се претвори во Еврос Лагунис: се случи тоа по враќањето од малоазиската војна, кога Евросим Лагунски со својата единица, повеќето Македонци, ги кренале на небото турските бункери и фесови и отвориле пат за пешадијата. Од малоазиската војна, во која Евросим Лагунскт доби засек во грбот и кралски орден за храброст – во Црноборје се врати во униформа. Црноборјани, чие име и крв ги прослави Евросим – на стаиицата го пречекаа со крбли вино и со тапани. Евросим пиеше вино и играше пред тапаните и кога стасаа до Црноборка – пријателите го кренаа на раце, го нишаа леводесно и го фрлија во реката, да ја олади својата зовриена глава. Шеташе по крајезерските села и празнеше крбли вино – кинеше вратови од петли и мисирки, носеше градски жени на панаѓурите и утрените по манастирите, сееше страв на свадбите и на полноќ ја газеше Црноборка, со зарипнато грло од песни и вино... Којзнае до кога ќе траеше неговата младост и уште колку вино ќе истечеше во неговото грло, да не пристигнеше телеграма од Букурешт, за болеста на татко му Доксим, којшто имаше дуќани и голема стока. Евросим тргна на пат во униформата и имаше пречки со Романците на границата... Оттаму го врати својот смртно болен татко и Теодорина – млада и топлоока Романка. Доксим сакаше да седи на чардакот со веленце врз грбот и летото, а неговите очи гледаа во Мраморино, место над кое леткаат многу пеперутки . .. На судниот ден, Доксим ги замоли своите два сина – Евросим постариот и Филип помладиот, да дојдат поблизу до него и да слушнат што сака да им каже. Им кажа да не го делат имотот и да не си ја трујат крвта; да не го однесат коренот подалеку од Црноборје, зашто, како што велеше Доксим, тврда и жестока е туѓата земја, од која и гроб не можеш да си направиш како човек... Доксим тоа им го кажа пред да умре и фати корен во мислите и душите на синовите... Доксим замина за Мраморино – Евросиом и Филип му кренаа голем споменик од црн мермер попрскан со бели точки... Кога го направија претседател на Црноборје – Филип побара да ја делат земјата и куќата: од една направија секој своја, а татковата полека си тонеше во земјата како незакопан мртовец. Оттогаш им се оддалечи татковата клетва и крв. Кога Евросим се сврте кон куќата, на чардакот ја виде Теодорина којашто имаше ставено веленца на тарпузаните и ги удира со мавалка од дабовина. Жената удира по веленцата, но тој сфаќа дека нејзините очи се натопорани кон него. Кога им се сретааа очите, Теодорина ја фрли мавалката во дворот и влезе во одајата. Ејвросим гледаше во чардакот, а теслата му остана крената над главата и веќе имаше заборавено зошто толку високо замавнал. Теодорина и Наталија се појавија на чардакот – постојаа загледани кон него, а потоа ги симнаа скалите и го сечеа дворот со фучење во носовите. Евросим сè уште ја држеше теслата повисоко од својата пробелена глава со израз како да се подоготвувал да удри во нешто ситно што му се стопи во видот. И тој ја фрли теслата и дофати обрач, го изврти во рацете, го намести на крблата. По нагорнината со нозе развлечени во подгорената трева се искачуваа Теодорина и Наталија. Теодорина снаата ја води така, како божем ќе му ја покаже на некого за оплак. По тревата доаѓаше змија и Евросим тоа го чувствуваше со телото. Запреа како пред себе да видоа матна вода. Евросим ги забележа, но не им сврти ни глава ни очи – туку својот широк грб, провиткан над крблата. Го врти обрачот на газерот од крблата, го влажни моливот со јазикот и шарка криви тркалца. – Евросиме! – викна Теодорина и се наведнува преку оградата од резбарено дрво – му ги бара очите. – Не си молел ни за едниот од синовите?! Гологлава по ридјето ќе шетам, ќе те колнам до небеса, а мојата клетва ќе те стаса како ровја... Сакаш кукавица да ме направиш? Да не си го голтнал јазикот. Евросиме, или си онемел на таа твоја проклета крбла. Слушни, Евросиме, и запомни: на оџак ќе ти кукам и оттума на гроб ќе ти дојдам... Барем за Ефтим да си молел, а Данило – каде сите, таму и тој мајкин... За Ефтим ќе те фати гревот од Наталија – душата на шип ќе ти овене... Теодорина ја тргаа Наталија за рака и, пред очи му ја носи: го удира со раката на снаата по главата, а та ги врти очите настрана, ја собира раката како изгорена ветка, се смалува од срам пред свекорот. Наталија својата слободна рака си ја клава врз мевот како да крие рана... Евросисм полека се врти со обрачот во рацете: – Што барате од мене – жени?! – Дали ти била сува устата да го замолиш господинот Сидерос – Ефтим да го ослободи? Или си ја наполнил катран, па ти се слепила... Ајде успокојте се, лејки – ветрот да вe носи. Кого да молам за моите синови? Моите синови за тој ваш господин Сидерос се само двајца црноборјани коишто треба да брмчат по Москополе, за да не ги остават Италијанците да влезат во престолнината... Оџварете ги малку подобро, измијте ги гурелките, ќе видите дека лук и вода се вашите зборови и солзи. Не лигавете ги јазиците и очите, вратете се дома, најдете си женска работа, жени... – Моите синови, Ефтим и Данило, се моја мајкина работа.. . Ти, Ефросиме – да ми прости Наталија, ноќе ги правеше и во темно ги пушташ... Си можел да го замолиш господин Сидерос, главата да ја наведнеш подолу – барем Ефтим да ми го ослободеше... – И црноборјани своите синови не ги имаат најдено на пат. – Ни на овој, ни на оној свет, не молам никого: ни за моите синови, ни за мене. – Очи да бараш, Евросиме – очи и пат да бараш цел живот. Животот ќе ни го зацрниш и мене и на Наталија. – Ќе влезам во шумата, горе во Игленица, а по пат очите ќе си ги побарам, оти бев слеп кога те сретнав... Јазикот ти е долг, Теодорино, а умот чавки ти го однеле на бајрам. – Си ја кренал нагоре, човек не може да ти ја стаса и капа да ти кладе како на човек и домаќин. Дури и калта на патот не ја гледаш, од што ја држиш високо, на чавки под опашка... – Нема пат пред нашите нозе, Влаинко. Тебе, Доро, ти дадов два сина, на Наталија – маж ѝ дадов. Таа ќе ми даде внук, а ти, Влаинко, ме туркаш на кај Мраморино, име му се затрело. Ме откорна и ме туркаш надолу, а и ветерот ти помага. Еве, ми текна да оставам нешто за дните без мене. Правам крбла сакам и вино да ми носиш во неа и да истураш колку што мислиш дека ми треба... Теодорина јазикот си го прекаса и се смали од страв. Првпат слуша такви зборови и клетви од Евросим и гледаше во тоа некој лош знак и ја прегрнуваше Наталија. – Не клекнувам пред нозете на секого, Доро. – А пред моите, како клекна пред моите нозе, Евросиме? Евросим се насмевна само со очите. – Имав и зошто, Доро... А бев и млад кога те видов тебе. Пред нозете на господин Сидерос можам само да плукнам, Доро. Имам многу плунка што сум ја собирал... Ако му плукнам на тој пес пред нозете, или ќс се врати назад, или ќе се удави... Нозете на Сидерос и на сите што дојдоа во Црноборје, врз мојата земја газат Доро и врз коските на Доксим . .. – Ако не го замолиш Сидерос, ќе ти умрам Евросиме. Ќе се облечам во најубавото во невестинското што го донесов од Букурешт, ќе наберам босилок, ќе легнам и така ќе ме најдеш... Признај дека не си го молел господинот Сидерос, Евросиме? Ако не си побарал Ефтим да го ослободат, остави го Филип да помогне... – Ефтим и Данило се мои синови, Влаинко! Теодорина го собра вратот и кога плукна во лицето на Евросим потскокна како да дофаќа висока гранка. На лицето од Евросим се цеди плуканка. – Не најде поизвалкано мссто од лицето Теодорина? Со моите синови и со синовите на црноборјани, ќе се случува тоа што не го очекуваме и од кое ни белеат главите... Наталија вади шамивиче и го брише лицето на Евросим. Теодорина се расплака и ја повлече Наталија надолу. Евросим ја гледаше во лицето и очите, сè уште свртени кон него и полни сожалување. Длабоко во нејзините очи, Евросим виде многу златни кончиња во кои беше заплеткан неговиот внук и по лицето му се разлеа насмевката, го стави и последниот обрач на крблата. Камбаната на Света Петка се кршеше врз главите на црноборјани, а од оџаците се креваа јата чавки со клунови како отворени ножици, чиј сек остро ја делеше земјата од небото – живите од мртвите. ГЛАВА ВТОРА На третиот знак од камбаната црноборјани од своите куќи излегоа како од продупчена вреќа: по левиот и десниот брег на Црноборка врескаат децата со пратје меѓу нозете. Мажите јаваа или ги водеа коњите со некој замислен товар на нивните и на своите грбови. Коњите вискаат со кренати глави и од нивните муцки докапува водата што непотребно ја црпнале од Црноборка. Коњите од портите излегуваат забрзани како да ги плаши некој скриен до ѕодовите. Децата ги фрлаат пратјата во реката и трчаат по коњите нагоре, кон Зевсов Рид. Никое од нив нема ни сили ни желба да помисли дека многу од коњите и регрутите своите коски ќе ги остават во туѓа и тврда земја. Регругите што јаваа, на коњите беа возбудени од тоа како ќе им стојат униформите скроени врз основа на некој идеален калап за грчкиот војник што треба да замине на фронт. Иако не ги гледаа, тие се трудеја да ги замислат своите девојки или свршениците коишто, скриени зад прозорците, копнеат по нив и се крстат пред некоја икона со запалено кандилце – да им ги врати судбината, гостод и оној товарен воз без прозорци и седишта, со кои црноборјанските регрути одат да служат војска, или да се борат на некој фронт. Јаваат наспроти текот од Црноборка којашто во селото пристигнува бистроока од паѓањето по камењарите. Реката подзастанува како да се напрегнува да опфати некој лик. Никој од нив не мисли дека е незрел да најде оправдување за она што ќе се случи кога ќе пристигнат на Москопле. Тие личат на петленца чии гребени предвреме нацрвенеле од близината на некои други петленца со кои треба да се судрат на отворено. Детството го оставаат во Црноборје како ветка и смешна облека којашто нивните мајки и свршеници ќе ја белат во реката сè додека не им потемни видот и небото. Нив не ги загрижува ни тоа што своите коски ќе ги остават во земја, којашто и победена не ќе ја зголеми среќата и славата на Црноборје; од 1900 година малку црноборјански машки глави најдоа камен и крст во земјата на прадедовците. Евросим Лагунски стои меѓу Ефтим и Данило качени на коњи и готови да се наведнат кога ќе ја минуваат портата. Евросим првпат сфаќа дека Ефтим и Данило не можат повеќе да јадат од иста чинија. Тие се весели и возбудени, а на Теодорина ѝ пречи токму тоа што нејзините синови одењето на Москополе го сфаќаат како тропање во тенекии за уплав на отровните влечуги воврени во оградите од камен. И доаѓа солза – но таа се брани од неа како од оса. Ги напнува своите сили и преку ридот здогледува поле во магла, во кое Ефтим и Данило, облечени во унгиформа која ги прави смешни, одвај ги откорнуваат своите нозе, талкаат со рана којашто не заздраавува и не наоѓаат леб за устата и камен за главата. Престана да го јаде Евросима кој не молеше да му остават еден од синовите – се повлече во себе, како ѕверка којашто водена од инстинктот сака да види дали ќе ја преболи раната и како да нападне повторно. Наталија е наплакана и гледа во Ефтим со чувство како да ѝ го предава на некоја непозната жена, којашто седи некаде далеку и нејзе ѝ се потсмева што не сторила ништо за да го задржи. Наталија чувствуваше дека невидлива рака ги сече оние танки нишки со коишто таа и Ефтим несвесно се врзувале од детството. ¥ се виде многу поубав и туѓ човекот чиј лиК го држела во затворени очи сè додека нејзината љубов кон него не созреа убаво. Ефтим личеше на Теодорина и поради тоа Лагунскиот сој гледаше на него како на украдена крв: Теодорина на шега им се исповедуваше на жените дека жалела што Ефтим не ѝ се родил женско. Бледолик и со некое романско спокојство во очите – Ефтим јазикот не си го одврза од умот. Данило се метнал на Евросим на првиот ден кога му се отвориле очите: израсна во ставит момчак со темнокафена коса, напластена на главата како смола. Имаше лескова боја во очите и рацете од кои проплакаа девојките во крајезерскиот појас – кога им ги вадеше дојките во полето или под стреите зад нивните куќи. Евросим тивко и потајно ја чуваше својата гордост на него – често го гледаше како себеси во некоја река која застанала во младоста. Ефтим брзо напредуваше со умот – ги приврза за себе и врсниците и постарите, Евросим го отргна од полето и планината, го упати кон Вртикоп, а потоа во Солун. На Ефтим и учењето на грчкиот јазик му правеше лично задоволство и кога се враќаше летото во Црноборје ги жалеше мажите и жените коишто сакаа со него да зборуваат учено. . . Данило одвај ја истера гимназијата – Евросим поради него често одеше во Вртикоп, молеше пријатели и подрануваше непознати, да му помогнат да не се врати од градот засрамен и поразен. Оваа есен Данило требаше да замине во Солун и да си одбере студии. „Учи за што те трга срцето и што ти фаќа умот“ – му рече Евросим на железничката станица во Црноборје, додека чекаа возот да присгагне откај Сорович, Данило копаше земја со чевелот и ја рамнеше додека Евросим го подучуваше. Кога се врати од Солун – Данило беше радосен и зборлив: „Се запишав во офицерско училиште – најдов многу потврди глави од мојата...“. На Евросим не му се исполни желбата, но радоста на Данило беше поголема и поважна, зашто беше веќе искажана. Откако црноборјанските момчиња добија покана за војска – Морфа постојано плете чорапи со гушки и шари, какви носат ергените од крајезерскиот појас. Плете и ги моли своите браќа да не заминуваат далеку – да ги гледа. Плете и тивко мумелка некои песни чии зборови не ги научила – плаче кога е сама. Лагуновци се соочија со судниот ден и првпат забележаа кој каква боја има во очите и што може да се запомни најлесно, кога ќе се разделат. Одењето на фронт не е како да пресадуваш фиданки, тоа е корнење и предавање на ветрот којшто не запира сè додека ие урне сè што му стои на патот. Евросим е горд на своите синови – неговата гордост е качена на коњи коишто тропкаат со копитата како да бараат извор небликнат врз земјата. Цената на татковата гордост расте и поради тоа што ја прифаќаат и синовите тргнати на фронт – а ја плаќаат мајките во нивно отсуство. Од лозата на Лагуновци се павтат двата ластара – Ефтим и Данило: тие се далеку од коренот, но тој само преку ластарите може да биде начнат од болест или црв. Ефтим и Данило ниско врз гривите на коњите ги наведнаа своите глави и се најдоа во ширинката врз која копитата одекнаа како погнила ламарина. Зад нив излегоа Евросим и Морфа облечени во најубавото. Црноборка тече надолу кон езерото и врз два брега ги крепи копитата на коњите и возбудата на регрутите, товарот во душите на црноборјанските жени коишто којзнае колкупати во својот век ги поминувале дрвените мовчиња и ја искачувале нагорнината до Зевсов Рид. Тоа место сега им се виде како да е врзано за небото и кога ќе удри последната камбана од Света Петка – ќе се отвори темна пештера во која децата ќе фрлаат камења за да го слушнат одекот. Зевсовата глава на темето од ридот ја надлетуваат птици и гракаат врз нив – зашто таа е мртва од времето кога Црноборје имало некое друго име и племе кое не оставило ништо друго освен таа железна глава со истечено око. На сите веселби жените со страв гледаа во Зевсовата глава врз која мажите оставаа венци цвеќиња и ја почитуваа без да навлегуваат во нејзината историја и смисла. Кога се случуваше птиците да ја испоганат, мажите носеа ведрици вода и ја миеја во молк. Не беше тоа ни страв ни слепило, туку едноставно почит кон луѓето коишто на темето донеле многу убав мермер и над него направиле глава на човек какви не се среќаваат меѓу денешните луѓе. Црноборјани имаа почитување спрема коските и трагите од минатото – во тоа гледаа некоја законитост на животот и на судбината. Црноборјанските гробишта се прикажани во целиот крајезерски појас – а некои им завидува што ќе умрат како луѓе. Честа по смртта и почитта кон мртвите на црноборјани им даваше некоја смисла додека имаа претстава за тоа дека се живи меѓу другите коишто мислат на смртта и се плашат од неа. На мртвите во Црноборје живите им беа некое земно царство – во кое секој можеше да си направи престол од својот плетен стол, да седи на сонце, под небото на кое ништо не е напишано, но од кое секој може да прочита она што му доаѓа во душата. На небото над Црноборје никој не ја допрел својата рака да напише свој знак – но од таму чита душата, којашто сите знаци на судбината ги има во себе, само расфрани во безредие, како птици во ветрот, како мониста изронети од бисер на жена којашто оплакува свој и загубен во светот. Луѓето и коњите се искачуваат по нагорнината и влегуваат во зелениот ракав од лески којшто потаму се шири во круг. На две спротивни страни се поставени големи маси со вински веленца врз кои на сонцето светкаа инструменти. До масите се направени паравани – зад нив горат огнови. До огновите се врткаат грчки војници со оружје преку рамената и љубопитно гледаат во регрутите и во коњите, коишто се двојат во две редици. Рамнината порабена од лески се полни со луѓе и коњи. Мажите и жените се кинат од редиците и прават помали групи. Мајорот Ставропулос и полковникот Сидерос разговараат со двајцата воени лекари коишто слушалките ги носат на вратовите и забрзано преместуваат инструменти и садови. На другата страна се групираат коњите, вискаат во рамнината, тие, првпат се собрани заедно, на овој начин се препознаваат, стануваат немирни и љубопитни, ги оптегнуваат своите вратови, добиваат по муцките од стопаните, коишто се мачат да ги задржат за уздите и огламниците. Од зелениот ракав на леските во рамнината навлегуваат долноселци и гледаат како постапуваат оние пред нив. Ширината е огромна и не постои опасност да се прелее од луѓе и коњи. Само на црноборјаните им се чини дека мажите и коњите што згазија врз рамнината можат да урнат сè. Во моментот кога Сидерос виде дека зелениот ракав е празен – повика војник со труба и нешто му шепна настрана. Црноборјани, на чии очи не можеше да им избегне ни израз од лицата на офицерите, ни солза во очите на некоја жена, се свртеа кон војникот со труба и каменеа во исчекување што ќе се случи Војникот побара вишинка за под нозе, зашто црноборјанските регрути само така некој можеше да ги стави под очите – најде камен во тревата и се искачи на него. Затруби полека, а потоа ја крена главата и кон небото дуваше, а на црноборјанките им се стори, од страв или простодушност, дека војникот со трубата ги гасне ѕвездите на нивните синови, коишто и мртви не ќе можат да ги однесат на небото, па заплакаа прво тивко, а потоа посилно, како што правеше војникот со трубата. Меѓу мажите се отвораа празнини – на тревата клекнаа многу жени, со лицата во рацете, зашто мажите им се топореа, се готвеа со дланки да удрат по муцки: не затоа што не ја сфаќаа нивната болка, туку од страв да не ја раскопаат својата, татковската, па пред грчките офицери да излезе дека се страшливци иако се високи како пратје, а под мишки можат да носат коњски товар и самар на главата. Жените престанаа да плачат дури откако војникот ја тргна трубата од устата и укајќи настрана, ја триеше со дланката. Трубата на војникот во душите на црноборјанките влегуваше како волк што завива пред да ја нападне жртвата, како глогов трн којшто ја бара раната. Престанаа кога видоа од ридот да се симнуваат десетина калуѓери со икони кренати повисоко од нивните глави што личеа на ластовички, коишто ги загубиле крилјата за на небо, а на земјата не научиле да одат како другите. Калуѓерките доаѓаа од манаегирот на Света Петка – пред нив, со голем железен крст одеше отец Пелагонит, висок и побелен во брадата, како да излегол од предел во којшто трае вечна зима. Отец Пелагонит се симнуваше по ридот надолу и не ги заобиколуваше грмушките што растеа врз грбот на Зевсов Рид. Црноборјани гледаа како чекори во права линија каква може да се замисли само на небото. На луѓето им се стори дека ќе помине преку народот и ќе го снема во шумата. Да не беше убав и небески умен тој отец Пелагонит – црноборјани ќе се исплашеа од тоа, колку е висок и скаменет во ставата. Кога дојдоа на растојание од кое на човека можат да му се гледаат очите – црноборјани клекнаа на ледината и се крстеа. Калуѓерките се распоредија во полукруг со иконите над своите забрадени глави и стоеја молчаливи и спокојни. Павлос Сидерос и Клеон Ставропулос се врткаа како луѓе фатени во грев или престап – очекуваа отец Пелагонит да им каже нешто во врска со доаѓањето на калуѓерките и светците, да ги замоли да направат нешто за него, или да се повлечат. Отец Пелатонит отвори голема книга со црн поврз и златни букви – ја крена високо пред очите, како нешто тој момент родено и читаше нешто кое само тој можеше да гоо разбере, а калуѓерките повторуваа и слушаа наапрегнато. На некои места отец Пелагонит ја креваше десната рака и шараше по своето чело – тоа го правеа и црноборјани. Од страв да не направат нешто спротивно од свештеникот, мажите и жените коишто веруваа во предноста на небото и покорноста на земјата – своите раце ги држеа подготвени за гест. Откако престана со читањето, отец Пелагонит ја подржа големата црна книга в раце како да ѝ ја мери и тежината и смислата, а потоа ја затвори со чувство на некое исполмување. Црноборјани личеа на луѓе коишто се разбудиле од тежок сон. Полковникот Сидерос чекаше знак од отец Пелагонит, но тој им рече нешто на калуѓерките со иконите над главите, а тие си пренесоа секоја на увото од онаа до неа и направија полукруг околу масата. Двајца воени лекари гледаа во народот и во свештеникот – се чувствуваа и збунети и излишни. Полковникот Сидерос одвај се воздржа да не ги прекине селаните и кога сфати дека можат да продолжат со работата, благонаклоно му се насмевна на отец Пелагонит, којшто одбиваше да прифаќа туѓи гестови и шеги, дојде сосем до масата и од котле извади голем сребрен крст. Сидерос ги извади своите книги од чанта со многу моливи во разни бои и ги отвори на масата. Со црвен молив повлекуваше врз списокот на црноборјанските регрути и кога се увери дека луѓето се претворени во темен молк, ги прочита првите од списокот и внимателно ја крена својата глава спрема момчињата коишто се издвоија од народот. Регрутите излегуваат пред полковникот – тој ги опфаќа во своите модри и боцкави очиња, се врти околу нив како да им бара некоја мана, скриена во облека или во душата. Во Црноборје со прст ги покажуваа оние коишто ги враќала регрутната комисија. Момците коишто првпат излегуваат пред воена комисија трепереа од страв докторите да не ги издвојат настрана. Цел живот се носи тој белег – а многу младичи правеа и итрини; да скријат некоја мана, од животот или од раѓањето. Стојат пред Сидерос и не можат да ги издржат неговите мали модри очи со осила во црнката. Сидерос ги гледа редум и потоа ги преземаат докторите во параванот – веднаш зад масата. На полковникот Сидерос му направи впечаток Данило Лагунски, којшто стоеше пред него како однекаде да се познаваат, сосем слободен, па малку и насмевнат на сè што се случуваше. – Данилис Лагунис – рече полковникот отсечно. Евросим слушна кога го повикаа неговиот син и црноборјани се свртеа да гледаат кон него како во туѓинец. Данило не дојде на она место каде што регрутот останува насамо со офицерот. Сидерос бараше момче со такво име и се напрегаше да сфати кое е тоа од редицата излезена малку понапред. По тоа како го гледаа неговите врсници – Сидерос сфати дека се работи за син на претседателот на Црноборје, зашто веднаш по доаѓањето во селото, полковникот побара да види кој е тој човек на кого со чест му се споменува името во командата и во престолнината. Гледаше во Данило и на лицето имаше чудење зашто не пристапува кон масата. – Данилис Лагунис – може да направи два чекори напред? Данило дојде пред Сидерос како да го повлекле со јаже. – Данило Лагунски, господине полковник. – О, тоа е синот на Еврос?! – На Евросим, господине... Помладиот син на Евросим Лагунски... Во книгите на отец Пелагонит така ме запишале, јас не допуштам некој да ми краде од името. Името и човекот се исто, господине. – Како е запшшан овој регрут, оче? – Во црковните книги не преправаме ништо, господине... Тој е зaпишан кaко Дадило Лагунски и пред господ не може да крие како е крстен... Никој не ќе знае кој како се викал, а господ не сака да тропа на погрешна порта. – Во книгата на отец Пелагонит влегуваат само мртвите... – Неговите книги се и влегување и излегување – живите и мртвите не се судруваат. Сакам да влезам во списокот со името што ми го дале во Света Петка. – Во моите книги така е заиишано: влегувај и соблечи се. – Кога бев мал ме ставиле во леген и име ми дале бсз да знам и без да учествувам во изборот... Не сакам да влезам со искинато име... – Во Тесалоники сте имале добри учители... Од сè што ви кажале и ви дале – ви останала само капата без значка. – Каква значка, господине полковиик? – Какви што носат сите добри младинци на Грција... Ти си млад и полека ќе сфатиш дека не само името и бојата во очите ќе ја промениш: очите венеат на сонце, момче, како секој цвет. И облеката и верата и знамето ги менувале некои луѓе... Само крвта не можеме да им ја смениме... Крв што не се менува е отровна и таквите ако не умрат од змиски отров – стануваат ѕверови... Влегувај и не чекај поклон од кралот и командата... Знам зошто премноогу чврчориш пред врсниците... – Јас, господине, имам само мајка... – Ќе бидете сами – таа тука, а ти секаде одеднаш. Немам право да ослободам никого. Ќе тргнете во определено време и кога ќе стасате во единицата – поднесете молба, до командата, ќе го разгледаме тоа... Регрутите што излегуваат од параванот отец Пелагонит ги пречекува со крстот како да им се заканува: тие го бакнуваат и се враќаат на своите места, меѓу родителите, или девојките. Црноборје бакнува крст навлажен од опеана вода и тагува за својата бујна крв којашто ќе капе во непозната земја. Евросим и Морфа стојат осамени зад калуѓерките и молчат. Данило излегува од шаторот и си ги поправа ракавите од кошулата. Запира меѓу своите врсници и чувствува дека црноборјани зборуваат тивко за него со некоја нова гордост во очите и лицата. Им гледа право в очи и тие го гледаат него. Регрутите стојат пред Сидерос како идни војници – чиј чекор ќе зацврсне во стројот и во цокулите, штом ќе нагазат на туѓа земја. Намерно не отиде кај Евросим и Морфа – да не го сврзе и татка си за своите дрскости со полковникот Сидерос, којшто на крајезерците упеа да им го обнови стравот од порано, кога ги земаа војници, или ги избираа за в затвор. Тоа беше и отпор даден отворено и грубо на местото од татко му и од сите црноборјани коишто не гледаа поинаков излез од судбтшата и кожата. Данило чувствуваше како да фрлил две кожи: на татка си и својата и поради тоа не сакаше да мисли колку му наштетил на Лагунскиот сој и на угледот што му го даде на татко му грчката власт откако тој се врати од малоазиоката војна – во која Грција војнички загуби, но придоби некои угледни Македонци. Гледаше над главите на црноборјани и му беше мило што дојде ред и време да си ја разголи крвта и душата за да видат сите дека неговото учење во Вртикоп и намерата да продолжи во Солун – не беа замена за честа и коренот. Кога дојде редот на Ефтим – Сидерос со него беше пресилено учтив и разговорлив, го чукаше по рамото како свој и рамен. Данило скришно гледаше во својот брат додека разговараа со Сидерос и се прелраваше дека ни под земја, ни на оној свет, не ќе ги сврзе ништо, иако лежеле во исто срце. Данило гореше како младо стебло во кое соковите струјат одеднаш во сите жилки – растеше пред очите на црноборјани, а тие што беа пониски и што имаа широки плеќи пред себе, се креваа на прсти да ја видат неговата горда глава. На спротивната страна ветеринар во офицерска униформа им ги прегледува забите на коњите, им се внесува во очите со ценка, ги трга за опашката. Веднаш зад масата гори оган и се нагоруваат железа со бројки а потоа им се втиснуваат во копитата и вратовите. Во воздухот мириса на изгорено и чкрапаат големи ножици по гривите на коњите. Црноборјани гледаат во своите коњи и тагуваат, одат да ги скротат кога тие се исправаат нагоре и копаат со копитата по воздухот. Чувствуваат болка во душите како нагорените железа да се втиснуваат во нивните меса – косата им се игли на главите, вртат очи настрана. Коњите, чии копита имаат бројки како пресни рани на копитата и вратовите, се смешно ошутени без гриви. Како вискаат и се исправаат нагоре над главите на војниците и селаните – личат на головрати петли, коишто биле попарени во врела вода, но успеале да го избегаат кубењето. Оние коњи што се бележени и острижени ги преземаат војници и потака од леските дофаќаат огламници и ги врзуваат за дрвјата. Стрижењето на гривите и бележењето на копитата траеше долго. Црноборјанските регрути и мажите коишто порано служеле веќе беа смирени со судбината што ги очекуваше, преминаа на страната каде што наеднаш се крена голема врева. Еден малецкав офицер со чин и ознаки на коњички поручник се топореше над главата на Гаврил Калиничкин – старец чиј корен бешe подлабок од помнењето на најстарите црноборјани и од сите напишани истории. Оти беше многу стар, личеше на светец и никој не можеше да му ги определи годините. Косата му беше зачувана целата – но не онаа што ја имал до староста, туку нешто како втора никавица во животот: бледожолта и мека како пајажина. Во очите немаше црнки и човек не знаеше дали старецот гледа во него или пак на некое друго место. Дојде подведнат како да бара нешто загубено од порано на ледината – зад себе влечеше коњ пепелава боја со остро изразена линија по рбетот. Коњот запре порано од Гаврило – старецот се оптегна на оглавникот, но ништо не помогна. Коњичкиот поручник се налути од тоа како старецот го влечеше коњот и му се истопори со некаков предмет во раката. Дури отсетне Гаврило сфати дека тоа е железо со кое на коњите им ги бележеа копитата и вратовите. Чудно некое железо кое на старецот му создаде и љубопитство. – Што влечкаш на ортомата, старче? – праша поручникот. – Не го влечкам цел пат, господине поручнику... Го јавав по нагорнината но помислив дека не е убаво да јавам, кога сите други си стојат на нозете... Издржлив е и убаво гази по нагорнината само што е инаетлив, па не сака да се смеша со луѓе... – На овој коњ си јавал?! Ти, старче, барај други за шега, а оваа краста врати ја дома. Во првиот попис – еве овде, во ова државна книга, кај тебе е запишан тригодишен ждребец, со цвет на челото... Не сакам старец да лаже, разбираш? – Од мене се бараше коњ, господине поручнику, јас, еве, го носам: троа јавав по нагорнината, а кога влеговме во рамно, го водев... Лут ми е затоа што не го оставив да ја гризне пченката попат... – Коњот не е регрут – додава Флорин Емборовски, триесет и четиригодишен црноборјанин со густа кафеава коса и светлосини очи со некоја цврста студенина и во нив и во гласот. – Старецот ви носи коњ и ве моли да му го оставите за јавање или за на воденица. Нам воденицата ни е далеку – цел ден ôд од Црноборје, дури до вечните снегови во присојниците. – Кој си ти што им даваш ум на другите а својот си го оставил кај кумот?! – вели поручникот остро, но и со некое задоволство што го фатил на тесно и итро. – Моето име не влезе во твоите списоци, поручнику. Црноборјани што правеа круг околу Флорин гракнаа. – Грешката ја направил некој што те сметал човек... – Не може да се каже дека коњот на дедо Гаврило не е за седло... Тој може и потомство да остави во Црноборје, но вие, комисијата и докторите, па и господинот полковник, немате почит спрема дамите... Острижавте и ждребни кобили, а тоа е опасно и за Црноборје и за Грција на следната регрутација на Зевсов Рид ќе рикаат само магариња... – Не должи го јазикот! Колку пати си бил на регрутација? – Овојпат не ме фаќа стапицата... Нешто нозете ми се оглуждени... Поручникот најде човек со кого може да се истрие малку, но беше и внимателен да не навлезе во онаа навидум безлична итрина на селаните којашто постепено се претвора во катран за јазикот. – Не си повикан за регрутација? – Политички бев замешан пред две години... – Полежа на тврдо? – На меко во Црноборје лежат само седумачињата. – Ти наредувам да си го врзеш јазикот... Ќе го викнам господин Сидерос – тој ќе излезе на крај со сите вакви... Јас со коњите полесно се разбирам – иако немаат ни јазик ни ум... Господин Сидерос знае да постапува со луѓето коишто лежеле поради должината на јазикот... Во моментот кога Флорин почувствува дека поручникот е потивок се сврте кон страната каде што ги рагрутираа момчињата и првото што го виде таму беа очите на Сидерос. На Флорин му беше јасно дека полковникот гледа насекаде и чека мал повод да се замеша. Потоа и другите гледаа кон Сидерос којшто разговараше насамо со Клеон Ставропулос и со раката покажуваше кон ледината како да молеше да почне некое копање. Кога видоа дека црноборјани направиле круг околу поручникот – Сидерос и Ставропулос тргнаа накај нив и одеа многу близу, како да се врзани на алка. – Еве ти го полковникот – рече Флорин Емборовски, како да му дава нешто кое на поручникот му требаше повеќе од сè друго. – Мене ми забравте ждребна кобила – тоа не го почитува законот. Ќе му се жалам на полковникот. Ако не ми ја прими жалбата тој – има некој над него... – Не е твоја работа да го толкуваш законот... Тебе малку ти дале... За толку долг и лигав јазик требало да обелиш на островите. – Не плачи, поручнику – кога ќе се ождреби кобилата, кај нас е обичај да ѝ врзете црвено предено на опашката и гривата. Дотогаш ќе ѝ порасне гривата. – Ти немаш служено во грчка војска?! – Служев пред четиринаесет години... Толку служел и мојот татко Тодор... Две ждребиња јавал по планините – со третото си дојде дома и од жал му го даде на еден сиромав од Греовник... – Каде, во која војска твојот татко служел толку долго? Да не бил глувонем – па освен воената обука, да учел и говор?! – Секој си го знае мајчиниот говор – на друг тешко се учи, поручнику. Две години толчев гниди и гуштери на островот и молчев. – Гнидите немат крв – човек кога ги толчи не се чувствува злосторник. Таквите се добри да фаќаат лилјаци и да ги учат на денски лет... Знам од која сорта си – туку тргни се понастрана – не стој му на злото спроти рогот. Сидерос се вмеша меѓу луѓето и своите боцкави очиња не ги симнуваше од главата на Флорин Емборовски којашто се креваше над другите како сончогледов круг што не заврзал плод. Сидерос му отвораше пат на Ставропулос – повеќе со сврдливите очиња, отколку со рацете. Кога дојде сосем близу – црноборјани околу Флорин оставија празно во кое Сидерос можеше да се врти слободно. Запре зад неговиот грб и го фати лутина што не може да му ја стаса главата и да го удри со својата мала дебела тупаница како грутка набиен лој. Флорин чувствува дека полковникот стои зад неговиот грб со некоја намера – но не се врти. Сидерос доаѓа лред него и го криви својот дебел врат – зашто инаку не му е можно да види какви му се очпте, што муцка има тоа грбиште. – Што се случува тука? – прашува Сидерос цврсто. – Старецот сака да го предаде коњот, – рече Флорин. – Ние не сме шакали ваквите коњи се за свадба, а не за фронт... Кај вас свадбите траат три дни и три ноќи – овој коњ би стасал на последната ноќ... Вие не правите разлика меѓу коњите? Овој коњ има кожа во која старецот собрал коски... – Коњот е способен да носи товар, господине... – Вакви коњи не пасат во полињата на Маврохори. – На поручникот му кажав дека попат јавав и тешко го задржував да не влезе во забран... – О, о – тоа треба да го знае поручникот, за што, твојот коњ може да ги онеспособи кобилите за служба... А вие дали го предадовте вашиот? – му рече Сидерос на Флорин... – Два ми забравте... – ¥ префрлате на командата? – Не, кажуваим дека дадов кобила и ждребец. – Одете си дома и поплачете за коњите. .. – Вие колку дадовте господине полковник? Сидерос побледе како некој да му ја смукна крвта од лицето. Раката му отиде до ременот како да го жегнало токму на тоа место... Еден момент очите на Сидерос личеа на две недозреани маслинки. – Требаше да ги оставите коските во Павлос Мелас... Да му се поклоните на претседателот до земја... Затвореничкиот леб ќе има потврда кора – ако не си го врзете јазикот за умот... Сидерос го фаќа старецот за рамењата и силно го тресе. – Чиј е коњот, старче? Признај дека овој коњ не е оттука? Старецот се уплавнува – го врти оглавот в раце, бара помош од Флорин. Другите гледаат пред своите нозе, молчат. – За ова ќе те изведам на суд... – Го купив, господине – имам и документи за него. Гаврило ја брцка раката во пазувите – но таа толку му е растреперена, што чиниш стариот сака да се исчеша по градите но куса му е раката па не може да достаса. – Оттаму можеш да извадиш вошки – рече Сидерос. – Врати се и донеси го ждребецот што е регрутаран. – Коњот е негов – старецот има документ. Гаврило Калинички корне нешто од пазувата како да си го вади срцето – очите му се навлажнети и навредени. Кога ја дофати хартијата со многу марки и печати – на лицето му се појави насмевка. Црноборјани се израдуваа од тоа што Гаврило може да покаже документ заверен од грчката власт. Селаните се плашеа да не му удрило во умот на старецот, па да одврзал коњ од некој двор крај езерото. – Еве, господине – тука било тоа... – Чуваај го за свештеникот – ме не ми треба ждребецот. – Јас му го купив – рече Флорин веќе налутено. – Земи си го и прошетај се по полето... Сакате власта да ја лажете – врз вашите лаги ставате и државен печат... На врба ќе се веете – сè додека не почнат да ви ѕвенкаат коските. Во здрава земја бунар ќе ископате – само да ја скриете главата... – Црноборје даде најмногу регрути и коњи, господине – рече старецот колку да го измоли полковникот. – Маврохори! – Црноборје ми е поблиску до јазикот, господине... – Твојот јазик е најблизу до клештите! Кога би ти го истргнал со клештите – што ќе ти остане најблиско, шегалчиво старче? Гаврило го врти огламникот како пес опашката кога се гали или кога е во опасност и во тесно. – Простете, господине полковник – лошо ми излезе јазикот. Си го прекасав и молам да ми простите зашто умот ми е како решето, не додржува од она што сакате да ми дотурите... На срце не сум таков... Земете го коњов – млад е, уште може да носи товар, а и за јавање не е лош... Особено ако му се стави седло. – Врати се додека не сум помислил како да те казнам за дрскоста... Ждребецот е влезен во списокот – а тоа е како гроб... Не копајте си го гробот со вашите долги јазици. Сидерос ги остави селаните без мисла и збор и долто им ги тргаше очите по ледината. Кога се сврте кон местото на кое ги прегледуваа регрутите – Флорин Емборовски виде како момчињата минуваат крај калуѓерките и ги бакнуваат светците како да пиеја вода од секната чешма. Му беше жал за Гаврило којшто го влечеше коњот за оглавот како голема вреќа тешки коски. Црноборјани гледаа во Гаврило и молчеа. Пред да влезе во зелениот ракав од млади лескови дрвја старецот се сврте кон нив и ги поздравуваше со шапката како да растерува оси од својата глава. Калуѓерките се враќаа по ридот нагоре – светците беа завртени со ликовите спрема ледината на која останаа само грчките војници – зафатени во оро без свирки. Зевсовата глава беше најблизу до небото. ГЛАВА ТРЕТА Над Црноборје паѓаше ноќ, плашлива како птица на која ѝ е урнато гнездото. Меко павка со крилјата и кружи над оџаците од црноборјани. Низ оџаците и чадот искрат огништата на селаните – чии синови и коњи се обележани со знаците на еден свет, којшто има своја логика, свои закони и своја судбина. Црноборка патува кон езерото и стенка на оние места каде што врбаците легнале ниско и ја разрануваат на грбот. По текот на реката – нема грчки војници и ровови, зашто од езерото спрема Црноборје и Каракамен не можат да дојдат ни луѓе ни ѕверови. Чамците се извадени на песокот и брановите на езерото се креваат по нив со некој длабочински стремеж да ги поткопаат и повторно да ги вратат. Во далечината тропкаат светилки од многу населби коишто во ноќта се доближуваат како војски што одат на победа или тежок пораз. Тоа чиниш мртвите ги бараат живите за некој договор којшто ќе измени нешто под небото чие растојание од земјата го надлетуваат душите со стремежот нагоре, сè додека не се судрат со нешто потврдо и не паднат на земја. Првото паѓање на душата од небеските височини ѝ даде можност да се крепи на коренот брцнат длабоко во земјата. Ноќта го стега Црноборје со своите невидливи обрачи и на црноборјани им носи несоница. Оваа и следните ноќи црноборјани ќе изгорат толку борина во своите огништа со која може да биде осветлен патот, до престолнината и Москополе. Крај Црноборка од левата и десната страна врбаците мирисаат на женска коса по капење и даваат повод да се шепотат и малите зборови. Данило и Георгина првпат се заедно откако се прошири веста за неговото одење во Греовник и за врските со грчките учителки. Двајцата носат по едно клопче лошо намоткано предено и го шуткаат пред своите нозе. Небото лежи ниско над нивните глави како огниште во кое е испечен леб со дебела кора. Ни тој ни таа не знаат како се почнува разговор во којшто треба да се доврши нешто зачнато пред сто илјади години. Реката им помага да чекорат слободно надолу – но чекорот и зборот немаат ни ист корен ни иста смисла. Данило гледа во врбаците и реката и чувствува дека постои некој збор и под него вистината, смачкана и нејасна. Првпат се заедно и подалеку – ноќта патува заедно, со нив и кога ќе свртат за назад, и реката и темнината ќе бидат погусти, а може да се случи само еден од нив да го носи и гревот и болот. На Данило му тежи нешто во душата и на јазикот – тоа го знае и Георгина. Не е весела како порано и во одот бара простор за своето рамо од неговата страна. Десниот брег на Црноборка е рамен и човек може да чекори без да одбира место за своите нозе. Тоа им помага да не се удираат во рамената и да молчат. Сè им е познато на двајцата од детството – таму каде што љубовта можeше да најде нешто ново и убаво, сега очите имаат извор за стравот и точка за напорот. Кога ѝ се стори дека се многу оддалечени – Георгина се сврте назад, постоја без збор, а Данило не можеше да го види знакот на нејзините очи. Тој тргна без неа надолу уверен дека Георгина ќе направи уште некој чекор и прва ќе проговори. Девојката остана зад него и ноќта ги избриша нејзииите црти: само беше погуста на она место каде што ја прими во себе. Георгина влезе во ноќта како река под земја. Данило стоеше свртен и на тоа место имаше само некој вител со нејзиното младо и јадро тело. Зачекори назад и на едно место забележа како се нишаат врбаците. Нејзиното лице беше обвиено во зелената магла и Данило виде нешто кобно во тоа, оти освен главата не ѝ гледаше ништо друго. Георгина си ја имаше потпрено брадата на стебло кое растеше над реката и го откопуваше од ноќга. – Ноќе си одел преку реката, кај Гркинките... Данило почувствува дека ногата му е крената за чекор – но некоја сила го запре така, како да смачкува инсект со чевелот. Дури и цврсто нагази со ногата токму на тоа место што требаше да го напушти пред да ѝ даде можност на Георгана да му префрли. Данило ја виде и реката кај Кременик, таму каде што црноборјани најлесно ја минуваа и зимата, одејќи кон Кајлери, Сорович, или во Греовник, каде што имаа свои роднини, своја стара крв. Го виде коњот назобан и жеден – влезен во реката и поцрн од неа, а тој стокмен и весел, гледаше преку реката, во дрвјата коишто оддалеку личеа на стогови влажно сено. – Ме фати голем снег и ми беше страв да ја газам реката. Дојдов кај Кременик – коњот се крена над мене и падна во снегот, а за малку ќе се урнев во реката... Ме фати страв од реката и од коњот – се вратив назад... Бев жива вода и кога влегов во Греовник – една од учителките ме видела од прозорецот... – Те познала ноќе и наводенет! Дознав сè за учителките, не си бил ни паднат од коњот, ни наврнат... Си им влегол во куќата и ти зборувале против татко ми... На тате не му беше важно тоа што скриена плачев – тој им се лутеше што подбивно го мешале неговото име и се фалеле дека во Вртикоп го чекал затвор... – Ми помогна да се приберам од ноќта и снегот. – Те сушеле двете во креветот... Мојот брат така ги суши панталоните кога нема сонце: ги клава меѓу душекот и веленцето и легнува врз нив. Кога ми кажаа, мислев дека си паднал од коњот и го молев Ламбе да одиме во Греовник за да ја видам сестра му на тате... Го лажев за да ме придружи – но тој имаше свои работа во Црноборје, не сврте глава кога го молев... – Тие се постари и од мене и од Ефтим, Георгина... Кога ме викнаа дома не знаев каде да нагазам и што да правам... Се чувствувам како да сум го оставил умот на шип – а таквите ги носат во манастири. Првпат влегов во одаја каде што има само жени и многу срам ме фати... – Од многу срам си замижал и оти намало каде да се скриеш – нивниот кревет ти бил најблизу... Тате не знаеше за нас – а мама ја вртеше главата молкум и скарници му даваше по главата. Мајка се скара со тате и се заклучи во горните одаи – на таванот. Само таа и Ламбе знаеја дека ми пишуваш писма од Вртикоп – еднаш ги најдов во мојата одаја, насмеани како крадци што влегле да ме исплашат.. Кога чув дека со нив си спиел и дека цели ноќи светело прозорчето од кај ридот – ги собрав писмата и во пазувата ги однесов до реката, ги фрлив... И реката не сакаше да ги носи – па ме фати страв да не се залепат за врбите и утредента да ги најдат вадачите. Данило главата ја ведне ниско иако над него небото е темно. Георгина стои потпрена на стеблото кое се ведне и крцка кога таа му го остава своето тело послободно. – Зошто не ми ги врати писмата, Георгина... Не е убаво писма да се фрлаат во реката – зашто може некој да ги најде фатени на пратје, да ги чита со подбив, да се смее за нешто од кое човек и плаче... – Што велиш, Данило – не знаев дека мажите плачат кога пишуваат писма.. . Кога ги добивав – мислев дека сите знаат од кого се, бегав по реката надолу како да сум украла нешто најскапо на светот, ги отворав и читав... Дури и од птиците сум имала страв и мислев дека некој зад грбот ми ги чита и ми се подбива... Кога разбрав за тоа што си го правел во Греовник – почувствував како да не сум таа, ми дојде некоја сила и можев да го удрам и тате... Сакав некој да си го пушти појасот и да му го нагазам... На Ламбе му удрив шлаканица. Тате ја погледна мама и затвори едно око како да му влегла мува – така се преправаше, зашто и јас го видов тоа... А лежев над твоите писма, Данило... Лежев, како да ти кажам: како врз оган кој ми ја топли душата, а не ме гори... Лежев како кокошката во камарата и чувствував дека не ме лажеш... Ти го слушав гласот длабоко од под земја и ме разденуваше со твоите писма... Едно си пишувал, а друго си мислел! – Не ги сакав нив, Георгина... Некој измислил за да те навреди... Јас не тропнав на нивната порта – тие ме сожалиле зашто надвор имше многу снег и ништо не се гледаше. – Ти машко си, Данило? Дали си чул татко ти да врти од вистината? Ми кажаа дека на Зевсов Рид си се противел со полковникот – а татко ти, чичко Евросим, стоел понастрана и молчел... Си можел да правиш работи кои на татко ти ќе му донесат горчини – а не признаваш дека учителките те пикнале во креветот... Данило доаѓа поблизу и се обидува да ѝ ја фати раката. Георгина ја повлекува назад и се преместува. Црноборка удира во врјбаците и ги ниша птиципе во стравот и сонот. Надалеку се слушаат крилја во воздухот – Данило ја крева главата и гледа во небото, очекува некој знак или некоја сила, но не знае што треба да ѝ каже на Георгина, која е многу блиску и далеку истовремено. – Тоа е нешто друго, Георгина... Си го барав своето име пред да тргнам... Досега не ми беше важно дали сум Лагунис, или Лагунски – но тргнувам на пат од кој татко ми некогаш се вратил... Татко ми расправа дека војниците не се враќаат по ист пат – зашто и пред нив и зад нјив, постојано се менува и земјата и патиштата на неа... Го барав тоа што е мое и ништо не им одзема на другите. – Нив не ги сакаш – тоа е твоја работа, Данило... Но тие ќе имале деца – а децата не се врапци... Кој ќе им ги сака децата на учителките – ако не ти, Данило...? – Ние ќе имаме наши деца, Георгина... Ќе бидеме венчани, а децата ќе ги крсти отец Пелагонит... Тој му е пријател на татко – ќе им даде убави имиња и никој не ќе може да им ги менува... – И тате го имаше променето презимето, ама мислам дека си остана црноборјанин... И на селото му е менето името – ама реката си тече исто како и порано... Не е тоа страшно, Данило... Умот кога си го менува човекот не можеш да го познаеш... Чув, татко ти им го платил срамот на Гркинките... Тие не сакале да кријат со кого и како – па одврзале сè... Ние сме друго – ако нè натера црниот на таткво нешто, ќе се ребриме со појаси, низ иглени уши ќе се провреме, само да не ни се одврзе шамијата од вратот... – Не зачува ниедно писмо, Георгина? – Искинав сè – и косата си ја искубав, зашто нeмаше кој да мава по мојата глава... Ги однесе Црноборка – а можеше оние двете од Греовник, мене или не знам кого требаше да земе. Кога кажаа за тоа – сите гледаа во мене ме прашуваа кога ќе одам на гости кај тетка ми, дали сум разбрала дека учителките ги смениле и донеле уште помлади... Говореа така, како и јас да сум била таму – како да сум ви држела фенер... Данило голташе горници и ја газеше тревата под нозе. Цело време пред да се сретнат – милеше како да го одбегне разговорот за учителките. Кога беше сигурен дека Георгина оди по него кон реката – во душата имаше надеж дека таа или не слушнала, или пак не сака да им верува. Црноборјани не можеа да замислат Данило и Георгина да направат нешто значајно за нивната судбина – секој посебно и против едниот од нив. Веста ја знаеја мал број луѓе од Црноборје и Греовник – зашто мајорот Клеон Ставропулос ѝ даде наредба на полицијата да ги затворат сите оние што ќе прераскажуваат невкусни приказни за Данило Лагунски и за учителките. Така беше запрена црната птица со отровен клун што леткаше прво над главата на Евросим, а потоа над Данило. – Кој ти кажа за учителките, Георгинга? Ме навредивте и сега никој не може да сведочи од кого слушнал... Некој можел да смислува и пострашни работи, да му се одмазди на татко... Тебе кој ти кажа прв – ти од каде дозна? – Томика ми кажа и ме заколна да молчам... Не знаеше дека јас и ти... Потоа сфати дека нешто не ми е наместо – ме присили да ѝ признаам... – Што да ѝ признаеш, Георгина? – Тоа, со тебе... – Тоа со мене не те навредило. Ти пишував писма во кои те сакав... – Ме сакаше во секој збор – но срцето ти било затворено. – Томика им поверувала за да се заборави нејзиното... Георгина излезе од засолништето и тропна со нозете. – Не сакам да ја навредуваш сестра ми! Малку ти бев јас, сега на неа сакаш да се потпреш во лагите... – Не мислам ништо лошо за Томика... Ми беше жал кога ја вратија од Греовник – ти се колнам, многу ја жалев. Мама и татко зборуваа убаво за Томика и жалеа што Ефтим е помал од неа некоја годана... „Ќе му ја земевме Томика за Ефтим, да беше малку поголем“ – велеше мама, кога ја донесоа преку река... Никој од Лагуновци не ѝ се подби на Томика... Тате кажуваше нешто за сојот на момчето за кое ја маживте, потоа ѝ шепна на мама – а таа се насмеа и тресеше пазуви. – Не сакам да ја мешам Томика... Ти гледај си ја твојата сестра, оние Гркинките – не грижи се ни за неа... Дојдов да ти кажам дека сите писма ги искинав, ги фрлив во реката, ја сметов одајата – па дури и ќе ја варосаме... Пред да излезе од врбата којашто клечеше од реката како капната старица со расчумавени коси, – Георгина повлече ракатка лисја од врбата со сè кревки гранчиња и тргнувајќи, му ги фрли в лице, без да се свртува. Данило ги дофати во лет и тргна по неа. Ги држеше гранчињата од врбата и првпат почувствува дека не знае што може да направи од Георгина и воопшто како ќе се одмоткува клопчето во кое има и нејзина преѓа. Георгина имаше долг и цврст чекор за назад – Данило со својот ум бараше во јазикот, се фаќаше за некои зборови, коишто во другите ноќи и средби немаа никакво значење за таков крај. Освен она во Греовник, Данило не најде никаков збор. Ги повртка врбовите вршки во рацете и на едно место каде Црноборка се откриваше како во сон – Данило ги фрли и се наведна да види дали водата ги зеде. Одеше по Георгина без волја да ја запира – а таа токму тоа и го очекуваше. Нагоре веќе искреше како од отворена печка: на огнот длабоко во засекот од ридот некои крајезерски ковачи направиле само половина месечина – еден срп без држалка. На Данило му се виде тоа како да се сретнал со познат и свој – сега и Георгина ја гледаше убаво, иако таа беше далеку. Подзастана да влезе сама меѓу првите куќи и дури потоа си тргна со мислата на некое матно време во кое луѓето не ќе се гледаат какви што се: и Георгина не ја познаваше таква, ни својот брат Ефтим, на луѓето почнуваше да им се доближува не со срце и насмевката туку со умот и со она воздржаност, што ја носат не годините, туку интензивноста на доживувањето на некоја личност или настан со кои човекот е врзан без ничие посредство. Тоа со учителките во Греовник и со Георгина тука на реката, со најубава вода во целиот крајезерски појас, не беше работа на Евросим, ниту на господ, чиј лик првпат го презеде од таванот на Света Петка, кога немаше ни пет години – во една година кога Црноборје празнуваше пијано и лудо. Во тоа на обвинувањата од Георгина – Данило беше првпат толку спокоен во својот живот и во бистрината на својата душа виде еден лик на кого имаше заборавено, лик што го гледаше на сите крштенки, енргении, свадби и панаѓури. Лик и очи коишто го следеле со упорноста и вештината на злосторникот, кому не му е нанесен ни бол ни удар. Пред овој настан, Данило лeжеше понастрана од Георгина, којашто седеше во тревата и му плетеше нешто за главата, со оној израз како да му се шие капче на нероденото, кое нема ни име, ни очи, ни глас, но присутно е колку што може да се напне една мисла летната како птица со стремеж да ја одбегне ноќта. Тогаш Данило ѝ рече: „Ако не се земеме пред да заминам војник – може да помине многу време, мене да ми порасте брада по лицето, а тебе, Георглна, може да ти дојде друг ум... Кога ќе слушнеш да заплаче Теодорина и по ридот на коњ да шета Евросим, знај дека со мене нешто се случило... Ако ги среќаваш спокојни и заедно, да им веруваш дека однакаде дознале дека ми требаат пари и чорапи...“ Георгина му ја затвораше устата со својата бела полничка рака, го тресеше како да паднал во тежок сон, му ја враќаше косата над очите за да го направи смешно тоа што го зборуваше, и Данило првпат дојде многу близу и ја турна во тревата... Таа се истргна и со страв погледна на местото каде што остана да лежи Данило, со неизгасната намера во очите и телото. „Ќе чекам прстен и круна да ми стави отец Пелагонит – пред да ми се случи тоа .. . Признај дека и ти сакаш убаво да ми стои белиот фустан и да не се срамам од првата ноќ, кога ќе ми ја побараат кошулата...? Ако не чекаш дотогаш, ти не ме сакаш, Данило, а јас ќе направам нешто од кое ќе те заболи и тебе и мама... На Томика главата до земја ѝ ја наведнаа, а таа си е бела во снагата и во срцето, Данило! Оној крлеж за кого ја даде татко – кога не можел да ја направи невеста, ѝ се развикал во одајата, почнал да ја мава со ременот и да ѝ вика најсрамни имиња... Се врати како од гробишта и сите дома плачевме... Само татко шкрипна со забите и ја зеде пушката од таванот – а ние трчавме по него, но тој го јавна коњот, ја прегази реката и полето, го видовме како се витка на коњот и од многу ветар што имаше на ридот, татко личеше на страшило... И беше страшило кога стаса во Греовник... Не ја отвори вратата, туку им рипнал преку оградата, исплашил сè што се нашло во дворот, под дрво и камен го пребарал зетот – а тој, да ти се пикне во бочва без чеп... Така се спасил од пушката на татко... Томика се исплаши да не го убијат Ламбре и му го пречеше патот за Греовник... Сега не ѝ е ни срам ни жал за она што ѝ се случи – само станата е малку поклета отколку пред тоа ме кара и коси ми корне, кога ќе ѝ спомнам за мажење...“. Данило влезе во дрвјата што му припаѓаа на Црноборје – намерно го скуси чекорот и извади синџирче од џебот и фати да го вртка околу прстот. Можеше да го премине првиот мост од кај полето за в село – но не сакаше куќата на Лескачевци да му остане преку реката. Во дворовите и пред портите седеа мажи и жени, расприкажани пред вечер и легнување, десно на рамнината со чешма и тополи во круг, светеа прозорците на кафеаната од Поликсена, Данило гледаше сенки зад стаклото и си одеше нога пред нога како да има многу време и малку пат. Кога сврте да ја бара плочата над поројчето затрчано од Брезник кон Црноборка – забележа двајца полицајци со коњи зад себе и подиставени да помине Даиило. Му се стори дека полицајците го чекаат одамна и дека се соочува со нешто ново и непознато, зашто во куќата на Евросим, откако тој е претседател на Црноборје, нема влезено човек во униформа, без првин да се поклони пред татко му, да ги погали децата и песот. Кога забележа дека му се насмевнуваат учтиво и понизно – Данило скокна преку јазот и ги остави да бараат премин. Погоре, каде што вртеше патче за големиот двор на Лескачевци – Данило слушна шептење и тропот од чекори. Пред него излезе Томика – облечена убаво, со косата направена кукотемка, а вратот ѝ беше долг и убав, како што му се стори на Данило. Таа убава и несреќна жена застана пред него и си ги стави рацете над папокот како првпат да го гледа и како да е зачудена што барал надолу и зошто минува од оваа страна на реката. – Тргни око и рака од Георгина... Данило запре и молчеше пред Томика како да е фатен во стапица. Наеднаш му отежнаа и нозете и јазикот, му се стори дека е поткопана земјата под него, а Томика му зборува како да е качена на голем камен од кој може да му плукне над главата или да скокне врз него. Тој бара на нејзиното убаво лице некоја сенка од шега и измама, но Томика има нешто цврсто во изразот од кое човек нема ни сили ни желба да продолжи. – Ја носиш крај река како партал... Таа е ќерка на Петруш Лескачевски – а не гризикоска... Скрши врат преку река и не пикај нос во рана... На твојот Евросим и тебе, да не ви е малку тоа што го направивте преку реката...? Данило чувствува дека зад портата се крие уште некој, но не е сигурен дали е Георгина, или некој другх од Лескачевци. Полека се крена од срамот за она што го направи во Греовник, се увери дека мажите не треба да се враќаат на место каде што ги одврзувале панталоните, тргна напред без да ги тргнува своите очи од Томика и сфати дека таа не е толку налутена, колку што се исплашила за она што можело да ѝ се случи на Георгина крај реката во врбаците. – Лагуновци одбираат место пред да плукнат, Томика... Вие како да сте сој што плука на ветрот... Кога има ветар, размисли каде плукаш, зашто плуканката се враќа назад... На сестра ти ништо не ѝ се случи, крај река дојде да ми каже дека ги искинала сите писма што ѝ ги праќав од Вртикоп... Искинавме сè и отсега не сакам да слушнам ништо за мене и за Лагуновци, за да не си го поганам јазикот кога ќе се најдам со други црноборјани... Ако ти е полесно – оди си дома и поздрави го чичко Петруш... Ни од татко ни од мајка не чув да зборуваат лошо и навредливо... Црноборје не е толку големо за да се скриеш од некој кој сака да те види за добро, или да ти плукне в лице... Вие Лескачеви имате многу плуканка – туку заштедете ја, ќе ви треба за погрди места... – Татко ти бодинал на коњ преку реката и ридот, им платил за срамот на учителките... Тие не фатиле доктор да ги пометнат копилињата – а на Георгина ѝ го вртиш умот да ти стане жена... Кој си ти да имаш две жени преку реката и една одовде? Мислиш дека жените немаат друга работа, освен да ти лежат тебе?! Имаш среќа – Георгина те брани, не ти било порака да ја валкаш врз тревата... – Ако нив не им пречи да имаат деца – јас немам ништо со тоа... Сите добри девојки и жени сакаат да имаат деца... На Георгина ѝ кажав како се случи тоа – но таа ме мрази... – Што си направил, за твојата глава е... Ти реков да се простиш од неа, за да не одиме по доктори и, по судови... – Не треба да се плашите за Георгина: таа е умна и чесна, чичко Петруш за неа не ќе има потреба да ја крева пушката и да трча преку реката... Ќе ѝ направиме свадба и сите ќе бмдете весели, . . Црноборјe ги сака свадбите и не е свикнато да зема невести во темно и наглуво... Бидете потрпеливи, тука сум уште неколку дена... Потоа сè ќе ви биде убаво, Томика... Девојките ќе плетат чорапи и ќе стареат, старите ќе плачат, или ќе си умрат пред да им стаса лоша вест – децата ќе се капат во легенот на отец Пелагонит или во Црноборка... Ќе биде тивко и убаво, кога ќе заминеме ние... Само Поликсена ќе жали оти никој не ќе пие од нејзиното узо и прекрстено вино... Нашите мајки ќе шетаат со бодежи во срцето и ќе се исправаат само тогаш, кога ќе им треба да знаат уште колку сонце имаат ноќите... Ве оставам и оставете ме да си ги гледам работите и патот што ме чека... – Ветуваш дека не ќе ја викаш крај река? – Оди и прекрсти се за сестра ти – тоа е потребно ако сакаш да ја правиш светица... Кога ќе заминам, можеш и камен да фрлиш во Црноборка – но гледај да не летнеш сосе него. – Кобник си ти Данило и бегај ми од очите! – Да не ти се урокливи, Томика, а? Данило се доближи до неа и цврсто ѝ се вѕирна во очите. – Имаш очи со боја на овенат јоргован, Томика. – О, првпат некој ми кажува каква боја имаат моите очи! И ноќе си можел да гледаш бои – јас мислев дека ноќе сè е црно... Кога ја поминав реката сонцето не беше зајдено, но мене сè ми се стори црно... И тебе те видов црн крај реката, со мојата сестра за рака... Не сум виновна што сè ми се стори црно – Данило... Прости ако те навредив и помачи се да го заборавиш... – Не згреши ти, Томика, туку јас... Може не требаше да ѝ копам по раните... Ме фати виулица и ноќ – јас не влегов кај нив со лоши мисли... Бев многу наврнат – коњот не сакаше да ја гази реката, ноќе, зашто и немаше река на она место каде што ја минувавме... Ми вареа ракија и вино – потоа ме соблекоа да се исушам... Виното им ги издолжи јазиците и така се случи тоа, непредвидено, необмислено... Можеби никогаш не ќе ја видам Георгина – поздрави ја... – Ја сака еден од Сорович... Данило пак почувствува дека земјата под нозете му е мека – но се преправаше како да му е лесно и мило што Георгина ја сакал некој друг. – Ако можам ќе ѝ честитам за свадбата... – Не сум сигурна дали ќе го засака таа... Данило ѝ даде рака на Томика и замина без збор. Од процепката на портата излезе Георгина во чии очи имаше многу влага. Двете сестри гледаа во Данило кога излезе на светлината пред крчмата на Поликсена. Небото над Црноборје се чичкаше мали жарчиња од кои над земјата паѓаа танки светкави кончиња и ги порабуваа круните на дрвјата стутулени крај реката. Црноборка влегуваше во дворовите на црноборјани, а оттука и во нивниот сон. ГЛАВА ЧЕТВРТА Данило Лагунски гледаше во квадратот обоено стакло и црноборјани му се чинеа како инсекти што брмчат во предел без име пред да одлетаат на друга страна. Чувствуваше застоена горчина во душата и очекуваше да се случи нешто што од корен ќе ја измени неговата судбина, а тоа не ќе прелета бесшумно и над главата на Георгина. Ликот на Георгина го носеше во себе како украден гулаб, но со свест дека сакал да го ослободи од кафезот и врвцата на нозете. Кога ја отвори вратата просторијата наеднаш му стана посветла, а лицата и гласовите на црноборјани, повесели и некако пријателски отворени. Поликсена го местеше големиот грамофон со инка и долго во ноќта им ги копаше ушите и срцата на црноборјани – им празнеше од џебовите и амбарите, а во нејзината насмевка имаше некои пипалца коишто гучаат право по машките срца. Поликсена го гледаше право в очи и насмевната, како да го чекала токму него. Меѓу мажите врвеше Симела – а тие не ги прибираа своите раце, туку оставаа да ги тргне таа, со своите колкови, или да помине крај нив, со поклон и насмевка, да ѝ направат пат. Црноборјани не ќе забележаа дека некој стои до вратата, – но кога го видоа изразот во очите на Симела, ги свртеа и вратовите и столовите, скрцкаа штиците, ѕвекнаа чашите во рацете на мажите, се испи ракија, вино или горчина. До прозорците зад кои шараа сенките од дрвјата – Данило забележа рака крената високо како му мавта. Крај масата седеше Флорин Емборовски одделен од другите, како туѓинец, или како некоја важна личност, на која никој не се осмелил да му зафати стол. Данило му се насмевна широко и ја поздрави Поликсена, којашто веќе имаше најдено мелодија и излезе од шанкот да го пречека гостинот. Отворено му ја тресеше раката на Данило и со другата го тупкаше по рамото – но ѝ требаше да се крене на прсти за да го дофати убаво. Во тој мовмент Симела помина крај нив и го џарна Данило со своите темнозелени очи, заробени во црни веѓи, како крилја на ластовичка во лет. Данило се направи како воопшто да не е во тек дека Поликсена има нова девојка во крчмата. – Имам нови плочи, ги чувам за тебе Данило. – Ќе играме другпат, вечерва сакам да бидам тивок и умен... Ќе играме на мојата свадба во дворот или на Зевсов Рид... Ќе седнам кај Флорин – да не бидеме сами ни јас, ни тој. Поликсена пријателски го тргна Данило за јаката, тој сфати дека не може да го избегне задржувањето на овој простор – се наведна да слушне: – Здрава е како дрен и чиста е како од кутија излезена. Не прави се важен, зашто волкот пред очи ќе ти ја однесе... Сидерос е неженет и ги фрлил своите осички врз нејзините гради... Јас сум жена која видела многу гради – ама Симела не расте без дожд... Не им обрнувај внимание на краставите песови – кој не сака да ѕирка под здолништето на убава жена, ќе се кае и под земја и на белиов свет. Оди, ќе ја пратам да ѝ дадеш порачка. Данило се поздрави со црноборјани коишто внимателно и учтиво гледаа во него – некои станаа и му се насмевнаа отворено, без понижување и сомнително. Данило Лагунски беше втор Евросим само што беше повисок и од татка си, а и поубав. До масата стоеше исправен и насмевнат Флорин Емборовски, чии долги и јаки раце го дочекаа Далило како лопати. Го смести на столот и извесно време радосно и љубопитно гледаше во Данило – чиниш проверува од каде доаѓа и што носи во душата. – Денеска им ги искуба пердувите на Сидерос и на Ставропулос! Знаеш дека ме фати страв кога разбрав што си му рекол на полковникот... Ти можеш на Евросим да му ја обелиш главата – но знај дека татко ти првпат победи денес. Данило го набра челото – но одвај најде брчка за да ја изрази горчината на мислата со која дојде откај реката. На Флорин му се допадна тоа што Данило не се вообрази кога го пофали – само му се насмевна благо, гледајќи го во очите како што се гледа пријател кој сака да те поддржи во нешто опасно, но и нужно во конкретни прилики. – Побарав да не ми крадат од презимето, Флорине... Му го краделе презимето на татко и на сите што тоа не го сметале за кражба – јас не сакам да ми се скуси... Презимето е како што сум јас, ти и сите овие луѓе. Од каде и да ти секнат, ти си целиот повреден... Не е тоа како да им се сечат гривите на коњите... Не сум сигурен како ме запишал отец Пелагонит – зашто јас сум од времето во кое Црноборје го имаше заборавено своето име... Што пиеш? – Јас честам, Данило. Продадов многу вино и ракија, а и Дафина мириснала од босилекот... Данило детски се насмевна во моментот кога Симела се доближи до нивната маса. Флорин му намигна на Данило – овој се сврте полека и повторно го сретна оној израз во очите на Симела. – Кажи ѝ на девојката што ќе се напиеш? – Можам да побарам сè што ќе ми дојде на ум? Симела учтиво се насмевна и Данило ја виде уште поубава. Му се свртеа во главата ликови на девојки и жени со кои се наоѓал насамо – без напор ја исправи во мислата Георгина, средбата со Томика, се сети на учителките од Греовник, на Дана... Симела сепак беше нешто друго – ни црноборјанско, ни македонско. Првпат откако е вратен од Солун, Данило може да прави разлика во тоа што им е својствено и заедничко на жените од раса чиј јазик и душа не можат да се сфатат во простата споредба и селекција – на убави и грди жени. – Од пиле млеко – секако немате, госпоѓице? Симела се насмевна кротко и од срце. – Тоа им е потребно само на болните. – За болните од кобила или биволица... Кога ќе слушнете некој да виска или да мука – да знаете дека пиел млеко од кобила или од биволица... Кажи што ќе пиеш, Данило?! – Тропцина – рече Данило отсечно. – Двојна и во чаша без топук. – Мене пак ракија и малку салата од црни домати. Симела се сврте и во одењето им ги однесе очите до аголот. Таму им ја предадоа на другите црноборјани коишто си играа таблички, пиеја и разговараа за регрутацијата на своите синови и на коњите. Пиеја како да гаснат нешто запалено длабоко. Јазиците сè уште не им беа одврзани од умот – кога сакаа да ја открие. Кога влезе во крчмата мислеше дека сите мажи гледаат во Поликсена или Симела, а тие вртеа со своите колкови уште повешто. Данило имаше рана под мишка но не сакаше да ја открие. Кога влезе во крчмата мислеше дека сите знаат што му се случило со Георгина и се трудеше да биде весел како порано. Дури ни Флорин не забележа ништо на неговото лице, кога го пречека станат крај масата. Но – нешто се наткрена во неговата душа, Данило не сакаше од навредата што му ја нанесе Томика да прави тајна и бигор. – Флорине, вечерва ми удрија два ножа! Флорин полека се вртеше кон него и му се доближуваше. – Тебе, момче, црвени ти се очите. Што се случило со тебе? Данило се потпре на стол и раката ја направи тупаница. – Георгина не сака да се мажи за мене... – ¥ поверува на лејката, Данило? Така ти вели да се увери дали ја сакаш... Оваа вечер сон не ќе ја фати, а утре ќе те бара со борина, да знаеш... – Лескачевци станале протав мене. Флорине... И Томика ми се пофали дека ќе оделе на доктор и кај судијата... – Не си ѝ направил ништо, а тие како да те тераат на тоа. – Не сум помислил со неа на тоа, Флорине... Кај другите ми беше сеедно дали ќе ги видам пак... Но Георгина – неа ја сакав... – Пак ќе ја сакаш, Данило... Фрли малку вода врз очите и размисли... – Сè е искинато – пак ќе одам во Греовник... Имам таму една – Дана се вика... Мислам дека ја сакам – а сега знам дека не било лошо да сакаш две и да одбереш... Флорин се насмевна и го затресе по рамото. На аголот се појави Симела со насмевнати очи и доаѓаше право кај нив. Го остави пијалакот на магата и пак гледаше во Данило со топлина во црнките. Но тоа го виде само Флорин. – Остави го момчето, Симела – рече Флорин тивко. – Не го задевај вечерва... Одбери друг ден кога ќе биде весел. – Кога ќе биде тој, можеби не ќе сум јас – рече Симела и го загледа со жед во очите. – Јас сум весел и сам – ако ти е денот, да не го губиме? – Ти си женет, а јас си ја барам среќата... – Среќата е игла во стог сено... Ќе ти искапат очите, а потоа и да ја најдеш, не ќе можеш да ја видиш! Симела пак се врати кај шанкот со празни чаши и зацрвенета во образите, Флорин и Данило пиеја и разговараа тивко, луѓето полека се повлекуваа од крчмата. Порачаа уште еднаш и кога ги испија чашите – Данило наеднаш почувствува потреба да се види со татка си. Се исправи како да се криел од некого, му ја стегна раката на Флорин и излезе. Кај Флорин дојде Поликсена со рацете потпрени на своите обли колкови. Се вртеше назад и доаѓаше со некоја намера од која прво се возбуди таа – зашто беше сè уште млада и убава, а нејзиното петле не можеше да ја покрие со крилјата целата. – Во онаа соба кај што те чекав јас – ако не си заборавил? – рече Поликсена тивко и со возбуда во гласот. Само те колнам да не бидеш како оној пат со мене... Флорин поцрвене и од сеќавањето за онаа ноќ кога Поликоена му отвори врата во една од одаите и го внесе право во кревет како перница, – но повеќе од претчувството за она што ќе се случи меѓу него и Сммела. Флорин се поздрави со мажот на Поликсена и излезе во ноќта. Отвори мало вратниче загубено во оградата и на прсти помина дел од дворот на Поликсена. Се искачи по истите скалила како ноќта кога одеше во одајата на Поликсена и запре пред вратата на Симела. Однатре ништо не се слушаше. Ја отвори вратата и на креветот ја виде Симела насмевната и возбудена. Прво што му дојде на ум беше да ја открие за да се увери дали е целата тука, под веленцето и таква како што му се гледаше сите оние денови откако почна да мисли на неа. Кога го тргна веленцето Симела се извитка во креветот – Флорин падна врз неа и цврсто и ги потфати усните... – Соблечи се како мене – рече Симела придушено. Флорин расфрли сè од себе и на девојката ѝ се виде уште поголем... Сакаше да легне врз неа – но таа се истргна и му направи место до себе. Се прегрнуваа како да крадат нешто едниот од другиот, а потоа Симела неочекувано се најде врз него. Флорин почувствува веднаш над своите усни јадри дојки како надрочени гроздови што не прекапеле од зрелост. Флорин се најде во положба како да е победен или потценет и се изврте силно и набрзина ѝ дојде над неа длабоко навлезен меѓу нејзините мазни и долги нозе и во моментот кога почувствува дека е израмнет со неа, Симела се крена нагоре и силно го притисна за слабините. – Внимавај, јас не сум раѓала... Раката ѝ појде веднаш долу и задржа толку од кое можеше да викне. Флорин притискаше преку нејзината рака, а таа пушташе прст по прст виткајќи го телото спрема горе... – Не толку силно, те молам... Тоа што го имаш е многу и за двете! – рече Симела во моментот кока Флорин ја подготвуваше да се слепат во мевовите. Таа пак се истргна и дојде врз него. Полека се смалуваше надолу и кога чувствуваше напор тој да се крене нагоре, се исправаше и таа. – Не кревај се нагоре, остави јас ќе ти кажам колку може... Тоа е невозможно да те примам докрај, не обидувај се... Флорин одеше крај реката и да не студеше сакаше да се искапе пред да влезе во дворот и во одајата кај Дафина, којашто слгурно спиеше со децата крај себе. ГЛАВА ПЕТТА Возот ги фрли како свивки чад и вискаше пред тунелот. Тројцата стоеја до шините и гледаа во локомотивата којашто пред да влезе во тунелот својата бела кадреста грива ја остави нафатена за гранките на дрвјата, како влажна и нечиста волна закачена да се суши. Дури не влезе и опашот на локомотивата во црниот отвор – Филип Лагунски, со две градски променети дами од левата и десната страна, гледаше тажно во последниот вагон, ги дооформуваше во себе ликовите на грчките офицери коишто патуваа кон граничната линија на Грција со Албанија. Дури откако замре тажниот пискот на локомотивата и кога пределот повторно ја доби својата боја – Филип Лагунски забележа човек во униформа којшто им доаѓаше отспротива. Железничарот стоеше крај пругата и под мишка држеше заклан петел: неговото изветвено црвено знаменце со кое ги поздравува оние возови што не запираат на неговата станица. Така им се стори на Корделија и Нора, коишто, патувајќи во крајезерската земја, во дворовите на куќите и селата што беа наредени лево и десно од линијата, видоа многу заклани овци, луѓе коишто го одложиле колењето на некое животно, поради љубопитството и навиката да го видат возот, да му мавтаат на некој човек излезен на прозорецот. Овојпат со возот патуваа грчки офицери со многу сериозни лица и молчаливи. Железничарот стоеше пред нив со знаменцето свиткано под мишка. На Корделија и Нора им се стори дека меѓу човекот и Филип постои некое претходно растојание и тие сега настојуваа да го заобиколат. Корделија имаше светлосин копринен фустан, без шешир на главата, со црвена корделка, врзана како осумка и танко ширитче што ѝ паѓаше по долгиот бел врат. Нора беше облечена во две бои: бело бојче и темноцрвена блуза со голема кафеава пеперуга застаната над нејзината лева дојка – место на кое Нора собра многу очи на железничката станица во Вртикоп чекајќи го попладневниот воз за кон север. Офицерите ја гледаа во дојките и воздивнуваа за својата татковина по која газат и такви девојки каква што беше Нора. Таа крадумка ги собираше нивните очи и од тоа чувствуваше дека на нејзините гради им е тесно во црвената блуза. Нора имаше дваесет и две години и беше внука на Корделија, постара само шест години, но сепак таткова сестра, повисока со светло руса коса и бистри сини очи, какви што поретко се сраќаваат на југот. Поради изгледот и фигурата грчките офицери на станицата во Вртикоп ѝ се обраќаа со „матмоазел“, а таа беше госпоѓица Корделија Карадакис, Гркинка по мајка и татко, талентирана оперска певица, којашто и својата кариера и својот предвремен пораз ги доживеа во Египет. – Тој е Костадин – рече Филип Лагунски и ги крена куферите. На Корделија и на Нора им помина возбудата по мислите, зашто Црноборје, иако не се гледаше од клисурата, сигурно беше тука некаде близу. Одеа по Филип фатени подрака како да се шетаа на чистиот воздух и она зајдисонцето коешто своите бои ги фрлаше врз шумата пресечена со дол и порабена со железничката линија. Тој ден во Црноборје зајдисонцето личеше на паун којшто во очите на оние што го гледаа ги остави своите бои за чија убавина нема ни број ни име – а само влезе во кафезот од густа леска на каракаменските честаци. Корделија и Нора уште еднаш се свртеа назад, им дојде желба да му се поклонат, Костадин Лескачевски забрзан и наметнат му подзеде еден од куферите на Филип и преместувајќи го во одот се ракува со Филип, а на дамите им се поклони со израз, како да избегнува удар од тежок стап врз главата. Пред нив, потоната во молк, стоеше бела куќарка преградена во рамка од цвеќиња чија боја гореше на зајдисонцето. Пред куќарката Костадин се наведна и отвори вратниче во тарабите обоени скоро и сино: тоа им направи впечаток на Корделија и Нора, чие патување со офицерите, атмосферата на станицата и во возот, им остави впечаток како да се очекува судниот ден. И покрај војничките песни што ги слушаа на станицата во Вртикоп и од соседните купиња во возот, во изразот на очите од војниците имаше боја на земја. Возот се скри во тунелот – ја растргна војничката песна во лелек, висна како кобила на која ѝ го одземаат ждребето и се загуби во тунелот. Костадин зад куќарчето имаше маса со многу цвеќиња во плетени кошнички и жолт чаршаф којшто е скоро испран. Ги смести до масата и влезе во вратниче во задниот дел на куќарката, а оттука се врати со голем подавалник, полн слатко од грозје, маџун и ванила, какви прават црноборјанките секоја есен по гроздоберот. – Ова е Корделија – рече Филип и забележа како Костадин ја вади шапката и се врти кон втората девојка, зашто таа чекаше да му се претстави, насмевната и радосна што е излезена од возот и купето со молчаливи офицери. – Јас сум Нора.. . – Добродојдовте во мојата куќарка и во Црноборје – роче Костадин и седна спроти тројцата, како тој да е дојдениот мeѓу нив. – Мислев дека не ќе застане возот – рече Костадин, израдуван. На неговото лице се задржа радост и восхит од гостинките. – Од пред десетина дена ми јавија дека на оваа станица нема да запираат возовите – ми беше жал, зашто да ме одминуваат како гроб... Оттогаш со возовите патуваат само војници и пеат тажни песни. Им мавтам на оние од последниот вагон и дури да се сетат дека ги поздравувам – тунелот го голтнува вагонот, а пред очите ми стои само чад и понекој лик. – Подобро е што возовите не запираат на твојата станица – рече Филип Лагунски на шега. – Одвај го измолив возоводачот и спроводникот да запрат во Црноборје. – Има и добри луѓе меѓу железничарите – рече Костадин и се насмевна како да се вбројува и себе меѓу нив. – Еден што возеше од север кон центарот запре на отворената пруга, зашто во тој момент врвел добиток, а селаните смртно се исплашиле. Не им рекол ништо грдо и селаните ја бакнале линијата врз која газела неговата локомотива. – Никој не патува надолу, Костадине? – Вие сте првите луѓе од пред две недели... – Како е Петруш, дали си бил кај него скоро? – Ни скоро ни одамна... Кога ни се вкрстуваат патиштата, двајцата вртиме глава... Не можам да му го заборавам лошото што му го направи на син ми... Иста крв сме – ама неговата е засирена... Петруш има трици во крвта, човек не е сигурен што има во жилите... Пак твојот брат Евросим ми помогна – јас не сум заборавил... Мене роднини ми се Лагуновци – а мојата крв ја касна бесно куче... – Петруш ништо не можеше да измени... Ламе твој од Пелопонез се врати со црвени бубалки во капата и кога се врати во Црноборје им ставаше во џебовите на селаните... На Петруш му беа поткинати и крилјата и јазикот, не можеше да го брани. Кој ќе те остави да шеташ со нажарена гламна по вравот? Ти, Костадине, треба да ѝ бидеш благодарен на власта што те остави да работиш на железницата... Костадин се повлече како сенка што ја удрила силна светлина и зафати да ги послужува Корделија и Нора, коишто чувствуваа дека старецот носи некое црно клопче во градите, но не беа сигурни за тоа кој кого навредувал и горел во минатото. – Ламе мој не прави некое зло против власта, господине Филипе. Освен што побара во Црноборје да се отвори училиште на наш јазик, а отец Пелагонит да чита од своите стари книги... Никого не натера да ѝ фрли ќукур во очите на власта, ние, како што знаеш, го примивме јаремот и браздите што ги оравме не беа ни криви ни плитки. – Ламе твој бараше лебот да се дели на илјада души... – Ние, господине Филип, го делиме на поситно, но без името и правдата на Христос. Од земјата и од устата кинеме, ама власта и државата не ги оставаме на голи заби... Не беше тука да видиш колку војници и коњи одгледа Црноборје за државата! Тоа е наш, црноборјански корен, а ќе биде пресаден на гола рида... Некои фиданки може и да не пуштат корен, ветрот далеку ќе ги истурка, ќе ги крши... На брата ти Евросим двата му ги прегледаа: и Ефтим и Данило... Чув дека имал право едниот да го задржи. Теодорина сакала да го задржи женетиот Ефтим, само што Евросим требало да го замоли новиот полковник. – Ако ги прегледале двата, не е вистина дека можат да ги земат! Има време да видиме чија сламка е подолга и дали оџата пее в црква, Костадине... – Така и мислев и јас, кога отидов да молам, Крсте да не го земаат, зашто јас веќе сум стар, а снаа ми Павлина, не може да биде и жена во куќата и маж во полето... Никој не сакаше да те поткрепи, освен Евросим. Видов дека и неговиот збор не тежи многу – но човекот ме прими на чардак, пиевме вино и прикажувавме како црноборјани, како луѓе. Кога ми кажа дека и неговите два сина биле готови да заминат, не му се товарив на вратот... Испивме две канати вино и се разделивме како пријатели... Кај вас Лагуновци немам влезено од годината кога власта ја презеде Метаксас... Евросим на децата им направил убава куќа, само да имаат среќа за назад. – Едниот ќе остане во Црноборје, ако не ми ја паднат главата пред да влезам в село... Мојот брат го кренал носот високо – ги мириса оџаците по Црноборје, а не сака да си ја измери чергата... – Да не молиш за своите синови сега е исто како да им копаш под нозете... Копаш длабоко пред нивните нозе, а тие, синовите, паѓаат во ископаното и никогаш не ќе излезат... На мојот син му е ископана длабока дупка пред нозете – треба само да тргне... Пред десетина дена помина еден трговец од Костур – одеше во Меглен да товари кози јаловици. Тој ми ги стресе коските –Италијанците сè окопувале до границата и имале ниет да ја преминуваат пред да падне снегот... ГЛАВА ШЕСТА Евросим стоеше крај стоговите и го потсилувашс своето луле. Стеблата на брезите се лупеа како смокови и Евросим очекуваше голема зима. Гледаше во куќата на својот брат Филип и очекуваше на чардакот да се појави светски човек со паларија на главата и цвет во џебот на палтото. На неговото изненадување во дворот меѓу цвеќињата забележа висока жена, со коса врзана на темето, со гради и рамена разголени како во сон – а црноборјанките не излегуваат така надвор. Кога жената дојде на горниот крај од оградата што им ги делеше дворовите и имотите – Евросим виде млада и убава жена, на чие лице светка радост и питомина. Низ мислата ја пренесе во прегратките на брата си и си рече: „песот одбрал место каде да ја крене ногата“ и беше задоволен што ќе има втора снаа. Во душата на Евросим се плетка и тага и радост, но и некоја горчина што сакаше да ја исплука утринава. Жената ги кинеше цвеќињата и пред да ги префрли во нарамникот, ги мирисаше. Му беше жал што не ѝ го знаеше името на жената во дворот на брат му и сакаше да погоди какво име најмногу ѝ прилега. Во моментот кога жената се вртеше да најде нов цвет, Евросим размислуваше за брата си и високо ги крена своите долги раце како да го преместува покривот на куќата. На Евросим срцето му удираше веднаш под кошулата, крвта не станала вода, братот не ќе те извади од калта, зимата и гробот, но тешко е да го немаш. Му беше мило што Филип се вратил од Грција во деновите кога црноборјани на фронтот праќаа синови и коњи. Болот за Ефтим и Данило не ќе може да му го префрли на Филип, но неговото присуство го правеше подостоинствен и поцврст. Филип весело ги симнуваше скалите и во дворот ја прегрна Корделија и цвеќето. Филип ја врти Корделија крената на раце и чиниш цвеќето почнува да цути во нејзината прегратка. Глетката го омекна неговото срце и Евросим се сети на младоста и на Данило. Го исполни некое чувство на сигурност и одвај чекаше да му се натопори на Филип, којшто вртејќи ја жената низ широкиот двор, ја однесе до скалите на чардакот. Кога му се наближуваше меѓу дрвјата во ширината Евросим забележа дека лицето на Филип е подмладено и весело. И порано Филип се облекуваше поубаво од грчките учители и службеници со служба во Црноборје и крајезерскиот појас, но овојпат му се виде како да е пратен од некој двор за да ги убеди црноборјани во благородноста на жртвата. Филип доаѓаше со цврст чекор и размавтани раце. Евросим се возбуди од средбата и влезе во отворот на еден стог којшто беше покриен со папрат. Филип запре некаде во близината и молчеше со забрзан здив. Целото лето се видоа двапати и напорки, на Евросим му се трсеа нозете како да е влезен во ладна вода која постојано дотечува. – Евросиме! – викна Филип и се вртеше наоколу. Евросим излезе од другата страна и крена скаличе за поправање на стоговите – сакаше да му се претстави како да работел од зори и дека средбата не ја смета многу важна. – Си чекал на последниот воз за Црноборје?! – рече Евросим со скаличето под мишка како да се симнал од небото. Филип е широко насмевнат и со раце подадени напред. Но Евросим имаше тврд израз на лицето и ладен поглед, Му ја подаде скалата, а Филип ја прифати незнаејќи зошто неговиот брат го пречекува така, иако целото лето не се имаат видено. И неговата насмевка почна да гасне и Филип покажа знаци дека не очекувал таква средба. – Еве ти ја скалата за на небо – рече Евросим иронично. – Си ги оставаш децата и имотот, талкаш по престолнината, како да си му од шарената кокошка на кралот... Се качив високо и сфатив дека горе дуваат силии ветрови – а нашите црноборјански пердуви не се навикнати на ветар. Земи ја скалата и качи се на небото и кога ќе те удрат силни ветришта долу ќе паднеш головрат... – Ти, Евросиме пак си го ставил рогот на окото! – Си чул за Сидерос? Полковник на дворот... – Летово се запознав со него... – Црноборје ќе влезе во војна и зима, Филипе... – Знам сè што се случува – можам да ти кажам нешто за плановите на командата, ако господинот Сидерос не те известил? Евросим му ја истрга скалата од рацете и ја фрли врз стогот сено, што му беше најблизу. Филип пак беше помалиот брат и го фати страв од изразот на Евросим кој што му се доближи'. – Ги знам сите планови и намери на командата... Само тебе не те познавам... Црноборје даде синови и коњи – но сака да си ја задржи чесга.... Полковникот Сидерос ми покажа список на црноборјани коишто треба да бидат однесени... Му кажав дека може да ги земе, ако ме врзат пред нив... Тој рече дека со тебе му било полесно и помило да разговара... На двајца престапници како тебе и него секогаш ќе им биде лесно и мило да разговараат за другите... Кои се другите црноборјани? За тебе и за Сидерос – прав што ви ги полни очите. Филип се најде во стапица и долго со чевлите раскопуваше во сеното напластено и влажно од росата. Неговиот израз беше ладен и тажен – Евросим не најде ни отпор ни гнев кај својот брат. – Чув жена си донел? Филип нацрвене во бразите и ушите. – Корделија се вика... – Ја видов пред да те сретнам... Убава жена си одбрал – а мислев дека те затвориле да работиш над некој план во престолнината... Си довлечкал уште една, помлада од твојата? Во очите на Евросим имаше потсмев но Филип гледаше во своите чевли и во сеното што го имаше насобрано пред сабе. – Таа сака да биде учителка... – Кого ќе учи есенва? Ако ги скорнете оние во Мраморино, може да биде и учителка... – Нема ни препорака ни наредба училиштата да не учат... – Никој не знае што ќе се случи до есента. – Не сакаш да се ракуваме – тоа го прифаќам. Но не дојдов да ме судиш, Евросиме. Меѓу мојот и твојот двор се крева ограда... Кога ќе се вселиме оградата нека си стои на местото, но ако се расплачат моите или твоите деца, тогаш не треба да ја барам вратата, ќе прерипам... Мислев дека нешто важно се случило па ме викаш да ми кажеш... – Што вера е мојата втора снаа? – Гркинка е. Дома и насамо зборуваме и понекој наш збор. – ¥ се поклони на гробот од Донка, Филипе? Кога врвеше крај Мраморино никој не те тргна за палтото одзади? – Не можев да влезам жив кај неа, Евросиме... – Децата како те пречекаа... Мислиш ќе ја за сакаат? – Ако ме сакаат мене, верувај ќе ја засакаат и Корделија, Таа е зрела и умна девојка – ме замоли да ѝ оставам време да размисли... Кога ѝ реков дека се враќам во Црноборје, Корделија се поздрави со роднините и ме замоли да ја земам со мене... ¥ реков дека не треба да брза ако има нешто што ја спречува... Се расплака кога ѝ реков да остане сè додека трае матно време... Сакаше да биде со мене – јас немав сили да ја спречам... – Не ти падна врз рамо кога го виде Црноборје? – Мислам дека беше радосна кога се искачивме на ридот... Корделија има видено многу градови и сака да живее во тивко место... Не донесов мачка во вреќа – но човекот се менува, Евросиме... Ти многу си изменет ова лето – името и ликот ти ги знам, но душата како да ти е туѓа. – Ја разлачивме крвта – Филипе... Мојата е Влаинка, а твојата, велиш, Гркинка? Да не е некоја прекрстена како нас, како мене и тебе, Филипе... Си ѝ загледал подлабоко во душата или ѝ веруваш на она што ти го вели? – Гркинка е – од најстара лоза. – Ако, јас почнав прв и завлеков настрана... Моите три и твоите две деца нека си останат на коренот... – Чув не си поднел молба за Ефтим? Евросим не одговори веднаш и размислуваше за тоа како ги прегледуваа момчињата и коњите на Зевсов Рид – што му се случи на Данило пред комисијата и со Георгина, на срамот во Греовник, за клетвите и скарите на Теодорина, за молкот на црноборјани и нивната скриена омраза спрема коренот на Лагуновци. Ги виде сите црноборјани во полето и дворовите, на Зевсов Рид, додека се молеа нивните синови да најдат пат за назад, камен за своите глави, прошка за гревовите. – Не знам да пишувам со солзи... Писмо напишано со солзи не се чита ни по еден ден – а ние сакаме да векуваме, Филипе... Те викнав да не го потпишуваш списокот на Сидерос, не сакам црноборјани од гроб да ме вадат и коските да ми ги фрлат на кучињата... Тој се потпира врз тебе – но ти, тргни му го рамото, нека го зарие носот во нашата земја, зашто многу високо го има кренато... За денес се викани многу црноборјани – а попладне ќе се сретне комитетот за одбрана... Клеон Ставропулос одвај го намолил Сидероса да ја скине поканата за Данило. – Што сторил Данило, Евросиме? – Не сака да биде Лагунис – туку Лагунски... Така му пишувало во тевтерите на отец Пелагонит и Данило бараше со целото презиме да замине... Крлежот се налутил и сакал да го даде на воен суд... Не е време за молби и поткупувања – секоја глава е земена на нишан, Сидерос не е дојден да не исповедува. И Клеон Ставропулос е заплашен од него. Тој е дојден да локне крв од Црноборје – не знам како ќе се додржиме. Ако дојде до војна со Италијанците – Сидерос сака да ја плати со крвта на црноборјанските регрути и на оние што веќе служеле... Кои сме ние – јас, ти и Сидерос, на Црноборје крвта да му ја цедиме низ сламка? Филип првпат со својот брат разговара за Црноборје и за луѓето на кои им обрнува внимание откако во селото и престолнината ги завикаа – Лагунис. Евросим чувствуваше дека скинатото од порано почнува да заздравува и не можеше да го скрие тоа. – Добре дојде во Црноборје и во мојот двор, Филипе. Филип ја прифати раката на Евросим како слеп пратот. ГЛАВА СЕДМА Павлос Сидерос БО Црноборје пристигна ноќе и утредента, уште во зорнини се искачи на Зевсов Рид и со дуљбијата долго гледаше над покривите на селото, по полето и реката, во ридовите што се пепелавеа на жештината, во планините коишто личеа на огромни стогови сено буштрени од ветровите. Мајорот Клеон Ставропулос командант на крајезерската зона и на грчките единици што ја обезбедуваа, го покани уште на станицата, да дојде кај него на гости. Сидерос немаше свое, семејство, и мислата дека треба да се среќава со жени и деца му беше неприфатлива. Се смести во двокатната куќа којашто црноборјани ја гледаа секогаш оддалеку и со стражари пред железната порта. Таа тука немаше покриви од црвени и ребрести ќерамиди, ниту оџаци, какви што имаа куќите во кои живееја црноборјани. Ја градеа Французите во Првата светска војна и оттогаш само војската може да знае какви одаи и печки има внатре. Црноборјани гледаа во нејзините прозорци скриени длабоко зад железни решекти – како очи на уроклив човек: тие одбегнуваа да врват крај куќата без ќерамиди и оџаци, без петли и кучиња. На предниот дел, каде што Французите ја имаа втиснато годината кога е градена и уште некој нивен знак, Грците ја нацртаа кралската круна и знамето. Зад зданието француските војници имаа направено бункери од страв да не остават коски во земјата чие име им звучеше поцрно од гробот и смртта. Во времињата кога војските се повлекуваа од Црноборје, куќата без оџаци и ќерадими ја употребуваа за цивилни служби и тогаш во рововите и бункерите играа црноборјанските деца. Павлос Сидерос својата канцеларија ја отвори на горниот кат каде што постоеше капак за излегување на терасата. Од француските војници остана идејата и навиката горе да се одгледуваат цвеќиња. На Сидерос тоа му направи впечаток и бараше од војниците да ги одгледуваат цвеќињата и во неговите наредби тие влеваа заедно со другите обврски на војниците. Кога пристигна во Црноборје, полковникот Сидерос не беше задоволен од шетањето на грчките војници низ Црноборје, одењето по слави и свадби, влегувањето во крчмата на Поликсена, каде што се собираа црноборјани во деновите и времето кога тие не влегуваа во нивјето и честаците над селото. И војницмте и селаните сфатија дека Павлос Сидерос е кралски човек и дека тој со престолнината одржува врски на посебна линија. Тоа го сфати и мајорот Клеон Ставропулос, којшто имаше обичај да ги прашува црноборјани за полето, за учењето на нивните деца – а кај некои од нив, особено во двете куќи на Лагуновци, одеше заедно со својата жена Андроника. Сидерос ископа подземен ров меѓу војниците и црноборјани, внесе недоверба и страв на секое место каде што се појавуваше. Кај што стоеше Сидерос црноборјани сакаа да плукнат, или да стават камен што треба да се заобиколува и ноќе. Откако го зафати горниот кат на француската палата, Павлос Сидерос го измени целиот ред на војничкиот живот и на нивните врски. Нареди во зданието никој да не влегува со оружје и војничка опрема – неизбричените и неуредните, ги казнуваше со сечење дрва или косење на тревата во големиот простор на палатата ограден со бетонски столбови и бодлив тељ оставен под дуљбиите на двајца стражари на дрвени куќарки кренати на столбови. Офицерите со помали чинови и војниците коишто си го служеа рокот, по доаѓањето на Сидерос се почувствуваа многу поблиски и често јадеа и спиеја заедно. Сидерос даде наредба во војничката шума над палатата да се кренат шатори и да се ископаат нови ровови. Војниците и подофицерите прво почувствуваа страв од Сидерос, а потоа некоја омраза, којашто растеше по секое среќавање со полковникот. На Сидерос тоа му беше јасно и не преземаше ништо да биде помил и поблизок. Тоа беше војник правен од генерал чие срце останало во рововите. Павлос Сидерос имаше и смисла за убавина во војничкиот живот, зашто сметаше дека војникот не е цивилно тело облечено во униформа, туку нешто подлабоко, нешто изменето во крвта и волјата, во свеста и однесувањето на војниците на секое место каде ја носеа униформата и круната. Образован и дисциплиниран, со бистар ум и студено лице, Сидерос беше претставник на она што е вечно во армијата, безобѕирноста кон страдањето коешто доведува до совршенство и до победа над сè. Павлос Сидерос во својата омилена сала ја имаше собрано власта на Црноборје. На масите во форма на ѓонија војниците имаа ставено цвеќиња во обоени глиненки – на ѕидот зад неговиот плетен стол со висока потпирка од резбарени венци, портретот на кралот и грчкото знаме и гипсен војник со труба во устата. Сидерос гостите и обвинетите ги пречекуваше со ист израз на лицето – а тоа создаваше впечаток дека не е навреден од настанот на Зевсов Рид. Први пристигнаа браќата Евросим и Филип Лагунски во пречистена облека и не многу весели од средбата. По нив дојдоа отец Пелагонит и Клеон Ставропулос, а осамен и збунет, влезе Петруш Лескачевски, облечен како европеец. Влегоа и неколку подофицери и војници на кои Сидерос им покажа каде треба да седат додека тој разговара со повиканите. Сидерос се ракува со нив учтиво и строго, со некоја мисла која леташе над нивнлте глави и ги правеше мали и смешни. По извесно време во широкиот ходник двајца војници ги доведоа црноборјаните што си ги издолжија јазиците на Зевсов Рид, во крчмата на Поликсена, или пред своите порти и власта. Црноборјани своите каскети и баретки ги туткаа во рацете како лепливи муви, се шутареа пред вратата и секој сакаше да влезе зад грбот на оној пред него, да ги одбегне боцкавите очиња на Сидерос, или веѓите на Евросим Лагунски. На вратата се појавија нивните темиња и Евросим беше среќен што Сидерос не го повикал и неговиот син Данило, којшто на Зевсов Рид го предизвика гневот на Сидерос, иако тој во душата ја оправдуваше постапката на Данило. Црноборјани влегуваа со главите наведнати и запираа до ѕидот веднаш зад вратата. Сидерос им покажа каде да седнат и тие забрзаа на големиот стол направен од дрвен блок. Дури кога седнаа, ги видоа сите претставници на власта во Црноборје и ликот на кралот до знамето. Војникот со трубата имаше надуени образи како да се преселуваше во цевката на инструментот: тоа остави трага врз нивните лица и ги натера своите очи да ги урнат долу во подот. Црноборјани каменеја на дрвеното седиште и крадешкум го фаќаа погледот на Сидерос, којшто се врткаше пред масата со чаршаф и фенер на крајот. На двата ѕида и на таванот – стоеја приковани четвртести фенери со обоено стакло и железни капачиња од кое се ставаше фитил и кибрит. Некои од нив првпат влегуваа во француската палата и се чудеа како беше можно врз нивната земја да се крене такво здание, со многу одаи и фенери и со прозорци што се оддалечуваат од ѕидовите како балкони, или како седела на орли. Во нивните души брзо се менуваше чувството на страв и љубопитство – а мислите им беа заминати на оние места каде што ги пуштиле јазиците да ја валкаат власта и командата. На столот до масата седна Сидерос и на црноборјани им се виде уште помал: не веруваа дека нозете му допираат на земја, а кога почна да зборува, помислија дека заедно со масата тргнува кон нив и дека ќе ги прегази. Сидерос отвори книга и ги прочита имињата на сите што беа викнати кај него. На секој одѕив Сидерос му ги праќаше своите очи и свртуваше со нив како со сврдлиња длабоко во душата. Да беа душите на црноборјани од боровина – на подот сигурно ќе се изронеја струготони. Од повиканите прв до масата на Сидерос дојде Флорин Емборовски – со чекор како на рамото да носи големи камења. Сидерос пак го откри она чувство на презир спрема сè што стоеше над неговиот раст – а Флорин Емборовски на Зевсов Рид се обиде и да го потценува. Застана близу до масата и неговата сенка падна врз главата на Сидерос и се скрши на подот. Евросим Лагунски ја наведна главата и гледаше во подот фатен меѓу неговите чевли и се почувствува виновен за оние две години што Флорин Емборовски ги излежа во затворот „Павлос Мелас“, но и горд што не му ја скршиле ставата и душата на првиот црноборјанин од лозата на Емборовци. Кога се сети дека не сакаше да потпишува налог за апсењето на Флорин – Евросим ја исправи главата и гледаше право во него. Рацете на Флорин висеа надолу подвиткани кај лактовите од цврста мишка искалена зад плугот и секирата, неговиот врат не држеше ни јарем ни жегла. Евросим беше сигурен дека ни Флорин не го проколнува него, зашто инаку не можеше да разбере, од каде маја и ортома за пријателство меѓу Флорин и неговиот Данило. Кога дојде до масата на Сидерос, Флорин се сврте кон отец Пелагонит и му се поклони како да ја подава својата глава на оков. Сидерос имаше око за таквите гестови и веднаш го опфати лицето на Пелагонит, којшто се направи како да не ја забележал почеста, – Вие сте Флорис Емборис? – ¥ така изговорено – името е мое – рече Флорин. – Сте му купиле коњ на старецот за да ја излажете комисијата? Тоа е свесно пречење во работата на воената комисија за регрутација? – Додека бев отсутен старецот Гаврило му помагал на мојот татко да не ја запусти земјата... Сакав да му се оддолжам – но тој не примаше ни пари ни жито... Ме замоли да му купам коњ... Мислам дека не е престап против војската и државата – што му купив коњ на старецот. – Не ставај ја државата и војската во твојата глава... Мене ме интеросира престапот, а не долгот... Старецот на регрутација извади коњ за циркус или за влечење тенекии... – Ждребецот на старецот нема исполнето три години – не е за воена служба. – Не си повикан да сведочиш туку да се браниш... Малку ти биле две години на „Павлос Мелас*? Ниту те скусиле, ниту те ослабеле... Да не си миел чинии во кујната, таму? Флорин малку поцрвене но не од срам, туку од лутина. ---------------- * Специјален затвор кај Солун. – Јас ја мијам само мојата каравана, господине. – Уште имаш црвени муви во главата? Требало да ти ја држат во вода – да се издават мувите и да остават место за малку мозок... Време е во главата да си го вратите умот и ти и сите што газат по калта... До колена газите во кал и не ќе ги заслужите ни затворите – толку извалкани... – Мене ми беше многу две години во „Павлос Мелас“, господине полковник... Не знаев и никој не ми кажа зошто сум обвинет и испратен... – Поради мувите во главата! – рече Сидерос. – Во сечија глава влегуваат муви, господине. – Во твојата ќе наживеат и црвја, ако продолжиш така... – Му кутпив коњ со свои пари. – Си копал гроб – дали со твој или туѓ копач, гробот ќе зјае... Човек копа гроб и кога ќе падне во него – проколнува други... За тебе ми е јасно што треба да направам... Сидерос внесе во книгата забелешки и ја затвори. На Флорин му се стори дека удри со тупаницата, како со печат. Полковникот се сврти кон власта на Црноборје и побара да се утврди дали Флорис Емборис е виновен за постапката со коњот, или тоа треба да ѝ се остави на командата да донесе решение? Евросим Лагунски чекаше момент да исправи нешто од минатото – иако лично како претседател на Црноборје, немаше пратено човек на суд или в затвор. Над неговата глава и волја стоеја распоредени безброј луѓе коишто можеа не само да го сменат, туку да му ја земат и куќата и главата. Евросим го почувствува моментот на паѓањето во очите на грчката власт и се вртеше надолу спрема својот и татковиот корен, си го раскажуваше животот како нешто што му се случило на некој друг. Дојде моментот кога крвта се крева повисоко од умот – Евросим го чувствуваше тоа од порано, но немаше време да се фати насамо со себе, да си ја побара крвта и свеста, да ги стави на дланка како нешто туѓо и мртво. Кога се исправи Евросим, отец Пелагонит ниско ја наведна главата, од срам или страв, да не види нешто страшно и свое, скриено во расото, зад крстот и шапката. – Флорин Емборовски беше осуден на две години и ги издржа... На човек кого го ослободила власта, не треба да му се раскопутва по душата како да е крастав пес... Му купил коњ на Гаврило – а старецот го донел пред комисијата зашто мислел дека коњот не е како нашите синови што ги праќаме војници... Евросим седна и го наполни своето големо луле со железно капаче – го палеше полека, а Сидерос во неговиот гест виде поголемо потценување на власта, отколку во она што го кажа за Флорин. Сидерос своите очи ги држеше врз лулето на Евросим и кога заискри под капачето ги префрли на Флорин. – Зошто лежеше во „Павлос Мелас“? – праша отсечно. – Имаше многу празни места – господине полковник, па можеби и заради тоа... – Сега нема празно место ни таму... Такви или на небото или под земјата треба да бараат место – Не сум за на небо, господине... На моите чевли има многу црноборјанска земја – небото ќе го извалкаме. За под земја – тоа го знам и си го крепам редот... Како што не умираат сите луѓе од болест и старост – така е и со некои што лежеле затвор... Тој што е виновен полесно поднесува... – Си купил коњ за да му ги ставиш своите муви под опашка – рече Сидерос веќе налутен и блед во лицето. Флорин се сврте кон Евросим и власта: – Гаврило ждребето го купи со парите што му ги дадов за синот... Работеше на џадето и загина од динамит кога ја сечеа карпата меѓу езерото и ридот... Сидерос молчеше загледан врз масата. – Нека дојде старецот, а ти не одврзувај го јазикот како појас... Ќе ти нагази некој и може вратот да ти го згмечи... Ќе најдеме кантар и ортома – не е време да се исповедуваме... Старецот Гаврило дојде со капата в раце и на Сидерос му се стори дека во неа има нешто нечисто од кое се труе носот и душата. Неговите очи баа обелени како јајце без жолчка. Се поклони пред Сидерос и уште еднаш кај што седеа отец Пелагонит и другите црноборјани. – Флорин Емборовски ви ја кажа вистината за син ми и за ждребето... Кога ќе се земе општо, моето ждребе не е нешто особено, господине... Дури и главата ја носи малку настрана, а тоа не е удобно за јавачот кога оди на долг пат, му го искривува грбот... Кога умре син ми останав сам и со парите што ми ги даде државата, намислив да купам ждребенце... Вискаше како да свириш во стебло сд ’рж – беше малечко, кревко, неизлижано од мајка му... Дадов еден зобник пари – зашто ги чував долго и паднаа долу... Мислев и кујќа да направам од нив – но не ми стасаа ни за коњ, па го купив ждребенцето... Го засакав заради она цветче на челото – ми свети по дворот, а очите не гледаат како порано... Сидерос се креваше нагоре како да имаше ветар во облеката. Старецот стоеше подведнат и често заодуваше напред како да сака нешто да искубе од неговото лице – тоа го налути и не дослуша докрај – а приказната на Гаврило немаше крај. – Тоа за синот ми е жал – рече Сидерос воздржано. – Но не прифаќам подигравка со командата и власта... – Не судете за мене по облеката, ниту по јазикот, господине... Ждребето го пораснав и уште му немам кладено самар и товар... Брашно и дрва за една душа и за зимата носам на грб, а ждребето го врзувам за појас, а горе во честаците за дрвја, да пасе... Земете ме мене во војска – нешто ќе работам, ама ждребето оставете ми го... Кревко му е грпчето за ѓулиња... Гаврило се сврте настрана и ги скри очите со капата. – Ждребецот ќе го предадеш на командата кога ќе добиеш покана... Петруш Лескачевски се крена кога завладеа молк. – Флорин Емборовски не е виновен што купил коњ... – Не сакам никој да ме брани – викна од своето место. – На Гаврило му купив коњ – а не оружје... Ако коњот не е научен да оди равана – тоа е друга работа... Во војската има и куски војничиња и дебели ќутуци со рамни табани... Ќе носат сандаци и ѓулиња – не ги пуштаме на свадба, по навеста... – Флорис Бмборис и старецот да останат... Петруш Лескачевски почувствува плунка на своето лице и седна како да му тежеа панталоните... Пред Сидерос доаѓаа десетина црноборјани и се бранеа од него со капите и рацете – се поклонуваа пред отец Пелагонит и кажуваа каде ги боли. Си ги отвораа раните а Сидерос им ставаше сол или им брцкаше со железо. Пред да заврши иследувањето – Сидерос направи две групи од црноборјани: некои од нив ги задржаа војниците, другите беа пуштени дома со закана над главите како удар што не е довршен. Филип Лагунски се согласи со мислењето на Павлос Сидсрос – а тоа го предизвика Евросим и отец Пелагонит, коишто се оддалечија од него токму во моментот кога тој кажуваше дека повеќето од половината црноборјани се виновни според законот. – Кој го крши законот паѓа во длабока дупка – рече Филип и покажа кон Флорин и Гаврило. – Командата не е питроп или полјак да моли пред портата дали ќе ги пуштиме синовите на фронт – или житото што е предвидено за државниот амбар... Окови да им се стават на нозете и долу во подрумот... Војниците ги издвоија селаните во две групи и ги симнаа долу во подрумот на палатата – во која Французите ги држеа плениците и дезертерите. Сидерос се поздрави со власта и се качи на терасата – зашто пред тоа дојде подофицерот и му шепна нешто настрана. Во дворот излегоа оние што можеа да се вратат кај своите жени и деца. Отец Пелагонит и Евросим се тргнаа настрана, Филип и Птруш се одбегнуваа да не им се сретнат очите и патиштата. Кога излегоа од дворот отец Пелагонит на увото од Евросим му шепна како да го виде небото отворено и господ пропаднат со главата надолу кон земјата. – Ми тежи крстот, Евросиме... Главата кон земја ми ја наведнува: ќе се разболам или ќе умрам пред да дојде зимата. – Сега си им потребен на црноборјани, оче.. Тие ќе се раѓаат и ќе умираат и без нас, но треба да ја преживеат и зимата и војната... – На небото или длабоко под земјата, Евросиме... Пелагонит и Евросим го преминаа мостот молкум. Преку водите на Црноборка се разделија без поздрав и тргааа секој каде што припаѓаше Евросим кај Теодорина, а Пелагонит, во Света Петка, горе, на вишинката. ГЛАВА ОСМА Кога земјата ја копаат војници таа станува сурова и брзо венее. Така мислеа Корделија и Нора едно утро, облечени свечено, како да одеа во посета на некој роднина кој правеше свадба. Зад портите на своите дворови, во своите мисли и таги, црноборјани се повлекујваа како во ровови. И гледаа две Гркинки облечени во нови убави фустани, со капчиња на главите и ракавици. Одеа крај Црноборка и гледаа во портите зад кои стојат мажи или жени и ѕиркаат низ грежјето во штиците. Црноборјани Корделија и Нора ги гледаа како знаци на накоја несреќа висната над нивните покриви и глави. На едно место десетина војници копаа и молчеа. Корделија гледаше во нивните тела што се наведнуваа над земјата и се исправаа. ¥ беше чудно зашто не ги свртуваат своите глави кон нив. Во Пиреја и Пелопонез војниците и офицерите им го пресекуваа патот на девојките и на жените – им спомнуваа пари и љубов, се извинуваа кога тие не прифаќаа ни едно ни друго и пак го наоѓаа својот војнички чекор. Некои темни и муртивеѓи војници донесени во Црноборје да ја копаат земјата. Корделија беше радосна што ја викаат во командата да ѝ ги уредат документите за останување во Црноборје. Таа мисла го скусуваше патот до палатата на Павлос Сидерос, ѝ даваше сили да се сретне со неговите сврдлести оченца, коишто се доближени и мелат ситно, како допрени воденички камења. На Нора Црноборје ѝ се чинеше како да е кренато од картони и секој момент може да го урне некој ветар од езерото или од планината. На двете им се допадна Црноборје и луѓето со кои се сретнаа откако се дој дени – а Филип ги прошета насекаде, па дури ги возеше и на кајче низ езерото. Пред некој ден седеа на чардакот кај Андроника, жената на Клеон Ставропулос, командант на специјалната црноборјанска зона. Пиеја кафе и јадеа маџун и разговараа за Црноборје и за луѓето. Мажот на Андроника и Сидерос тој ден взори заминаа со џип крај езерото – Клеон ѝ рече на жена си дека ќе се врати доцна, вечерта, или дури пред полноќ. Трите беа облечени во ново и седеа на плетени столови и гледаа од чардакот: преку река се креваше камбанаријата на Света Петка, а Корделија го молеше Филип, ако не е времето да прават свадба – таа сака да се венчаат во црквата... – Првпат присуствував кога го фрлаа крстот во реката – рече Андроника и се загледа во камбаната на Света Петка. – Се случи реката да фати мраз и црноборјани го кршеа со копачки. Отец Пелагонит пееше над отворот од реката и во еден момент го фрли крстот – пред тоа го бакна... Ме начуди, неколку момчиња и мажи во водата паднаа пред крстот, но долго го бараа долу, нуркаа и пак се појавуваа со земја и корења во рацете... Така направија неколкупата и на сите што стоеја крај брегот им беше уште постудено и почнаа да скокаат... Го извадија и додека излегуваа од водата, облеките им фатија мраз и момчињата и мажите имаа модри усни и црвени очи. Пелагонит беше среќен и црноборјани се крстеа забрзано... Празнуваа во домовите и крчмите, зашто било лош знак да не се најде крстот во реката... – Какви обичаи не се влезени во крвта... рече Корделија. – Јас го сакам Филип и мислам дека Црноборје е град. Не видов селани какви што ги прикажуваат нашите службеници и учители... Во Грција видов голема сиромаштија – голомеви и гладни деца... Шетав малку и по светот – но толку здравје не видов на лицата од народот. – Здрав и личен народ се црноборјани – рече Андроника самоуверено. – Дворовите и полето им се уредени – никогаш не си сигурна дали си в град или на некој богат имот, на човек којшто шетал по светот и сит се вратил на тивко... Има многу убави момчиња – а и девојките одат по модата, не се набожни, ниту се срамежливи... – Ако останеме подолго, треба да си одберам не кое од нив... Учителите не дојдоа – не ќе се вратам назад да ги барам. Нора се насмевна и на Корделија ѝ се допадна нејзината слобода да го кажува отворено тоа што го чувствува... Андроника итро ѝ намигна на Корделија и направи заговор. – Во сојот на Филип го имаш најубавиот – рече Андроника. – Роднини сте само преку Филип – по женска страна... Тој е толку убав и кога го среќавам мислам дека не сум дојдена далеку од градот... Еднаш кога бевме на гости кај Евросим Лагунски – Данило седеше до мене и беше многу внимателен, а и со Клеон се однесуваше како да му е познат од порано... Клеон во Црноборје е дојден пред мене и ми дотежна да чекам празници да си дојде дома за еден ден, а често не му остануваше ни толку... Тој ден Клеон доби решение дека е унапреден во чин мајор и Евросим Лагунски којшто се израдува на неговиот успех – нè повика на мала свеченост, на гозба... Тој Данило пиеше многу вино и еднаш кога сакав да го замолам за нешто – ми се загледа во очите и видов дека не е дете... Корделија се насмевна како нејзе да ѝ се случило тоа. – Не почувствува нешто во душата, Андроника? – Возможно е да сум поцрвенела, зашто подоцна Клеон често се враќаше на тој гест... Додека бевме таму не сфатив дека Клеон ги забележува тие ситници на учтивост и наклоност... Подоцна правеше несмасни гримаси – обновувајќи ја атмосферата... Ме обвинуваше дека многу близу сум ја држела главата кога тој ми кажувал нешто за Црноборје, или за негавото учење... На Клеон не му кажав дека Данило под маса раката ми ја држеше на коленото – веројатно тогаш сум поцрвенела и Клеон го видел изразот на Данило, но не и неговата рака... Не му обрнав внимание – мислев дека е млад и неискусен... Корделија и Нора се смееја возбудено и покажуваа големо љубопитство за доживувањата на Андроника од кога е дојдена во Црноборје. Андроника имаше темносини очи обвиени во некоја танка магла и кога беше возбудена ѝ светкаа... – Велиш раката ти ја држел на коленото и сè тајка? – рече Корделија весело и отворено, како да им е последен ден да си искажат сè што им се случило во животот од мажите. – На коленото – а мене мрави ми одат нагоре! Нора гледаше во Корделија и Андроника со некоја мисла зад погледот и изразот на лицето – пребаруваше во себе и бараше смисла на тоа што го слуша од жените кои не се многу постари од неа – но сепак имаа искуство со мажите... – Како се чуаствува една жена кога на ногата или на градите ѝ запира рака од маж којшто не е нејзин – а и во присуство на сопругот? – Се чувствува како жена – ако тој што ја става раката не е стар или грд, ако не ѝ е здодевен и неинтеросен – рече Андроника и пак се насмевна, а овој пат и на тоа што го слушна од Нора. Потоа Андроника изнесе црноборјанско вино лежано со години: им ги наполни чашките и си наздравија за среќа и младост. Разговараа и пиеја од виното – образите им црвенееја. – Раката ти ја држел на коленото и не трепкал? – рече Корделија насмевната за нешто кое ѝ се случувало и нејзе. – Зошто да трепка ако е машко? – Па од мажот ти, а и од тоа што си постара од него – забележа Нора, на која ѝ беше убаво тоа што го кажуваше Андроника, но го сметаше за недопуштено само затоа што не ѝ се случило нејзе. – Толку стара ме мислиш, Нора? – Не, Андроника, ти си убава жена... Но мислам дека би се исплашила пред мажот некој да ме гледа в очи или да ме држи за коленото... – Машката рака е неверна – рече Андроника. – Не стои на едно место... Кога забележа дека не му ја отфрлам, тој сам ја премести погоре и помислив дека ќе ме бакне пред сите... Сакав да избегнам крајност – но ми беше и убаво кога ја шеташе раката по моите нозе нагоре... Бевме сите восели – Евросим и Клеон се заплеткаа во разговори и малку мислеа на нас... Наталија и Ефтим се клункаа како гулапчиња во кафез – Теодорина седеше со некои нејзини роднини по Евросим и не вртеше глава... И да забележеше нешто ќе се преправеше дека ништо не видела... Олимбија спиеше во одајата кај Морфа – и кога сакав да ја видам, Данило запали фенер и ми светеше по чардакот... Кога дојдовме во вториот дел од куќата фенерот изгасна – од ветрот или пак Данило дувнал во него... Андроника запре и пак ги наполни чашите. – А потоа, што правевте кога изгасна фенерот? – Нора беше љубопитна, но и со некое чувство на завидување и омраза. – Го замолив да го запали фенерот – а нему му гореше крвта... Млад и силен – каква лудосг е тоа, имав заборавено... Кога ме прегрна мислев дека сум вреќа коски, скрцкав целата и нозете почнаа да ми се тресат... – А тие. Евросим и Клеон прикажуваат и никој не сфатил што ти се случувало тебе? – ѝ помага Корделија, којашто за целото време гледа пријателски во лицето на Андроника и ѝ се восхитува на слободата на срцето и јазикот и прави напор да ја замисли таа ноќ и неа со убав фустан и гол врат, Данило каде што ја превиткува како топола на вода, а таа ги превртува очите во клепките и му ги дава усните, тој ги трга како ливчиња со многу ситни отворчиња од кои се прелева благнина и возбуда како да се отворени безброј чепови од бочва со старо вино кое пијани и лекува, вино што го крева срцето во очите а крвта во главата. – Тие и не постоеја – така ми ое стори тогаш... Во темнината ми ги заврте фустанот и здолништето... Андроника се смее на глас, од очите ѝ фркаат искри и солзи – се тресе нејзиното стројно тело градите ѝ се креваат поблизу до брадата – се држи за половината засмеана и расплакана од тоа... – Не смејте се со мојата лудост... Откако се мажев не верував дека може да ми се случи такво нешто и да не најдам сили да се одбранам... Данило ме гледаше како копа сено и сакаше да ме искубе со роговите... Господе златен и вишен, сте виделе јунец како разнесува на роговите цела копа сено?... А и јас сум виновна – зашто му ги острев роговите... – Вие што имате мажи и ангелите во пеколот ќе ги турнете... Прво им ги кревате крилјата, а потоа им се бесите на вратовите како камења, од тежината им се кршат крилјата и тие паѓаат надолу и влегуваат во пеколот... – Ти, Нора, како да си израсната во манастир, душо – благо ја прекори Корделија. – Жената се мажи да ја покрие главата – а и да не се знае со кого друг легнала, освен со својот маж... Мажот на жената ѝ е вистински и нејзин само кога таа преку неговото рамо не исчекува некој друг да ѝ дојде... Јас во Каиро живеев со богато и дебело старче – чии пари и пријатели ме кренаа на сцената... Потоа имав уште неколку пријатели – а кога го сретнав Филип, ги заборавив... Мислам дека оној маж што ќе ѝ помогне на жената да го заборави минатото со сенки – тој е и треба да му висне на вратот... Андроника беше силно зацрвенета ѝ гореше крвта и образот, а очите ѝ беа поголеми и светнати однатре. Налеваше од чашите и пиеше зашто усните ѝ се сушеа од тоа што го доживеа повторно. – Кога ми го заврати фустанот и здолништето – почувствував дека чардакот се крева нагоре и дека се урнува покривот, а јас летам во неговата прегратка, летам и пеам, зашто и лицето и коските си ги огледувам во раката со ѕвезди... Ми ги скина гаќичките и си ги стави во џебот како шамиче што не е убаво да ти го најдат во раце... О, господе, сакав да го турнам подалеку, да побегнам во одајата кај гостите – но нешто ме задржа до ѕидот, мислев дека на ѕидот имаше налепено катран и дека грбот ми е втиснат во катран... – Прво душата влегла во катран, а потоа телото – рече Нора проповеднички – но сепак смирено и пријателски. – Кој е поблизу до гревот тој оди во катранот. – Сакав да побегаам но тој ме коваше на ѕидот... Колку поблизу го чуствував неговото дишење – толку подлабоко влегував во ѕвдот и лепилото... Мислев дека телото отворило место во ѕидот и бев некоја Богородица со завртено здолниште и закована на ѕидот... Кога ме држеше за коленото, мислев дека ни треба многу време и некое скришно место да се најдеме сами... Не очекуваш дека е можно на чардакот и близу до друтите – да се случи тоа што сакав од моментот кога не најдов сили да му ја исгуркам раката од коленото... – Си го сакаш тоа колено на кое ти ја држеше раката? – праша Нора, како да се сеќава на нешто слично... – Си ги сакам двете – зашто не остана само на едното... Ме распна на ѕидот со завратено здолнiште и ме закова – а јас првпат почувствував колку длабоко може да те совлада маж... И кога се сакавме и потоа откако му станав жена – Клеон никогаш не ми правел нешто залепена за ѕид... Кога ме закова – ниту сфатив, ниту пак претпоставував дека може да возбуди... Кога се тргна од мене – некој тропна долу на портата и Данило набрзииа го запали фенерот и ме остави да се вратам сама... – Кога си одевте дома не ти беше страв да не те штипне мажот за местото каде што немаше гаќички? Андроника се насмевна како да ѝ се чуди на Нора. – Му велев дека не се чувствувам добро од виното – а тој беше учтив и среќен што не ќе доаѓа во мојот кревет... Таа ноќ ништо не ме болеше и очите ми останаа отворени за ѕвездите и небото од кое паѓаа ангели без крилја и пееја тажни и долги песни под мојот прозорец... Од куќата на Филип Лагунски до француската палата – Корделија и Нора одеа полека како да се излезени на прошетка. Никој од црноборјани не можеше да верува дека Гркинките се стеснуваат не од нив – туку од средбата со Павлос Сидерос. На црноборјани им беше важно тоа дека Гркот го вика неговата власт и му се обраќа на неговиот јазик. Но Корделија и Нора се чувствуваа како црноборјани, зашто на нивните лични карти немаше потврда која им даваше право и безбедно да се движат во крајезерскиот појас. Филип не мислеше на подробностите со војската и полицијата – тој во возот за Црноборје ја носеше Корделија. Пред портата ги запре војник со шлем на глатата и штик на пушката. Корделија и Нора му ги гледаа само очите, што војникот ги шеташе по ливчињата што му ги дадоа жените. Војникот ги опфати во погледот којшто немаше љубопитство и питомост – тргна дел од ортомата што врвеше низ неговата куќарка и продолжуваше на горниот кат. – Почекајте – рече војникот суво и се тргна скраја. По извесно време дворот го сечеа цврсти чекори на двајца војници – тргнати кон портата. Корделија и Нора мислеа дека ќе преминат за надвор – но тие прашаа дали се пријавени кај полковникот. – Ние сме повикани – полковиикот знае за посетата – рече Корделија и се насмевна учтиво. Двајцата војници им го покажуваа патот до канцеларијата на Сидерос, Во дворот на страните имаше купишта покриени со дамчести мушами што избледеле на сонцето и ветрот. Но и Корделија и Нора избегнуваа да гледаат во простерот полн опрема и оружје – скриено во зеленила и мушами. Пред канцеларијата на Сидерос ги презеде подофицер и Корделија и Нора пак требаше да чекаат... Подофицерот имаше ретка коса како мов и беше беспрекорно чист и учтив – но не им правеше отстапки. По извесно време подофицерот се појави на вратата и ја задржа додека влегуваа дамите. Од спротивната страна на големата канцеларија Павлос Сидерос им доаѓаше во пресрет и гологлав – со убаво зачешлана коса – испеглан и природно учтив. Пред да се ракува со дамите Сидерос им се поклони – а тоа ги ослободи од чувството на некоја несигурност, па и страв, зашто војската е сила на која ништо друго не ѝ е противставено во време на војната. Сидерос ги смести во убави фотелји и самиот седна на една од нив – за да не излезе дека им говори од работниот простор... Имаше направено така разговорот да добие интимен и патриотски белег. – Какво ви се гледа Маврохори? – праша Сидерос и отвори голема кутија цигари пред дамите и ѝ гледаше во очите на секоја што ја нудеше. – Земјата и куќите се едно – а луѓето нешто друго, полковкику... Мислам дека и селото и луѓето се добри, имотни и весели... Сидерос ѝ палеше цигара на Корделија и со крајочки ја загледа Нора и овојпат му се стори дека е помлада. – Вие не пушите, госпоѓице? – рече Сидерос насмеан. – Не научив, а и не го поднесувам тутунот. Сидерос ја палеше својата цигара кога седна. – Многу далеку сте го оставиле Пелопонез? – рече Сидерос... Да знаев оти со возот тргнале две убави Гркинки, ќе дадев наредба да не го примат во станицата на Маврохори... Не е време убави жени да патуваат по овој дел од земјата... – Ние не сме дојдени на прошетка, ниту на летување, господине полковник – рече Корделија со цврстина во гласот... – Немам ништо против вашето доаѓање во Маврохори... Вие, госпоѓо, останувате тука за постојано – вам ви треба потврда од власта на Патра... Госпоѓицата ако не мисли да се задржува – треба да се врати во своето место... – И Нора ќе остане тука извесно време – рече Корделија. Јас им се јавив на пријателите и за кусо време ќе дојдат и документите... Треба да се венчам со Филип – јас дојдов по својата среќа... – Дали сте размислувале за сè пред да тргнете за Филип и за Маврохори, госпоѓо? – Јас сум возрасна жена и не ми требаат стројници... – Знам, но Маврохори е населено со негрчко племе... едно жилаво племе кое знае да презими и да ја исчува главата од најжестоки војни... Тука се колени Арапи како овнови – маврохорите се брзи на секирата и мислата – бавни во говорот... – Знам за таа приказна – Филип ми раскажувал многу... – Сте решиле да ја мешате крвта? – Кој гледа во крвта, господине? Крв како секоја – ни бела ни црна – просто крв каква што имаат и петлите... Сидерос бледнееше но на лицето имаше и напор да се воздржи. Вториот пат од кутијата извади цигара само за себе, а Корделија ја пушти раката со некоја желба да го понизи. – Простете, јас често пушам... – Имам уредено сè и чекам да пристигиат документите... – А како ќе ја поделите крвта со Филип!? Што ќе бидат вашите деца – тоа што е тој или ти? Корделија првпат се соочи со крвта и со тоа што ќе се случи кога ќе ја измешаат во ноќите додека Филип ја крева на раце и ја носи по одајата во која спијат. – Филип е зрел човек – тој ѝ служи на круната, мислам. – Знам, госпоѓо, но тоа е само идеја – крвта е најдлабоко – од неа се прават пожари и во главата... – Имам право да си изберам маж, господине... – Молам, не сфаќајте ме погрешно, госпоѓо Корделија... Законот на командата и наредбите бараат да имате прописни документи... Ако не ви пристигнат – ќе бидам присилен да ви предочам дека ви истекол рокот за престојување... – Јас ја имам само Корделија, господине... Немам друг избор – рече Нора загрижено... – Мислите да се мажите во Маврохори и вие? – Не дојдов по момче – не мислам додека трае вакво време... Ако заврши војната што не е почната – јас се враќам во градот од кај што дојдов... Сидерос беше некако задоволен од сфаќањето и намерите на Нора – на лицето пак му се јави ведрина и учтивост... – Тоа е разумно – јас го ценам коренот и крвта... – Не е лошо што ќе ја смешаме со нивната, зар не е потребно да ја обновиме и нашата, господине? Сидерос стана и блузата ја тргна надолу како да му се гледаше нешто незгодно. Им подаде рака – прво на Корделија, а потоа на Нора и ги испрати до вратата. – Не заборавајте ја Грција – и мислете на својата крв! Корделија и Нора излегуваа надвор со чувство како тој човек да им ја бараше крвта и главите. ГЛАВА ДЕВЕТТА Во одаите на куќата од Филип Лагунски гореа многу ламби и фенери. Корделија и Нора по ѕидовите имаа закачено кошнички цвеќиња што живеат и зимата. На тоа место Црноборје беше помалку црно – а реката течеше побавно, зашто Филип сакаше дворот и куќата да бидат осветлени. Од модри зорнини Корделија и Нора се подготвуваа за в црква – отец Пелагонит им ги размени круните на главите, ја подржа својата голема и бела рака врз секого по малку, тивко и без многу читање од светите книги, ја призна нивната љубов, ја направи јавна и света. Филип сакаше да одат взори за да не го раскопуваат гневот и љубопитството на црноборјани – коишто одоколу дознаа дека тој донел две млади Гркинки во Црноборје и во својата куќа, дека едната од нив, русокосата и повитката, ќе му биде жена. Така сакаше Филип – тоа ѝ се допадна и на Корделија, а Нора беше возбудена од она што ја очекува. По патот за Света Петка не ги сретна никој, зашто кога излегоа на чезата од дворот, над Црноборје ноќта ги имаше оставено своите пердуви. Отец Пелагонит дојде на коњ и со фенер, глетка што им остави впечаток на Корделија и Нора. Им ја отвори портата, на Света Петка и ги воведе во местото од каде душите добиваат крилја и летаат кон небото. Фимка и Лечко беа облечени како онаа ноќ кога Донка ги разбуди да ја чујат божјата реч на Велигден, ноќ кога мајчиниот лик во помнењето и душите на децата влезе како птица којашто на клунот го носи спасувањето од темнината. Беше многу темно кога ги разбуди – но нејзиното лице се имаше отворено како небо на кое се собрала целата светлина на светот и идниот живот. Тие беа радосни и весели не затоа што можеа да ја сфатат големината на настанот во којшто се влезени по пристигањето на двете жени со татко им – туку од нешто за кое немаа објаснување во своите глави. Фимка е навлезена во петнаесеттата година – Лечко е дојден една година по неа. Тоа се тивки и мили деца на кои нешто им се случило порано кога тие не биле во состојба да ја остават болката да фати корен во нивната душа и да ги посее своите плодови. Филип Лагунски е првиот човек од Црноборје којшто е световно образован и влезен во витлите на времето за кое мислеше дека е негово. Вртењето на Лагунската лоза спрема власта и престолнината се изврши полека и во моменти кога не се забележува пукањето на коренот под земјата. Кога го поставија Евросим за претседател на Црноборје – Филип ги фрли очите напред и застана на патот што водеше до престолнината и власта – но тој пат беше тежок за враќање на коренот. Богатството што го наследија од Доксим им помогна да се чувствуваат сигурни во однос на секој црноборјанин, којшто можеше да ги запре на патот. Власта им даде можност да го употребат својот бистар ум и да се кренат до линијата на чистокрвните Грци. Филип Лагунски никогаш не се почувствувал понизен и одроден во круговите на престолнината. Запозна жени со мазни лица и танки кожи – ја имаше предноста во градот да однесе многу планински воздух во градите и да не го истроши по седенките и круговите. Црноборјани двајцата ги почитуваа – а кога ќе се најдеа пред црн честак и во смртна опасност – се потпираа врз Евросим, којшто не се одлепи од црноборјанската земја и во жилите чувствуваше дека тече крвта на Доксим. Кога дојде на власт Метаксас и на Македонците им даваше рицинус, наместо причесна, Евросим почувствува бунт во својата душа и беше готов да протестира. Филип земјата ја гледаше како нешто врз кое човекот ги потпира нозете кога сака главата да ја крене високо. На земјата не ѝ требаше Филип – туку Евросим и тоа го знаеја двајцата и црноборјани. Филип беше човек кој отишол во светот да бара место за себе и да го заборави Црноборје... Корделија имаше долг бел фустан и бели ракавици како пресно напаѓан и светкав снег – на вратот ѝ тежеше бисер во неколку реда којшто на светлината од ламбите и фенерите откриваше повеќе бои. Во косата имаше малечко венче како небески знак за убавината. Филип не наоѓаше друго место за своите очи – Корделија шеташе по чардакот, а Нора одеше по неа, како да е загрижена дали нејзината тетка ќе биде убава и за роднините и пријателите на Филип. Морфа стоеше на портата и гледаше по патот надолу. По мостовите стоеја момчиња и девојки и тивко разговараа. На небото над Црноборје месечината беше квачка со златните пиленца коишто не чекаат таа да им најде нешто за јадење и да им ги полни клунчињата. Зевсовата глава на ридот личеше на човек жив закопан во земјата и ноќта. Морфа беше восхитена од двете дами и кога ќе ѝ здодееше чекањето на гостите, набрзина се искачуваше по скалите, со своите весели очи ги бараше Корделија и Нора, ги гледаше како две самовили излезени од езерото и дојдени на нивната веселба. Прв човек што влезе во дворот на Филип – беше Евросим Лагунски, со Теодорина. Зад нив полека одеа Ефтим и Наталија, како да си шепкаат нешто скришно од старите. Евросим пристигна во дворот и кога забележа дека нема никој на чардакот, рече: – Морфе, оди и кажи му на чичко ти дека сум Дојден. Девојката ги преброја скалилата и невлезена во одајата, кажа кој доаѓа. На чардакот се појави Филип Лагунски облечен во нов синкав костум, на реверот од џакетот имаше напукнат каранфилов цвет. По него излегоа Корделија и Нора – дојдоа во дворот, се ракуваа со Евросим и Теодорина, а потоа Корделија ја прифати Наталија и полека се искачуваше со неа по скалилата. – Повелете во мојот дом – рече Филип и ги распореди да седнат. Му беше мило што го гледа својот брат со семејството. Го немаше само Данило – а Корделија и Нора само него го немаа видено во првото претставување и запознавање со родот на Лагуновци. – Каде е Данило? – праша Филип и во гласот имаше нешто тврдо и присилено. – Го шета коњот на кој треба да ја донесе невестата – рече Евросим насмевнат широко и задоволен од нешто кое само тој го знаеше. – Белиот ждребец не прима ни самар, ни јавач. Како ќе ја помине реката господ нека ги има на добро око. На Црноборка ѝ се здебелиле плеќите и дури до брегот е дојдена... – Да земеше невеста од Црноборје не ќе требаше да ја преминува реката! – рече Филип на шега, но сфати дека Евросим не најде ништо смешно и конкретно во тоа. – Човек кога се жени не мисли колку реки треба да помине... Кога ја зедов Теодорина поминав две држави и многу реки. Вистина, над реките имаше мостови и над нив пруга – но не е како да одиш на коњ и над него да газиш по реката... Цел живот додека не ја имав сретнато Теодорина мислев како ќе биде кога невестата на коњ ќе ја преминува реката... Се случуваше сватовите да се испијанат и реката да им ја земе невестата... – Напијте се, којзнае кога ќе се видиме пак заедно – рече Филип како да се оправдува што целото лето не се врати во Црноборје. На првите чашки ракија сите станаа на нозе и гледаа во Корделија. Таа се насмевнуваше пријателски како довојки од крајезерскиот појас, само што не црвенееше, исплашена од она што требаше да ѝ се случи и од љубопитството на гостите. – Во чест на мојата снаа! – рече Евросим и ја испи чашата со затворени очи. – В недела ќе му ставиме самар на ждребецот, доста му беше бодинањето со крената опашка и глава... Ве канам сите и поканете ги оние што ќе ги сретнете до недела... – Не вјасај, Евросиме – го потсопна Теодорина пристојно насмевната. – До недела врз нашите глави многу дожд ќе падне, никој не може да знае, зашто оваа недела не е како нашите црноборјански недели. Војската не признава ни недели, ни празници, ни свадби. Тој што се жени и тој што умира не знаат како ќe биде на судниот ден... Теодорина беше убава жена иако до неа седеше Наталија, трудна и тивка, како земја која што го примила семето и на неговото никнување ја троши целата сила и топлина. Во таа кренатинка под фустанот на Наталија, Теодорина сакаше да ги види очите на човечето коешто требаше да пристигне меѓу нив и да го исполни местото што му го предвидуваа. Во моментот кога започнаа да разговараат кој со кого се нашол поблизу – на вратата од големата одаја се појавија Клеон и Андроника. Насмевката им отвораше пат и влезе порано од нив заедно со гласовите на другите гости коишто се искачуваа по скалите на чардакот. Корделија и Филип ги пречекаа, се ракуваа со нив. – Оваа е мојата патриотка?! – рече Андроника и се ракува со Корделија којашто се однесуваше така како да ги познава сите и од порано. Морфа исползува момент кога сите се ракуваа и врвеа, се сретна со очите на Евросим, којшто им правеше место на дојдените и се прекрсти бавно давајќи му знак на својот татко за доаѓањето на отец Пелагонит. Евросим стана и крај ѕид се проби до вратата. Во дворот питропот Дане Проевски му помагаше на отец Пелагонит да слезе од чезата, во која имаа впрегнато вакуфски коњ. Отец Пелагонит беше облечен во ново расо – а на градите му светкаше голем празничен крст. Неговата фигура се црнееше во дворот и кога го виде Евросим на чардакот, забрза по скалилата, како да чекаше токму тој да се појави. Евросим учтиво му се поклони и му бакна рака – иако никогаш не го направил тоа. Отец Пелагонит се насмевна и тоа го прими како знак на почитување и блискост – зашто Евросим тоа го направи со мера и израз на лицето како да поздравуваше рамен. Кога влезе во одајата, отец Пелагонит забележа дека луѓето го честат и надвор од божјата служба – дека сега не им е страв од небото и земјата. Беа пристојно весели и сите станаа кога влезе тој – а потоа Евросим му направи место до себе. Во големата одаја Филип ги имаше сместено роднините и поугледните гости од Црноборје и од селата преку реката. Павлос Сидерос на Лагунски не му беше ништо по крв и душа – но и тој најде место веднаш до отец Пелагонит. Со Сидерос дојдоа и двајца поручници коишто ги изведуваа инженерските работи на падините од Зевсов Рид и Лоските, но тие се одделија од полковникот и влегоа во друга одаја. Последна дојде Поликсена со грамофонот и својата внука, Симела. Тогаш неколку црноборјанки разнесуваа јадење по одаите – мажи со бели фути до чевлите, отвораа чепови во визбата, се мезеа и испраќаа постојано вино. Секој во очите на другиот бараше огледало за својот лик и за својата душа, на почетокот се воздржуваа, учтиво слушаа кога некој говореше за времето и за регрутите, прераскажуваа шеги и настани што им припаѓаа на мртвите. Спроти Ефтима Лагунски седеше Нора и весело гледаше во очите на сите што се обидуваа да дознаат која е таа девојка и какво место зазема во животот на Корделија – новата црноборјанка. Во еден момент на наздравување Нора подолго ги задржа своите големи модри очи кон Ефтим, којшто се чувствуваше збунет и почестен што девојката го избрала токму неговото лице. Сидерос скокаше со своите очички од глава на глава и ги задржуваше таму каде што можеше да извлече нешто што го интересираше. Теодрина Лагунска забележа дека Сидерос со некое почитување гледа во нејзиниот син и тоа ѝ помогна да се увери дека Ефтим не е обично дете. Иако Нора покажуваше интерес спрема неговите правилни црти на лицето, Сидерос сфаќаше дека таа не чувствува нешто што доаѓа од крвта. На триесет и две години и со чин многу поавторитетен од неговото недозреано лице – Сидерос осгаваше впечаток како да се вовлекол во униформата на некој ислужен полковник, што командата го отстранила пред да почне нешто важно и тешко. На Нора не ѝ остави впечаток ни чинот ни неговиот изглед. Наталија седеше до својата свекрва со мисла што патува подалеку од одајата и настанот. Таа беше кафез на еден инсект што се оформил и чека ден да се судри со сонцето и со судбината. Клеон Ставропулос се повлече како сенка што ја смалува сонцето на чинот и авторитетот на Сидерос – а и по природата не беше многу говорлив. Неговото лице изразуваше внатрешно единство и спокојство – настојуваше да биде учтив и неупадлив. Андроника своето воодушевуање од убавината на Корделија и Нора го префрли врз Симела. Меѓу повеќе млади и убави жени Андроника се чувствуваше посигурна, зашто чувствуваше дека на светлината можат да се избројат сите мониста од бисерот – за каков се смета секоја убава жена. Поликсена најде место за својот грамофон и ја пушти првата плоча. Меѓу гостите се создаде атмосфера во која секој одбира глетка за своите очи и тема за умот. Грамофонот ја прераскажуваше љубовта на младичот чија девојка се претворила во гулаб и секое утро слетувала на неговиот гроб и му пеела песни за разделбата. Поликсена вртеше со иглата, којашто од плочата, можеше да се префрли и врз срцето на некоја жена седната на оваа веселба. Во еден момент Нора стана зацрвенета и весела – го фати Филип за рака и го извлече на средината од одајата каде што остана слободен простор колку едно поголемо огниште. Сидерос скришно ја опфати ставата на Нора со своите мали очиња и сега му се виде уште поубава. Ефтим свиркаше по иглата на грамофонот и беше целиот свртен кон Филип и Нора. Сидерос ја покани Симела да играат и се поклони пред отец Пелагонит. На црноборјани тоа им остави впечаток и го гледаа со чувство на почитување но сепак не беа ослободени од стравот и неизвссноста што тој човек ги внесуваше во Црноборје. Крај Црноборка се гроздеа младичи и девојки и со завидување гледаа во куќата и прозорците на Филип Лагунски. Вревата се префрлаше преку ѕидовите и покривот на куќата и допираше до оградите на соседите. ГЛАВА ДЕСЕТТА Куќата на Тодор Емборовски е одделена од Црноборје како крастава овца од стадото. Целиот имот на Емборовци лежи на колкот од Зевсов Рид и во лакотот на реката, што врти остро и стенка ноќе меѓу врбаците. Кога се случуваше некој од црноборјани или од грчката власт да го побараат по зајдисонце, никогаш не го наоѓаа во одаите. Тодор Емборовски беше волк којшто во црноборјанскиот пејзаж кожата си ја преврте со мазното спрема надвор. По 1903 дојде во Црноборје со товар суво злато и го купи целиот имот на бегот кој замина со свирки и тапани од Црноборје, а веројатно му бил и пријател на Тодор. Новиот стопан викна поп од Сорович да му ја попрска трагата на ѓаволот и мајстори да ја преуредат. Оддалеку куќата личеше на брод кому одненадеж му секнало морето и тој останал каде што му се случила несреќата. По извесно време донесе млада жена во црно – која црноборјани не ја видоа сè додека не им заплака дете под стреите. Тодор Емборовски сам си ги копаше дупките на патот до Црноборје – ретко им одеше на селаните дома, а тие не беа сигурни на кој прозорец да тропнат Цел живот насадувал бели кокошки и му веделе црни петли. Душата му остана во планините на бел коњ и златни зенгии. По востанието се врати во Емборе и никој не го пречека. Турците му отепале два коња од заседа – Тодор негибнат се качил на третиот и со него акал по ридиштата: од жал за ждребецот му го оставил на некој роднина од Греовник, кај кого седел пред да одбере место за куќа или гроб. Во Црноборје му се родија Флорин и Уранија – ниедно од децата не учеше потака од основното. Тодор ги врза за земјата и од планинските села донесе момоци и надничари, да ги вртат овците и водите на Црноборка, кога над полето не паѓаше дожд. Флорин израсна над него и кога влегуваше во Црноборје – завесите од прозорците на куќите крај патот остануваа тргнати и тогаш, на денска светлина или под ламба, Флорин ги запознаваше девојките од селото. Удри брич на лицето и ум по жена што не ќе ја бара преку реката и ридиштата – Тодор го облече како европеец и го зеде со себе во Сорович на една голема градска свадба. Флорин ја виде Дафина и на татка си му кажа дека сака да се жени. Направија женска свадба – во куќата на девојката – назад се вратија со Дафина и нејзиниот чеиз, Уранија беше шесто дете, а меѓу неа и Флорин што дојдоа, заплакаа за светлина и млеко и умреа. Една година, по раѓањето на Уранија – умре Благуна, жената на Тодор Емборовски. Оти не им дојдоа многу луѓе, на закопот плачеа сите и дури отпосле сфатаја дека не ѝ ставиле крст. По закопот се случи нешто поради кое црноборјани беа присилени да се повлечат на Зевсов Рид и во Леските... Кога се вратија по куќите – Емборовци змија ги касна: не знаеја на која страна ѝ беше ставена главата на Благуна, па и направија мермерна гробница со крст на среде... Дафина беше фенер во ноќ без ѕвезди и небо. Се смееше со целото лице и тогаш очите ѝ плискаа светлина право од душата. Првата година близна машки зашто така одредија наречииците: Дафина се смееше за сè што се случуваше на земјата. Кога вреснаа гласчињата на децата, Тодор Емборовски, првпат ѝ вети на Света Петка жртва, два овна со извиткани рогови и големи клопотарци. По машките, Дафина си стави на ум, а потоа и на срце и ќерка. Ги растеше без доктори и бајачки, машките и девојчето беа замешани со јагнињата – но Дафина секогаш чисти и променети ги носеше на црква и училиште... На Дафина пак ѝ лежат рацете врз мевот накренати како да крие лубеница: тоа е од првата вечер кога пристигна, Флорин по две години лежење во „Павлос Мелас“ – во Солун, каде што Тодор шеташе во младосга со комитски круши во џебовите и со свиткан и крвав нож во пазувите... Ветрот шумотка во лозницата како глушец што не знае каде да се скрие – а некој му нагазил на опашот. Во дворот Тодор и Флорин ги ружваат коњите за на дрва. Полноќ е – дворот лежи под лозницата и ноќта, таткото и синот кога сакаат да си проговорат си ги веднат главите до ушите, како низ инка пренесуваат некој збор, ништо да не капне на земја. Дафина стоеше меѓу двајцата со фенер во рацете. Уранија беше излезена во дворот и наслушуваше како стенка реката, – Не одете денес во забранот – рече Дафина и високо го крена фенерот. – На Света Петка ѝ ветив дека ќе ве запрам да сечете во забранот. .. – На што ти личиме јас и татко, Дафино? На икони?! Ќе сечеме таму каде што има дрво какво ни е потребно... Татко решил да правиме амбар за пченка... – Можат да ви ги земат секирите и коњите... – Кога ќе нè видиш без секири и коњи, прекрсти се, Дафино... Ќе насечеме брест, за новата ракија требаат крбли. На Дафина ѝ беше страв некој да не тргне по нив и да им гази врз стапките. Флорин ја протна секирата меѓу ортомата и чекулците – убаво ја смести со сечилото кон дрвото. – Во дворот нема толку висок камен за да се качам – рече Тодор на шега, но сепак во себе не беше сигурен дали ќе се префрли на самарот. Од страните на двата коња висеа матарки ракија и вино – букиња наполнета од вечерата. Уранија се врати откај оградата наметната со долг плетен фустан и со боси нозе во влечки. – Не одете отпат – војниците можат да ве запрат, рече Уранија како да им кажува нешто значајно за нивниот пат. – Слушав дека војниците копале во планината но на горниот крај... Не удирајте секири пред да побели небото. Пред да ги јавнат коњите Флорин се мушна во куќарката во која се наоѓаше фурната на Емборовци. Тој излезе со нешто замоткано во рацете. На Дафина ѝ затрепери фенерот во рацете, иако ноќта не беше ветровита. – Знам што е тоа! – рече Дафина наплакано. – И ти и Уранија знаете – ама пак се крстите, – Оган во рацете земаш, Флорине... Мисли на децата – ако не можеш на мене... Ако не носиш оган во пазувата и срцето ќе ти бие полесно... И ти, татко, ништо не му велеше на Флорин?! Тодор се прекрсти застана пред коњот чии носници, мирисаа на сено – тоа ја топлеше неговата душа, а таа добиваше крилја за над темното и непознатото. Кога ги јавнаа коњите, Дафина веќе ја имаше отворено портата. Флорин се наведна јавнат на коњот и ја бакна Дафина во образот. Жената стоеше сама со фенерот во рацете како со украдена птица. Колку е потемна ноќта толку е пострашна малата светилка – помисли Дафина и забрзано ја затвори портата, а потоа ѝ викна на Уранија колку да го прикрие стравот Небото над Црноборје имаше боја на пепел. ГЛАВА ЕДИНАЕСЕТТА Во крблите на црноборјани превриваше виното. Отец Пелагонит на регрутите им направи обред во Света Петка: поминаа пред него и од лажиче зедоа причеста од која ќе им остане некоја капка во срцето кога ќе бувнат топовите. На борина набрана во Габерник, мајките и невестите што испраќаа машки глави на Москополе, плетеа волнени чорапи и плачеа крај огништата. Мажите фаќаа капавици по покривите и копаа дупки за празот – одеа во крчмата на Поликсена, пиеја вино крстено со вода, му се топореа со тупаници и патерици на некој невидлив под облаците, се закануваа со крвта на своите синови, пееја песни од кои истекува отровот од душата низ јазикот и носот. Наутро жените излегуваа во дворовите неисчешлани, ги фаќаа петлите на спиње, им ги кинеа вратовите и пердувите, ги гоштеваа своите синови, за да им се задржат во споменот, ако ги удри молња од туѓо небо. Излегуваа и се крстеа свртени спроти Света Петка, чија камбанарија беше забрадена во шамија од морова боја, до очите. Црноборјани своите машки глави ги испраќаа од Зевсов Рид и поради тоа им се чинеше дека им ги зема господ – а не грчката команда од Вртикоп и потака, од Солун. Додека беше топло есенското сонце и небото, по врбаците на реката се вовираа младичи и девојки, седеа со рацете опфатени, разговараа за својата љубов поотворено отколку во сите други години и вечери. Шумите над Црноборје пометнаа пред да ги фати зимата. На Зевсов Рид удрија пет рала тапани и Црноборје се крена од лулка до патерица, ја искачи нагорнината и зафати место за гледање во женските и машките ора што се ширеа на рамнината како оптегнати ластици. Селото на коњи и маски донесе крбли ракија и вино и ги отворија чеповите. Дури од Сорович имаа дојдено гости и играа на рамнината ора не во чест на регрутите и свадбите, туку за инает на оние што мислеа дека ѝ дојде крајот на црноборјанската машкотија. Невестите беа облечени во долги бели фустани и се топеа на ледината како снежинки со сонце во градите. Од Зевсов Рид се гледаше како свадбарите ги креваат знамињата над своите глави и ја преминуваат Црноборка. Народот од крајезерскиот појас се женеше пред да го најде нешто од господа или од државата, чии закони и војски го тераа да ја ведне главата и на грбниците да го држи времето. Децата трчаа од оро на оро и се вртеа крај невестите, им бакнуваа рака и добиваа пара. Дворот на Евросим Лагунски нема место за јаболко да се фрли. Од небото врз луѓето може само молња да си го пробие патот – но тоа е ведро и светнато како сребрено калаисана тепсија. Два обрача вжештена црноборјанска крв се виткаа од сила и болка – од отворите на кларинетите и трубите, свирачите си го плукаат срцето и силата. Чардаците на Евросим и Филип се начичкани роднини и гости, јадат и пијат како да се дојдени од затвор. Виното од крблите во визбите патува на чардаците и оттука низ песна и вик заминува на небото. На горниот крај од дворот на Евросим постојано пристигнуваат коњи со нови веленца под самарите и седлата, 'ржат од страв од тапаните, се креваат нагоре сосе јавачи, а нивните пијани глави се вртат на вратовите. Од виното луѓето скокаат како недоклани петли, додека Евросим од малатка им фрла на децата бонбони во златни замотки и вика до небото од радост и повторно најдена сила. Фрлаше од малатчето како да сее во нивјето на Доксим и во мислите го гледаше застанат на ридот да си почине од патот што до Црноборје поминуваше над многу реки и мостови. Не виде свадба од внук и внук од навестата и на Евросим му капеше срцето за татко му. Двете куќи на Лагуновци врева ги крева нагоре – виното ја дави главата и мислат, ората се кинат како обрачи над оган, девојките бегаат од ергените, на кои им е дојдено времето да се женат и да заминат војници. Дана стои во одајата со чеизот и црвенее под белиот превез – на отворената врата е потпрена Теодорина, весела и збунета. Не знае што ќе речат црноборјани, кога ќе ја видат во невестинско и колкава ќе биде горчината во душата на Георгина Лескачевска, која планина ќе ја фати кога ќе ја види невестата на Данило. Лагуновци правеа свадба за Данило и во веселбата ја заборавија горчииата што ги поттурна Петруш Лескачевски и не им ја даде ќерка си. Помладите жени од Лагунскиот род дојдени од крајезерските села – на Дана ѝ врзуваа златни конци по косата и главата и потајно сакаа да направат приказ на векот и светот од невеста. Кога ја преминаа реката – Евросим ја дочека на брегот, ја симна од коњот и ја бакна во челото. Потоа одеше со неа неколку чекори, а свирките го отвораа небото над реката. Пак ја качија на коњот и кога навлегоа во Црноборје, прозорците се отворија широко, машки и женски глави ги капеа очите по убавината на Дана, приказната ги прескокна ѕидовите и оградите, помина низ иглени уши и стаса во дворот на Лескачевци, надуена како меурче. Тие што ги мразеа Лескачевци – им велеа дека Дана од татка си зела товар злато и кога ќе се врател Данило од војска, ќе оделе во Солун да живеат. Корделија влезе во одајата кајшто го променуваа Данило и поправи нешто во неговата облета, му стави бело шамиче од коприна во џебот на џакетот и му ја колнеше главата како да постапи ако на патот до Света Петка ги пречека некој од Лескачевци. Данило не ја замрази Георгина, само почувствува дека не му трепери срцето и гласот кога некој ќе ѝ го спомне името или некого од нејзините. Оние ноќи кога се разделија на реката, Данило скришно влегуваше во визбата – одвртуваше чеп од крбла со старо вино и пиеше како да истура во некоја пукнатина од која џбука пламен. Дана му помогна да не излезе смешен и виновен пред Лескачевци – а веруваше дека Георгина пак можеше да биде негова. На сите им беше чудно колку кроток и убав бил Данило Лагунски во зетовската облека и во својата тивка тага од првиот пораз во животот. Не очекуваше дека Георгина ќе го отфрли како чичка: но во моментот кога го искина, таа почувствува дека и нешто нејзино замина со Данмло и ноќе молеше и веруваше дека лутината ќе му помине и тој пак ќе ѝ сe насмевне од прозорецот, или кога ќе ја сретне на патот. Во еден момент Евросим ги запре свирачите и тогаш се слушна врева на многу гласови. Девојките се издвоија во групи, по возраст или роднинство, момчињата продолжија да пијат вино од канати што шетаа по дворот. Свадбата на Данило Лагунски никој црноборјанин не ја замислуваше така и на овој ден. Од денот кога Евросим стана претседател на власта во Црноборје – Петруш Ласкачевски не поминал пред неговата куќа, ниту пак побарал нешто обично и малечко што ги врзува луѓето во Животот и судбината. Кога му го зеде престолот и круната на Петруш Лескачевски, Евросим почувствува дека ќе го навреди за многу години и тешко, но во Вртикоп се согласија дека Црноборје и власта на кралот не може да ја држи човек лаком за слава и за богатство. Петруш Лескачевски на Црноборјани виното и крвта им ја цицаше со долга трска и скришно: на многу порти им стави катанци – во десет црноборјански куќи и имоти, дојдоа луѓе од планинските села, од кои Петруш истрга злато. Направи голема куќа во Сорович и ја даде под кирија – орањето и сеењето, за него беа работи за гладните и оние што појасот си го закачиле на шип. Кога го сменија, црноборјани помислија дека Петруш ќе моли да изделка питачки стап од Леските и торба да обеси на рамото – да ги шета крајезерските села, да плаче и да се моли како слепец со катран во очите. Не се случи така и црноборјани го замрзија уште повеќе. Евросим никого не мразеше во Црноборје – неговата крв не пламнуваше лесно и брзо. Беше здрав и со голема сила – но кога беше најтешко за Црноборје или за фамилијата, тој ја ставаше под умот и притискаше. Кога разбра дека Данило ја сака ќерката на Петруш – Евросим размислуваше како ќе најдат пат и збор да се сретнат на денот што ќе им биде суден, што можат да извадат од срцс и уста, по толку години молк и омраза која расте ноќе и насамо. Евросим не успеа да си одговори на сомневањето во душата и одбегнуваше да зборува со Теодорина во ноќите кога имаа време. Сè што се случи пред да го испрати Данило во војска, како да било подготвено порано и врзано во крпче. Евросим се радуваше што на Данило му е вратен зборот и љубовта, а не жалеше многу за скинатите конци меѓу него и Георгина, зашто мислеше дека Данило одел кај неа како што правеше со сите девојки за кои сметаше дека се убави. Евросим ја засака Дана првиот ден во Греовник – кога отидоа со Данило да ја видат главата на фамилијата. Потоа Данило ја минуваше реката ноќе и во зорите – оставаше полето и ридиштата да ја развеат неговата навреда. Се враќаше со нејзиниот лик во душата и полека чувствуваше како Дана влегува во неговиот живот и му носи спокојство и зрелост. Кога требаше да тргнат кон Света Петка – Данило ги забра свирачите и ги одведе на ширината, кај стоговите сено. Ги туркаше зад грбовите и ги молеше да го слушаат што ќе им вели – зашто нема да им даде пари за свирењето, туку клоци. Нешто трепна во неговата душа, се накрена како вода која нема истек – се искубна од одајата и придружбата, стрча во дворот – по свирачите. По пат им нарача на своите врсници коишто не се женеа денес – тие најдоа ведрици и ги наполнија вода. Им покажа да напрскаат вода на сеното еден појас од земјата и во зетовската облека искуба обрач наоколу – го запали на сувиот дел, се кошна на стогот и им викна на свирачите да свират. Младичите и девојките претрчаа по дворот и во голем круг се навртеа околу стогот. Данило креваше каната вино и пиеше држејќи со двете раце. Стогот беше опфатен во обрач од пламен – Данило играше над главите на свадбарите, кои мислеа дека е качен на небото. Некој му кажал на Евросим и тој си правеше пат меѓу луѓето, со сребрена каната вино во рацете, како што се најде на чардакот. Го виде Данило разигран на стогот и тој со каната вино. Кога забележаа дека доаѓа Евросим, свирачите го згрешија орото и ги тргнаа инструментите од уста, говорејќи дека тие не се виновни што свират, туку оној што игра врз стогот. Данило им свика одозгора силно и свирачите пак го почнаа орото. Данило игра и крвта му се крева над виното и очите – нозете ги отфрла високо како да му пречат чевлите, свадбарите се згазуваат исплашени и занемени. Евросим тргна кон стогот со канатата в раце и очите кренати до главата на Данило. И тој замоли некои момчиња да фрлат вода од ведриците врз стогот и му ја подаде сребрената каната на Данило, а овој на татка си, обичната. Евросим не одбра место и ја фрли канатата зад себе – но наоколу сите беа тргнати гледаа со страв и љубопитство во очите. Данило се вртеше кон Евросим и палците ги пукаше како да крши ореви: Евросим го подзеде орото и го мграше врз земјата, своја и Доксимова, а очите му беа светнати и крената по убавата глава на Данило, со која во долгите зимски ноќи црноборјанските невести и жени заспиваа и сонуваа. Над стогот се вртенге една бушава и луда црноборјанска глава. Свирачите го виеја орото како луда ветрушка и гледаа во огнот и во Данило. Во еден момент целиот Лагунски женски сој и Дана дотрчаа на ледината и си ги покрија очите. Теодорина додржа чекор и сили, го фати Евросима за палтото и силно го стресе како да го сокрива во земја. – Ти го кренале чавките, детето ќе ми го изгориш! Евросим сакаше да го продолжи орото – но свирачите запреа и гледаа во ледината од страв да не падне стап врз нивните глави. На рацете од две помлади жени – Дана си го држеше лицето во белите невестински ракавици и тивко плачеше. Во моментот кога не се знаеше што може да се случи – кај Евросим пристигна отец Пелагонит и остро го прекори: – Грешиш пред невестата и господ, Евросиме... Тој е твој син и само ти ќе го натераш да слезе... Виното му дало крилја – ама му го зело разумот... Викни го нека слезе од стогот – да ги венчам додека не се случило нешто лошо... Кога ја виде расплакана и навалена на жените – Данило ѝ викна на име и високо над својата глава ја крена сребрената каната. Свадбарите гледаа во Данило и во канатата со израз на лицата како да очекуваа гром од кој ќе се отвори небото и на земја ќе паднат големи камења врз нивните глави. Данило клекна на врвот од стогот и се отфрли преку огнот. Тогаш луѓето свртеа глави и замижаа очи, очекувајќи зетот да скрши врат или нога. Кога се прибраа од стравот, Данило веќе ја имаше кренато Дана на раце и ја носеше кон новата куќа, како бел јоргован. Свадбарите се прекрстија и останаа како дрвја на кои им се исечени корените. – Моја крв, оче! – рече Евросим гледајќи како синот ја носи Дана, неговата снаа земена од преку река. Отец Пелагонит се поздрави со Евросим и тргна да ја затвори Света Петка. На долниот крај од Црноборје по реката течеа викотници. ГЛАВА ДВАНАЕСЕТТА Кога дозна дека Данило со невеста од Греовник ја помина реката на коњ и бајрак над главата – Георгина Лескачевска легна ничкум и се расплака до сини небеса за својата загубена љубов и среќа. Плачеше со лицето зариено во рацете и коси искуба од главата – на Петруш и на Тренда им плукна в лице, кога влегоа во одајата да ја молат. Кога откри дека го сака Данило Лагунски, Геортана мислеше оти Петруш и Тренда ќе се покорат и нема да ѝ пречат ако Данило ѝ тропа на прозорецот и ја носи крај реката. Дури откако удрија тапаните во дворот на Лагуновци, на Георгина ѝ се раздени во душата, дека Данило ја преминал реката со срцето в раце и го дал на некоја Дана од Греовник, за која Црноборје не знаеше ништо. Удрија тапаните и Црноборка почна да стенка крај нивната куќа, а Георгина се затвори во одајата и се расплака од болка по Данило којшто ја молеше да направат свадба пред да тргне за Москополе. На вратата затропаа Петруш и Тренда – прво ѝ се закануваа, потоа ја молеа и клетви до господа испраќаа по коренот и семето на Лагуновци, по оној пес Данило, што им го навреди девојчето. Додека мајка ѝ клечеше пред вратата на нејзината одаја – Петруш гледаше низ прозорецот во младичите и девојките што брзаа нагоре кон Зевсов Рид и пред куќата на Лагуновци. Во срцето му се разбуди омразата, крцкаше заби и фркаше со носот, мислеше да ја земе пушката и да истрча кај Лагуновци, да ги запре свирачите и веселбата, да го убие Евросим или Данило, да го излее својот вбигорен отров насобиран за сите години откако е заменет со Евросим, на кого му прават поголема чест и власта во Вртикоп и командата во Црноборје. Кога помисли на пушката, раката му заигра од лутина и страв, ја стави во џебот и се врати пред одајата на Георгина. Тренда се имаше наведнато на клучалката со израз на лицето како да зборува со некој под земја или заминат во другиот свет, шепотеше тивко и ја молеше да отвори. Крај Тренда стоеше и Томика облечена во нов вишнав фустан и со голем распорок надолу спрема градите издолжени напред како круши кои штотуку не прекапеле од зрелина. Томика молчеше обземена со својата убавина и со новиот фустан, нејзиното срце еднаш се запали и изгасна натурено со мразна вода – сега тлееше длабоко во себе и бараше некоја смисла за она што ѝ се случи во Греовник. По извесно време Георгина отвори и застана на вратата како да сонувала нешто од кое белее главата. Очите ѝ беа црвени и влажни, косата расчумавена како напуштено гнездо. – Ти го навреди Данило и го натера преку реката! Томика си ја поправаше косата над вратот и молчеше. – За твое добро, мајкина... Тој Лагунски пес и на шип ја крева ногата, не е ни за тебе, ни за нас... Ќе те мажиме во Сорович, нека пукнат Лагуновци, корен им се сотрел и бела недела да не видат. И женет ќе дојде да те моли, да ме слушаш што ти кажувам. Ќе се врати во кошулата и сонот и пак пред нашата порта ќе клечи како питач со празна торба, ама тогаш и тебе долен ќе ти се прикаже, како мене и на татко ти, сега. Исчешлај се и промени се – излези со глава крената, ти си ќерка на Петруш Лескачевски, немаш зошто и од кого да се срамиш. Си ја зачувавме честа и крвта од тоа краставо куче, волци глава му изеле... Татко ти ќе оди во Сорович да ти порача чевли и невестински фустан, свадбата ќе ти ја направиме пред Божик. Ќе ги поканиме пријателите од Вртикоп и Солун да видат Лагуновци до каде стигна нашиот глас и нашиот корен... Петруш гледаше во Георгина која постепено се враќаше во денот на свадбата од Данило и повторно ѝ се чинеше дека тоа не е вистина девојката дојдена од прекурека да му биде жена на Данило, да му роди деца и цел живот да биде крај него. Не ја зеде пушката како онојпат кога ја вратија Томика од преку реката со глава најведната до земја, но откри дека во душата станала омраза спрема Лагуновци. – Ќе одиме во Сорович по фустан и чевли – рече Петруш и беше сигурен дека во срцето на Георгина неговите зборови паднаа како мртви лисја од кои ништо не ќе изникне. – Штом ќе ги испратиме регрутите ти и мајка ти ќе дојдете со мене во Сорович да одбереме најубав фустан и чевли за невестата... Томика, која не паѓаше во возбуда откако е вратена од Греовник, ги гледа нивните лица и длабоко во својата душа чувствува некоја смислена измама и сака тоа да им го каже в очи – но Георгина исто така не верува во ветувањата и во можноста фустанот и чевлите од Сорович нешто да променат во чувството и во судбината. – Ќе се променам и ќе излезам на прошетка – рече Георгина и очите не ги тргна од лицето на својата мајка, која веруваше дека врз болката на Георгина паднале нивните меки и празни зборови. На Георгина ѝ се стеснуваа очите и во тој момент личеше на дете кое сака да се затвори во својот свет и само да си ја зацели раната што му ја отвориле. – Зошто мислиш дека јас го натерав Данило преку река? Георгина се сврте кон Томика и ја погледна со омраза. – Те слушав како му се закануваше со судови и доктори! Данило сакаше да ти сврти грб но ти му го пресече патот... Да не излезеше ноќта кога се враќавме откај реката, тој пак ќе дојдеше кај нас .. – Не сакам да ми го спомнувате! – викна Петруш и на вратот жилите му се надуја како да му ја испиле крвта од главата. – Тој разгален син на Евросим за нас е мртов и закопан со дваесет попови. – Докажи ѝ на ќерка ти, татко. – И ти не беше подобра од неа – не научи да молчиш... – Ме маживте за синот на твојот пријател... Мојата глава е за кршење – лејка без семки... Ве послушав и тргнав по ветриштата... – Долг ти бил јазикот, а и образот нечист! – Петруш! – викна Тренда и се прекрсти. – Одат крај реката, а потоа Петруш е виновен... – Не сум одела ни крај река ни по ветрот... Ти ми одбра маж – а сега гледам и на Георгина си ѝ нашол? Донеси го да му ја видиме мустрата пред да ја газиме реката... – Ти да молчиш, Томика, твојот ред помииа. Томика се натажи и рацете си ги собра во џебовите на фустанот. Мајка ѝ молчеше замислена и навредена – се молеше на бога вакви денови да не изгреваат почесто. – Промени се и излези на прошетка – да те фати ветрот. Петруш се сврте прв и бавно слегуваше по скалите премачкани со мрсна боја и светнати од триење. Тренда и Томика чекаа да се уверат дали Георгана има намера да излегува со другарките. Стоеја трите и се гледаа како непознати, туѓи. Георгина се промени и во дворот ги најде да седат крај масиче и пијалак, татка си и Филорин Емборовски облечен во нов костум со вратоврска попрскана со дамки. Кога помина крај нив пристојно му се насмевна на Флорин, а тој колку висок, толку брз, се поткрена од столот и ја поздрави со насмевка, во која имаше нешто од цутењето на багремите во Црноборје. Георгина почувствува дека Флорин не е како другите женети црноборјани и заклучи нешто значајно за нејзиниот однос спрема мажите. Додека се среќаваше со Данило, Георгина не ги гледаше постарите и женетите со такво љубопитство – таа едноставно се разминуваше со нив како со дрвјата крај патот и нивните ликови ги забораваше брзо. Флорин Емборовски ѝ остави впечаток како човек којшто може да ја почитува и покрај вистината дека Данило веќе ја имаше донесено својата невеста. Кога се поздрави со Флорин, во неговите очи забележа нешто повеќе од почитување: желба да ја охрабри и да ѝ помогне свадбата на Данило да ја сфати како нешто кое се случува... На улицата имаше жени и девојки собрани во групи – но Георгина не сакаше да се задржува со нив. Жените престанаа да зборуваат и ја гледаа како да излегла гола. Се вртеа по неа и шепотеа. Некои од нив и завидуваа на убавината – но Георгина мислеше дека ѝ се потсмеваат. За нејзината љубов со Данило знаеја сите и кога тој донесе невеста од Греовник, Црноборје се крстеше во чудо и гледаше во тоа некоја сила којашто ги менува луѓето и судбините. Георгана одеше забрзано како да немаше многу време да гледа во луѓето по патот. Брзината во одењето ѝ даваше сила да ги среќава и да не поцрвенува зашто сите од неа го очекуваа тоа. Пред да го премине средниот мост којшто ја врзуваше куќата на Данило Лагунски со одборот на Црноборје – Георгина почувствува како одеднаш да ѝ се искршија срчи во главата и очите. Свирките и тапаните трештеа на вишинката – весели и пијани гласови допираа до реката како камења што се стркалале неочекувано. Кога дојде на мостот – патот ѝ го преградија момчаци од појасот којшто не беше регрутиран, таа ја нурна главата ниско, бараше излез меѓу нивните тела. – Пуштете ме да поминам – ги молеше тивко. – Не оди отаде река, Геортана, мостот е гнил... – Брзам кај тетка ми, пуштете ме. – Ќе те штипнеме за обравчињата, така им правиме на сите. Повиоокиот од момчињата ја фати за косата и ја тргна кон себе. Георгана се изви – но друго ја преграби за половината и ја лепеше на своите гради, се обидуваше да ја бакне во лицето... Да не плачеше по Данило сега имаше и причина, но таа постапи спротовно и самата незнаејќи како е тоа можно: се смееше и ја вртеше главата – влечејќи го напред своето јадро тело... Постапи меко и итро како со врсници и црноборјани – момчињата се пошегуваа и се тргнаа да помине на мостот... изврти сосем подалеку од патот што одеше кон Лагуновци и во заобиколување пристигна на горниот дел од куќата. Во дворот виде многу мажи и жени – сите свои другарки, на чардакот ѝ светна нешто бело и познато – невестата на Данило, којашто светеше од радост и задоволство, роднините капеа од милост по неа. Георгина се лепеше до оградата и чекаше да се појави Данило. Ја обзеде страв од темнината зад грбот и често се обѕираше назад – меѓу земјата и небото се креваше густо темно платно од кое одвај се наѕираа светнатите прозорци на куќите преку реката, како кандилца што догоруваат. Нејзе ѝ беше студено не од времето и облеката, чувствуваше како ѝ се потат стапалата во чевлите, а потоа и челото. Трепереше од желба да го види Данило – но тој не се појавуваше. Чардаците беа два натоварени бродови коишто ќе тргнат на пат оној момент кога меѓу земјата и небото ќе останат само светилките, а солзите во очите на Георгана ќе им помогнат да тргнат. Виде нешто навредливо во тоа на чардакот од Лагуновци да стои Дана од Греовник со прстенот на својата рака префрлен од Даниловата и тука оставен за векот. Не сакаше да мисли какви ѝ се очите и дали е поубава од неа: Дана беше грда кога можела да ја премине реката без да дознае за Георгина и за нејзината љубов. По едно време неколку свадбари тргааа право на неа како да ја гледаа. Георгина се исплаши и влезе во темното и дури откако им сврте грб, не знаеше каде треба да оди. ¥ беше студено и чекорите ги правеше како да ѝ ги подзема ветар и ги ниша. Пресече неколку улички и од страв да не се сретне со некој познат – излезе дури на долниот тек од реката. Црноборка бавно ја влечеше својата капната става и беше пукнатина во темнината на земјата. Георгина тргна по реката надолу со мисла потемна од ноќта и во еден момент слушна тропот на чекори зад грбот. Кога запре да наслуша – реката се влечеше како голема прекршена змија која бара некоја пукнатина да се вовре и тука да преноќи. Оној момент кога го одмина последниот мост од дабови штици цврсто поврзани на столбови брцнати во катран и во водата – Георгина почувствува како зад себе да има две сенки, но не најде сила да се сврти, а тргнувајќи надолу, ќе беше неоправдано да се врати наеднаш. Дури на едно место слушна удар на чевел од камен и се стрча надолу... Во моментот кога помисли дека нема излез од ноќта – пред неа, на падинката светеше куќата на Емборовци и Георгина се сети на Флорин, којшто можеби се вратил дома и ќе ја пречека. Пред имотот на Емборовци од Зевсов Рид надолу течеше мала рекичка без име и брегови – на која Георгина имаше заборавено. Зачекори по меко и наеднаш се најде во ладна вода која ѝ ја поткопа песокта под нозете и ја подзеде како пратче. Георгина извика во ноќта и над своите очи виде двајца во униформа со раце подадени кон неа како да ја бараат под матна вода. Нејзе ѝ се чинеше дека не ја гледаа. Целиот пат до куќата на Петруш Лескачевски – полицајците ја носеа завиткана во шинела од која капеше вода. ГЛАВА ТРИНАЕСЕТТА Дрвјата во Леските беа претворени во вретена и од нив се одмоткуваа каделки снег развеан како плева. Небото над Црноборје личи на насаден врав, а ветрот сив ждребец без огламник и со многу шајки во копитата. Небото и земјата беа доближени и мелеа бели каделки, а ветрот ги кинеше и тие долго се витеа над Црноборје и над главите на црноборјани коишто ги испраќаа своите регрути. Небото падна ниско и ги затвори патиштата од Црноборје до светот. Птиците се чичкаа на дрвјата пред снегот, за да не им биде фатено местото. Црноборјани излегуваа од своите дворови и не ги затвораа портите, зашто тоа можеше да биде лош знак за нивните синови коишто првпат одеа да облечат униформи и да копаат туѓа земја за своите глави. Излегуваа со чувство како да ги носат и своите постели и корените на старите лозници и крстовите на сите мртви од порано. Врз клепките им застануваа снежинки и се претвораа во солзи. Евросим Латунски чекаше Ефтим и Данило да се поздрават со своите невеети и да тргнат кон Зевсов Рид и оттука ќе го скусуваат патот до железничката станица стутулена во клисурата. Наталија не плачеше и Евросим гледаше во нејзиното лице зацрвенето од студот и од тежината на душата. Наталија го гушкаше Ефтим со чувство како меѓу нив да стои некој невидлив но дојден близу до прагот на дворот, некој затаен во викот на Наталија. Ефтим ја држеше така чиниш ја крие од некого. Теодорина имаше дебела црна плетка врз рамењата и стоеше до Наталија и Ефтим – чекаше да се погушкаат, а нејзмните солзи извираа и бараа место во очите. Теодорина му се спротивставуваше на своето меко срце што сакаше да се пресели во нејзините очи, но таа знаеше дека ни Ефтим ни Данило не се толку сами во светот и тивко отстапуваше место Наталија и Дана да си ги испратат своите момчиња – тоа што ќе им го каже таа, децата ќе го примат како шега и бргу ќе го заборават. Кога Наталија го прегрна Ефтим уште еднаш пред портата, Евросим сакаше да тртне напред сам, зашто и снаите и Теодорина, сакаа да ги исплачат уште неизлезени од дворот. Дана се срамеше од Евросим и Теодорина – таа оставаше Данило да ја бакнува и се вртеше настрана да не видат старите. – Ајде, Теодорина – гушни ги своите синови, возот не чека многу – рече Евросим со лутина во гласот, зашто и невестите и Дора ништо друго не правеа освен, што ги гушкаа Ефтим и Данило, и ги оплакуваа во сите ноќи откако се знаеше денот кога ќе тргнат од Црноборје. – Ќе ги гушнам, Евросиме – рече Теодорина наплакано. – Ќе ги гушнам и така ќе шетам со нив по светот. Ги криев од урокливи очи и на децата ништо не им се случи додека ги растев... Си ги женив и сега имам две златни снаи! Теодорина ги остави Ефтам и Данило и набрзина ги гушна Наталија и Дана – снаите стоеја олабавени и со неодредено чувство, потоа и тие почнаа да ја гушкаат Теодорина, а таа се расплака како да виде нешто кобно во нивната милост. Ги остави Наталија и Дана и пак им се врати на синовите. Ефтим и Данило во устите имаа насмевка како вода што ја задржале подолго, па се свртија настрана како да кашлаат. Теодорина тоа го сфати како навреда и ги крена рацете нагоре кон нивните глави. Евросим ги фати своите синови и ги истргна од рацете на Теодорина, којашто бараше нешто во појасот, да си ги пречека солзите во очите. Кога ги тргна настрана Ефтим и Данило – од чардакот трчанка се симна Морфа и му се фрли на вратот од Данило, го избакна по образите и вратот, му ја стегна глатата и остана така извесно време како да го брани од некоја сила. Ефтим гледаше во Морфа и Данило и сфати дека во целиот свет зад Зевсов Рид, не постои ниедна девојка што може така да се поздрави со Данило. Ја дочека од прегратката на Данило и ја подзеде како детенце кое нема чевлиња и затоа не може да биде пуштено на земја. Ефтим ја вртеше Морфа, а таа ги собра нозете нагоре и е смееше како да не сфатила на каков пат се тргаати Ефтим и Дшшло. Евросим ги истурка жените до столбовите на чардакот, ги почукна по главите како да ги рамни и пак се врати кај синовите. – Морфа, ајде остави ги војниците и наточи оцет за мајка ти. Ќе поплачат малку и ќе им помине. – Ти како да сакаш метла да повлечам по дворот, Евросиме! – рече Теодорина којашто ги имаше заграбено Наталија и Дана и собираше сили пак да стрча кај Ефтим и Данило. Беа поделени на мажи и жени. Во Црноборје таа поделба секогаш носеше непредвидени исчекувања на ридот и долу во клисурата, каде што се наоѓаше стутулена куќарката на железничката станица. Евросим се чувствуваше како човек којшто им одзеде нешто на жените, а знаеше дека никогаш не ќе може да им го врати. Го чувствуваше тоа во очите на Наталија и Дана, во очајниот израз на Теодорина, чии очи беа празни. – Наталија и Дана знаат дека нивните мажи се и мои синови, Влаинко! На Ефтим и Данило не им се потребни вашите солзи... Одете дома и најдете некоја работа за жени... Не е време мажите да ги кријат главите под скутниците на мајките и на жените... Ќе навикнат да одат со дожд во вратот и чевлите – да јадат што ќе најдат. Ефтим и Данило ги имаа кренато ранците и чекаа Евросим да појде пред нив. Евросим крена две плетени шишиња и тргна без да се врти кон жените коишто зачекорија во дворот со страв да не им се подврати некој од тројцата и да ги прекори. Пред да излезат од портата, Ефтим и Данило се обѕрнаа со израз на лицата како луѓе коишто сега одат полека, а штом ќе се скријдт зад вратата, мислат да бегаат. Пред дворот на Евросим Лагунски имаше два реда тополи како фурки на кои останале скупки бела волна. Кога излегоа од ракавот на тополите, свртија по патот што лежеше до брегот на Црноборка. Преку реката забележаа црновица мажи и жени со врзни и подмшки и козинави ќулавки на главите. На Евросим му се стори дека од небото се подаваат безброј невидливи долги раце и со големи креди ги прецртуваат луѓето. По врбаците се пепелавеа врапци со накострешени пердуви и свиркаа отсечно како да си даваат знаци. Црноборка имаше бели меурчиња на своите студени усни, како да прележала треска, а сега блада од дното. Пред да пристигнат на средниот мост под кој Црноборка беше најширока на целиот тек низ селото, по патот за Света Петка слегуваа двајца со торби на грбот. Првин на Евросим му се стори дека луѓето носат јагниња, зашто торбите беа шарени и луѓето почесто ги потфрлаа на грбовите. Кога се доближија, Евросим го позна питропот Дане Проевски и неговиот син Панарет, облечен во црна долга мантија од која не се гледаше дали е бос или какви чевли носи. На Евросим тоа му најправи впечаток и запре до парапетот на мостот од внатрешната страна, а Ефтим и Данило во разговор го врвеа мостот. – Добро утро, Евросиме – рече Дане и ја пушти раката на Панарет. – Не знам дали ќе го стасаме возот? Евросим ги пушти шишињата со вино пред себе и се ракува со Панарет. На Дане Проевски тоа му направи чест и се израдува што Евросим ги чекал заедно да влезат на мостот. – И ти не си молел за синот? – рече Евросим учтиво и одвај насмевнат за својата тврдоглавост и за она што Данило му го рече в лице на полковник Сидерос. – На нашите синови им дојде редот... Ниту тие молеле да пораснат, ниту пак ние, Дане можевме да прифатиме такви лигавици... – Отец Пелагонит го замолил гооподинот Сидерос за Панарет, но тој одбил, зашто чекал неговиот татко да падне на колена... Ние, Евросиме, свикнавме да му се молиме на небото... Кога му се молиш на небото – никој не те прекинува и мислиш дека сè тргнало нагоре и дека ќе стаса до неговите уши. – Во Црноборје не видов некој да се моли надвор од црквата... Ние сакаме да се молиме ама не знаеме колку треба да ја наведнеме главата... – Така е, Евросиме, ние имаме маки од главите – Зошто синот не се преоблекол, Дане? Панарет се врткаше пред Евросим како да му паднале панталоните – поцрвене, иако неговото бледо лице не може да задржи таква боја. – Може да има среќа во мантајата, Евросиме... Бргу ќе ги преоблечат во војничко – а и немавме костум за Панарет... Евросим ги крена шишињата и тргна по мостот. Дане и Панарет одеа по него како луѓе коишто не го знаат патот и гледаат само во Евросим тргнат пред нив – но неговиот долг чекор брзо им ги задиша носовите. На спротивната страна чекореа стари и млади црноборјани со ранци, торби и вреќи на грбовите, одеа во групи и прикажуваа тивко, меѓу себе... На железничката станица полковникот Павлос Сидерос имаше направено мала трибина со зеленика изврзана на столбови. Пред вагоните стоеја војници со оружје в раце и не оставаа селаните да дојдат до пругата. Освен од Црноборје, на оваа железничка станица пристигнуваа регрути од голем број крајезероси села и од планината. Меѓу оние од повисоките места имаше многу селани со фенери в раце – зашто од нивните села до станицата во Црноборје лежеше голем појас шума, а тие тргнале од темнини за да го стасаат возот. Локомотивата фрлаше јата искри што умираа пред да се развеат на ветрот. Пристигнуваа поројници луѓе од ридјето и се делеа во групи. Сидерос и Ставропулос на група офицери им даваа списоци и упатства – вјасаа да ги натоварат регрутите и да се засолнат на суво и топло. Машиновозачот се опираше на прозорецот од локомотивата и гледаше рамнодушно во луѓето коишто тажни и наплакани разговараа со своите синови. Евросим Лагунски и Дане Проевски со синовите пристигааа во моментот кога офицерите ги читаа списоците. Ефтим, Данило и Панарет влегоа во најголемата група црноборјани и кога офицерот ги изговори нивните имиња – тие одговорија отсечно и со некоја коравост во гласовите. Тоа му се допадна на Евросим и веруваше дека неговите синови не ќе бидат ни меки ни мижурковци во униформите. Пред да ги распоредат во вагоните, од падините на Зевсов Рид се појавија две жени со чадори над главите и маж со топол калпак. Евросим се загледа нагоре и во мажот го позна својот брат Филип. Се издвои од другите колку да го забележи Филип и кога наближаа – тргна кон нив и се ракува со Корделија и Нора. – На Зевсов Рид ќе нè кренеше ветрот! – рече Корделија и го свитка чадорот, зашто некои од селаните гледаа на тоа како на нешто што човек може да го види само во циркус. Дури и се потсмеваа – иако ни времето ни настанот не даваа многу повод за шеги. Нора гледаше во момчаците што стоеја во групи – ги бараше Ефтим и Данило, зашто само нив ги знае. Ја обзеде чувство како со жените да се случило нешто многу страшно – зашто тие беа реткост меѓу грбовите мажи. ¥ се чинеше дека сите овие луѓе се собрани да направат нешто грдо и страшно од кое подоцна ќе се расплачат жените, секоја во својот двор, додека плете, меси или пере, додека го дои детенцето во лулката, или кога ќе се враќаа од чешма. Во еден момент ги сретна очите на Данило и поцрвене како да е виновна за нешто. Корделија го дофати нејзиниот поглед и скришно ѝ трепна со окото да дојде зад неа, Нора си го истри лицето со дланките зашто и самата беше свесна дека е поцрвенета. Евросим и Филип прикажуваа нешто тивко и не обрнуваа внимание на жените. Во клисурата беше заветрина и мајна – снежинките тука паѓаа како глуварки и се правеа грб, растеа над земјата и за кусо време побелеа ридовите и земјата врз која не газеа луѓето. Само на она место на кое се шеткаа селаните и на кое стоеја регрутите, снегот не можеше да се задржи и се претвораше во леплива кал. Група војници зафатија да ги отвораат вагоните со чкрипење и напор – а селаните се загледаа сите во едно место. Во вагоните имаше постелено сено врз кое ќе спијат регрутате до местата каде што се распоредени. Ефтим и Данило се издвоија пред да влезат во вагоните и набрзина се поздравија со чичко им Филип, со Корделија и Нора. Во моментот кога Данило се поздравуваше со Нора, Евросим, се сврте настрана како да очекуваше удар по тилот, а имаше и зошто: Данило ја бакна Нора и на Ефтим тоа му се стори како да се повторува глетката од нивниот двор, кога брат му се просгуваше оо Дана. Сите очекуваа вагоните да се наполнат и да тргнат. – Бидете добри војници и не срамете го Црноборје! – рече Нора за да ѝ помогне на Корделија во срамот од Евросим. – Од Филип слушав многу фалби за црноборјанските војници, а вие можете да бидете и подобри од сите пред вас... Во моментот кога Ефтим и Данило се готвеа да тргнат, од мраварникот мажи и жени се појави Георгина во темносино зимско палто со бела јака крената до ушите. Данило се сврте кон Евросим, поцрвене во вратот и ушите, направи чекор настрана, но Георгина веќе беше близу и нешто му зборуваше зад грбот. Корделија и Нора имаа израз како да сакаат да тргнат напред, но останаа на ледината со очите отворени... Евросим и Филип се погледнаа молкум и ништо не им дојде ни на ум ни на јазикот. Гледаа во Георгина која спокојно чекаше Данило да се сврти кон неа – но тој веќе беше блед и не знаеше како се истргнуваат нозете од ледината на која стоеше како да е паднат од високо и чека земјата да се отвори под него. – Данило, поздрави се со Георгина, што гемчиш! – му викна Евросим, за да не направи нешто од кое подоцна може да се срами или да се кае. – Поздрави се и брзај да фатиш место во вагонот... Кога се сврте кон Георгина, Данило беше облеан во вода. Таа пак имаше големи и топли очи со боја што не се одредува – како на ангел. Георгина го галеше со своите очи, а Данило дури сега почувствува дека го остави и Црноборје и своите, дека ја остава Георгина, како нешто кое му се чинело дека му е ветено на денот од раѓањето... – Честито невеста и среќен пат, Данило – рече Георгина. – На свадбата не можев да дојдам, ти не ми се лутиш за она што ти го рече Томика...? Човек кога нема ништо во срцето и во душата, може да ти каже многу работи што ќе те заболат... Никогаш не мислев дека можам да ти речам такви зборови, Данило... Ти се налути за она што ти го рекоа други... Јас не се согласив кога ме побара онаа ноќ, зашто пред тоа ми велеа и за тебе и за татко ти, а никогаш не мислев дека татко ти и ти, Данило, сте такви луѓе... – Не, Георгина – јас не ти се лутам... Ако се мажиш пред да се вратам, ти честитам, Георгина... Твојот поздрав ми е мил – ќе ме топли во вагонот со којшто ќе патувам... – Ке чекам да се вратиш, Данило... – Не мисли на тоа повеќе, Георгина, јас имам жена... – На Дана ќе ѝ помогнам во чекањето... ќе мислиме двете на тебе – една од нас ќе те пречека... – Вие што останувате во Црноборје, Георгина, полесно ќе дочекате сè... И Божик и свадбите што ќе се прават и оние што ќе се вратат... Мислам дека некој сепак ќе се врати од сите нас... погледни колку младост патува, Георгина... – Мојата патува со тебе, Данило... Во очите на Георгина висеа две големи солзи и Данило посака да ја гушне, пред сите да ја успокои – но потака, се сретна со тврдиот поглед на Евросим, којшто го прекоруваше за тоа што се покажа помек тука одошто пред Дана. – Збогум, Георгина... – Со здравје, Данило... чувај се и не заборавај ме... Оние што беа влезени во вагоните им подаваа раце на момчињата што ги местеа нозете да се качат. Кога вагоните беа наполнети – војниците пак ги затвораа вратите со трескот и селаните почнаа да се крстат на ледината. Локомотивата изригна бел чад и тргна по снегот. На малите прозорчиња со многу решетки се нанижаа очи, но никој не знаеше чии се – тоа беа лица и очи на некои војници во вагоните. Луѓето се враќаа дома со портретите на своите синови и молчеа. ГЛАВА ЧЕТИРИНАЕСЕТТА Грчките војници во Игленица копаа подлабоко во гробовите на црноборјани. Копаа ноќе и влегуваа во земјата како да ги бараа коските на мртвите од претходните војни, или некое ретко тврдоглаво семе што не го нашле патот до светлината и небото. Копаа секој со својата лопатка за главата на некој друг војник којшто ќе биде земен на нишан оддалеку и кога не ќе се надева дека може да умре во земја со коски од народ чиј јазик и крв не се грчки – а сепак на Томори и во Москополе ги прати своите синови под туѓа команда и туѓо знаме. Грчките војници коишто копаа по Игленица и Габерник – ретко слегуваа во Црноборје, зашто така им нареди Сидерос. Сè додека командата на зоната ја имаше Клеон Ставропулос, грчките војници залогорени во Игленица, Габерник и Леските, во групи слегуваа во селото, пиеја вино во крчмата на Поликсена, задеваа млади црноборјанки со свирка и сопка, стоеја крај реката и гледаа во народот што си ја гледаше работата во дворовите и полето, ги пречекуваа кога славеа празник на светец или именден на свој... На Павлос Сидерос тоа му пречеше и нареди војниците да не слегуваат во селото, да не се мешаат со селаните, зашто тоа го бара и угледот на грчката армија и безбедноста на нејзините војници. Сидерос на војниците од дивизијата залогорена над Црноборје им кажа приказни од кои се крева и крвта и косата – црноборјани чувствуваа дека војниците почнаа да се плашат од нив, а тоа беше начин да се роди омраза и мисла на одмазда. Клеон Ставропулос црноборијани ги гледаше од некоја своја перспектава, го почитуваше нивниот труд во полето и чесноста во исполнувањето на обврските спрема државата и командата. Зимата и војските го заградија Црноборје во два обрача. Од селото излегуваше само Црноборка со своите темносини водје, чија боја се одразуваше во снегот стврднат крај нејзините брегови и чадот од оџаците на куќите. Кога се гледа од високо – од Зевсов Рид или од камбанаријата на Света Петка, покривите на Црноборје личат на парталава ракавица од која ѕиркаат црвените оџаци, како смрзнати прсти. Птиците се собираа на врвот од оџаците како муви на рана – гракаа зарипнато, како да кашлаа од чадот на боровината што црноборјани ја гореа неисцедена и неделкана. По заминувањето на регрутите и петте појаси машки глави – Црноборје заличе на бочва со олабавени обрачи и исцедено вино. Тоа што вриеше во селото – младичите коишто имаа по една девојка во секое село до кое стигнуваа одејќи пеш или јавајќи незаседлани ждрепци – сега риеја во туѓа земја и чекаа небото да падне врз нивните глави. Отец Пелагонит виде нешто страшно на небото во копањето на грчките војници по Игленица и Габерник и ноќе ги отвораше своите големи книги со црн повез и златни крстови. Во матни времиња и во злосторничките намери и златниот крст може да се претвори во штик на кој му треба густа крв за да не фати 'рѓа. Отец Пелагонит се плашеше од полковникот Сидерос и внимателно ги проучуваше неговите наредби и постапки што се однесуваа за Црноборје. Тој му помогна на Евросим Лагунски да го одбијат списокот на Сидерос и на Филип, во којшто се предвидуваше отпразнување на Црноборје, за неколку машки глави, во кои, според тврдењето на Сидерос, се изроиле многу црвени муви. Сидерос попушти и смисли нешто потемно во својата тркалезна глава. Од луѓе со мали очиња – не можеш да се криеш, мислеше отец Пелагонит, враќајќи се од манастирите што ѝ припаѓаа на Света Петка, зашто тие гледаат во една точка и влегуваат подлабоко во душите на луѓето. Отец Пелагонит својата фамилија ја најде изгорена летото 1903, кога брадата му беше сè уште кревка, а расото му се влечеше по земја. Оттогаш не помисли да отвора огниште – зашто во срцето имаше многу пепел и се уверуваше дека ќе ја развее од камбанаријата на Света Петка. Горе, во манастирот сестра Катерина беше неговата небеска љубов и отец Пелагонит двапати молеше да не ја преместат... Неговото срце беше закачено на два крста од камбаните на Света Петка и на манастирите. Летото одеше често и со Катерина разговараа тивко и нежно – а тоа го знаеја и калуѓерките, па ги оставаа насамо, сè додека Катерина не ја претвореше својата душа во небеска благост. Кога се среќаваа и кога беа сигурни дека се сами – отец Пелагонит го вадеше својот голем сребрен крст од вратот и се восхитуваше од убавината на телото на Катерина, која имаше и долга црна коса и во тие моменти на Пелагонит му личеше на самовила излезена од езерото, па легнала да си ја супш косата, да ги види земните убавини и пак да се врати во своето царство. Отец Пелагонит и сестра Катерина имаа десетгодишен син роден и оставен кај мајка ѝ во Солун: кога одеа да го гледаат, тргнуваа во различни денони и така се враќаа, за да не им ги потврдат претпоставките на калуѓерките. Црноборје не знааше ништо за тоа и во ликот на отец Пелагонит го гледаа симнувањето на господ и неговиот ôд по нивната земја... Отец Пелагонит беше загрижен за Христос и неговата златна глава – на која паднаа многу снегови откако е кренат до портата на Света Петка. Црноборјани се гордееја што имаа Христос со златна глава во која мислите на небото никогаш не ќе се претворат во црвје. Удирањето на војничките копачки по срцето на Игленица, црноборјани и отец Пелагонит ги доживееја како урнување на нивниот свет и на златната глава на Христос. Неколку ноќи по ред отец Пелагонит и питропот Дане Проевски се качуваа на камбанаријата и наслушуваа... Една ноќ на двајцата им се стори дека се урнаа камењари – како да се отвора небото, но не за слегувањето на господ, туку за доаѓањето на некоја несреќа која ќе остави само пепел. Тогаш ја удрија камбаната и во дворот на црквата црноборјани дотрчаа кој како нашол – мажите се качуваа на камбанармјата, гледаа светкавици што се топеа врз снетот, а потоа им беше темно во душите и на очите и тешко го наоѓаа патот за надолу. Клеон Ставроиулос и Павлос Сидерос постојано шетаа со џип или на коњи – излегуваа до прутата и на џадето, гледаа во возовите коишто од границата спрема внатрешноста на Грција носеа ранети војници и стануваа молчаливи и сурови, ги собираа селаните и бараа да изнесат жито и вино, овци и кокошки за војниците чија крв течеше по снегот, без да допре до земјата. Црноборјани даваа и плачеа за своите синови – ги празнеа амбарите и бочвите, ги опустеа кокошарниците и трлата – ги фати страв дека ни тие ни нивните синови, не ќе ја презимат новата, 1941 и дека напролет зелено ќе никне само нивното семе и кога ќе поминат туѓи војски по нивните ниви – ќе им го сотрат и коренот и името. Стравот доаѓаше под земја како ѕверка која има многу рогови и очи. Црноборјани пак ги наточија секирите и ги држеа зад портите – од мутлите ги симнаа пушките, ги триеја ноќе на борина и гледаа во цевките и во некој крст што светка далеку како да ги вика нивните глави... Две војски риеја во земјата во која селаните го криеја своето семе и својот корен... Во весниците не пишуваше ништо – црноборјани дури подоцна разбраа за тоа дека Италијанците направиле клин во грчката војска и тргнале на Олимп и Кожани, зад грбот на Црноборје. Над селото летаа црни птици со отворени клунови и врз снегот капеше црн дожд и тонеше во земјата. На Зевсов Рид се појави јато црни големи птици, чии клунови гракаа над Црноборје и над реката. Евросим ги собра селаните – им ги прегледа секирите и тргна пред нив, нагоре. Кога се доближуваа до птиците им се чинеше дека надолу се тркалаат црни камења – излезени од нивните клунови. Луѓето се плашеа зашто никој немаше видено такви птици од кога постои Црноборје и книги напишани за него. Птиците имаа големи тела и куси крилја со малку пердуви и голи вратови. Грчките војници беа окопани подлабоко од гробовите на мртвите црноборјани – тие ја презимуваа зимата, веруваа дека ќе ја превојнат и војната, а Црноборје го оставија без младата крв. Евросим Лагунски гледаше во птиците и ја креваше секирата над својата глава – така правеа сите црноборјани тргнати да бранат. Кога селаните ги кренаа секирите до кај што им стигнуваа рацете – птиците летнаа сосем малку и пак се разгракаа. Кога стануваа и тргнуваа по нив – тие гракаа како врз земјата и главите да истураа голема тежина ситни железни парчиња од кои глувнеа ушите и болеше главата. Ги присилија да летнат од Зевсов Рид – но тие свртија кон Света Петка... Тогаш Дане Проевски се досети и ја удри камбаната и птиците почнаа да паѓаат како да се удрија во дебел ѕид и долто се прпелкаа пред да умрат... Црноборјани се вратија назад со скоравени усни и со папсани нозе. Изострија нови лостови за портите и ги потпреа однатре: надвор останаа само нивните синови и зимата под која лежеше семето и црвјето што го напаѓа сè додека не ја пробие земјата и снегот. Отец Пелагонит на златната глава од Христос му стави 'рѓосан шлем откопан од црноборјанската земја без војникот што го носел – а го фрлил пред да тргне на небото, или долу каде што се патува со фенери и без страв од зимата и војната. Грчките војници длабоко се закопаа и беа посигурни од семето во нивјето на Црноборје. Евросим одеше по куќите на селаните и ги заколнуваше да не му го спомнат името ако се открие дека земјата голтнала многу жито и бочви вино. Црноборјани го честеа и тој им направи голема радост што ги прашуваше за синовите на фронтот и за здравјето на старите, кои не излегуваа од дома. Шеташе од куќа в куќа и вардеше никој да не знае што ги советува да направат. За да биде сигурен во тајната од која можеше да падне името и главата – Евросим го носеше и отец Пелагонит, со котленце и босилек во рацете, така му ги попрска очињата на Сидерос – но тој сепак разбра и го изостри јазикот. ГЛАВА ПЕТНАЕСЕТТА Црноборје има уште бели денови – рече отец Пелагонит и го симна крстот од вратот пред да ја крене секирата и да удира во боровото стебло кренато во обрач од замрзната земја. Црноборјани десет дена сечеа борови во Габерник и правеа дрвенарки – почнуваше нивниот живот на трња и колје, зашто кон селото имаа тргнато војски со ножови во устите и ракавите од шинелите. Сечеа ноќе и коваа до зорите, а потоа се враќаа во Црноборје и се моткаа во кералите и дворовите, полнеа качиња месо и туршија, крбли вино и плетени шишиња пресно варена ракија. Жените се врткаа крај мажите, ги сопкаа во работата и мислите, претаа по своите невестински сандаци, ги параа срмите и скапите пари од своите невестински рува, закопуваа во дворовите и шталите скапоцени предмети наследени од мртвите, палеа кандилца пред иконите, се крстеа паднати ничкум, како да ги удрила ровја по главите. Не знаеја ни кој пат да го фатат, ни кому да се молат, ни кого да проколнат. Мажите сечеа стебла ноќе и во зорите се враќаа со душите на носовите и со мразулци во мустаќите и веѓите, ги собуваа чевлите со офкање и пцости, им ги тргаа вратовите на петлите, ги отвораа чеповите на крблите и бочвите, ставаа глава и уста одоздола, пиеја и чекаа над Црноборје да падне небото, да се искине бисерот на ѕвездите што ги гледаа кога беше ведро, а потоа секој со својот фенер да ја бара својата ѕвезда, да си ја залепи на челото и со неа да си отвора пат во шумата и снегот, да ја фрли кога ќе престане да свети, да исече габер и крст да скова од него, да удира ѕверови и луѓе по муцка, да пие млеко од волчици по Леските, да умре сам и далеку. Кога разбраа дека нивните синови ги запреле Италијанците – црноборјани се исплашија да не легнале како камења на нивниот пат, чии глави во шлемови, ќе ги шуткаат други војски, кога ќе треба да поминат на тоа место каде што нивните синови лежат мртви и незакопани. Дури откако Клеон Ставропулос им кажа дека нивните синови се влезени во дивизијата на која името ѝ стасало до кралот и до Метаксас – тие се почувствуваа горди на коренот и крвта, појасите наутро ги врзуваа со мисла дека Мусолини може да биде кутнат пред да нагази врз црноборјанската земја полна со семе и набабрена како здрава и млада трудна жена, легната под бело веленце со реси и со очите спрема небото. Дане Проевски уште еднаш им ја удри камбаната во зорнини и ги натера да рипнат од креветите на своите жени, како да се фатени во грев и во опасност. Камбанаријата на Света Петка личеше на издолжен врат од сита гуска која, гака од радост што живее: грчките војски ја имаа преземено Корча и газеле по албанската замја, превртувале ридје како тикви печарки во полето, народот ги пречекувал со матарки топла ракија и грниња мед, зашто, Италијанците им дошле по земјата и трчале по Албанките. Црноборјани се искачија пред Света Петка и долго стоеја загледани во камбанаријата и во Дане Проевски, којшто имаше слушнато убави вести за својот син Панарет, на кого не му ја избричиле брадичката, ниту му ги соблекле панталоните, да видат дали е способен за војска. Евросим којшто доби писма од Ефтим и Данило – во градите имаше две срца и викаше во чест на војниците што ја презеле Корча и останале живи и негибнати. Дрвенарките во Габерник беа направени под диви лозници чии стебла се преплетуваа и правеа лагуми. Отец Пелагонит не го стави крстот на вратот сè додека не беше крената нова населба, во која требаше да се пресели и да презими Црноборје. Среќата на црноборјани по преземањето на Корча од грчките кралски војски – траеше многу кусо и брзо се покажа дека напразно удирала камбаната на Света Петка. Небото се исцеди како виме и висеше над Црноборје во танки бледи облачиња од кои и сонцето лесно пробиваше пат до земјата покриена со дебел снег. Два дена пред да заминат во дрвенарите, на Габерник – от кај железничката станица се појавија колона италијавски војници, слезени од возот пред станицата во Црноборје, зашто ноќта Италијанците бомбардираа и ја урнаа пругата и дел од тунелот. Кога се појавија војниците на ридот – многу црноборјанки вадеа леб од фурните и се готвеа за зимовиште во планината. Крај колоната ранети и забрадени италијански војници – поврзани за рацете како да беа слепи, одеа десетијна грчки војници со оружјето в раце, како што црноборјани ги носат остените зад воловите впрегнати во јарем и пикнати во длабока бразда. Мажите беа во планината и го довршуваа новото дрвено село – а на жените им падна жал за плениците, свиткаа во скутниците леб и сирење и тргнаа по колоната, којашто реката ја помина на горниот мост и оттука го продолжуваше излегувањето на солунското џаде. Жените завјасаа со топлиот леб во скутниците и на ридот зад Света Петка ја стасаа колоната, која не можеше да оди многу вјасно. Грчките војници првин ги одбиваа жените, но тие молеа и се крстеа, сакале да им се фати за нивните синови на фронтот, Кусо црно водниче со уста потемнета од гнили заби, се издвои од колоната и застана со лицето кон жените, кои со мака ги вадеа своите нозе од снегот и беа зацрвенети од студот и брзањето. – Каде сте тргнале, жени?! – им свика и мавташе со оружјето пред нив, како да ги удира преку очи. – Да им дадеме од лебот за душа на умрените – рекоа неколку жени загледани во водникот што стоеше закачен во снегот како петел долетан од друг двор. – Тие ги убиваат вашите синови, а вие им носите леб! – Такво е времето – и нашите синови може ги убиваат нив, а лебот е за луѓе – велеа жените и се доближуваа со несигурен чекор. Колоната италијански пленици беше запрена во снегот, на сртот, пред да влезе во поголема длабнатина, низ која некогаш течеле поројни води. Италијанците тажно гледаа во жените и молчеа. Водникот се сврте и тргна кај колоната, што се завлече по снегот како синџир, чии алки не се поврзани убаво. Синџирот пленици се урна во снегот во длабнатината и кога жените дојдоа до работ – војниците веќе беа наближени до нагорницата од другата страна. Во подножјето беа запрени водникот и десетина грчки војници и гледаа што ќе направат жените. – Им се обесивме на вратот, ене ги почекуваат... Ќе го земат лебот и ќе им дадат на плениците... Грците се во своја војска – имаат и ранци и леб во нив, но тие, кутрите, немаат ни круни на капите.. Изврзани се како да имаат заушки... Четирите жени и двете девојки беа зафатени со снегот пред себе и со мислата да не го вратат лебот и сирењето дома. Нека го земаат од нив – а потака, можат да го фрлат во снегот. Водникот пак стоеше пред жените, но овојпат имаше и насмевка во очите. Тоа ги охрабри жените и тие не запреа како првиот пат преку вишинката. Одеа со израз на лицата како да го победиле водникот и неговата наредба да не остава цивилни да им се доближуваат на плениците. – Вие сте тврдоглави жени! – рече водникот насмевнат. – Не е против господ и обичаите, на гладните да им се даде леб – рече постарата меѓу жените. – Освен леб и сирење, што друго носите? – праша водникот. Жените се погледнаа меѓу себе и не сфатија што се крие зад тоа што прашува водникот – но одговорија како што мислеа дека е правилно. – Ништо друго не носиме со нас, освен лебот! – Не е исклучено жените да носат и оружје! – рече водникот нашега. – Какво е времето, човек од ништо не треба да се чуди!... Ние фативме жени во панталони и капи – истрижани како машки... Само што не можеле да им најдат од оние работи, за во панталоните... Некои од жените се насмевнаа на глас, други срамежливо ги наведнаа главите. – Дајте што носите ваму – на едно место – рече водникот. А вие – оставете го оружјето и прифатете го лебот и другото од жените – тие треба да се вратат. Војниците од пушките направија ставини – како сенка во жетва. Ги извадија шапките и ги обесија врз цевките на пушките. Жените стоеја со раширени скутници и чекаа да го предадат лебот. Водникот на една од нив ѝ го одврза скутникот и врз него собра сè што носеа жените. – Нека им се фати за нашиге на фронтот – рече постарата и стоеше во снегот ослободена од товарот и од секаква лоша мисла. Водникот шлакна по задницата една од девојките, а таа се сврте како ѕверка кога е скубната неочекувано и му плукна во лицето. Тогаш водникот ја дофати за рамената и ја кутна во снегот. Другите жени се обидоа да помогнат, но војниците тргнаа кон нив, па од поза да нападнат, свртија да бегаат по снегот. Војниците стрчаа по жените и секој фати по една... Тие се бореа и во тргањето оставаа дел од облеката, а војниците ги куткнаа по снегот и лежеа врз нив сè додека жените не заплакаа пропаднати во снегот од својата и од тежината на војниците. Снегот пропаѓаше под телата на жените и нив им се стори дека земјата ќе појде надолу и тоа место никогаш не ќе се израмни. Жените тивко плачеа во снегот и ги затвораа своите очи – немаа ни време ни сили за бегање и викање. Војниците беа повеќемина и оние што немаа фатено жена – ги тргаа за рамената легнатите, ги фрлаа настрана како нечиста постела и легнуваа врз жените кои си ги криеја очите со рацете. Сосем понастрана кусиот водник се провираше како сновалка меѓу заголените нозе на девојката што му плукна во лицето – паѓаше долу и се исправаше како некој да го трга за темето, пцуеше гласно и мавташе со рацете во снегот и по едно време, девојката со искинати рамена дојде врз него и се слушна задушено стенкање под снегот. Војниците ги имаа расфрлено шинелите врз снегот и со одврзани панталони им влегуваа на жените, меѓу нозе, а тие продолжуваа да плачат и стенкајќи, поднесуваа сè што им правеа војниците. Од градите на девојката врз која се сменуваа четворица војници – се јавија црвени конци и течеа надолу по мевот. На ридот се појави отец Пелагонит кој беше во црквата кога помина колоната пленици – а не ги виде жените кога тргнаа по нив. Стоеше на вишинката како брест удрен од молња – висок и уште поцрн во снегот. Тогаш војниците што не лежеа над жените – ја видоа неговата фигура како лош знак што ќе се втисне во нивната судбина, си ги кренаа панталоните и шинелите, свикаа на брзина кој што смисли и стрчаа кај пушките и шапките. Во стравот и брзината си ги разменија капите и пушките – секој дофати што му беше најблизу до раката и бегаа по снегот нагоре... Погоре од длабнатината, само по кошула и скриена меѓу смреките товарени трнки и снег, трепереше девојката што го плукна водникот и гледаше долу во длапката каде што тој ја имаше стуткано да ја бесчести. Од снегот се подаваа чевлите на водникот, чиниш бараа цврсто место да нагази и да излезе од длапката. Жените постепено се освестуваа и се гледаа наплакани и засрамени. Потоа станаа и кривкум си ја собираа облеката и клекнуваа во снегот да се суредат. Се прикрепуваа меѓу себе и кога забележаа дека ја нема девојката што беше нападната меѓу првите – стрчаа на местото каде што мислеа дека загубила свест и повторно ги затворија очите. Една од жените ѝ го зеде фустанот стуткан во снегот и станипадни се враќаа назад... Дури кога дојдоа до смреките, девојката се исправи во кошула и со бушава коса, а жените цикнаа од страв и ги кренаа рацете врз своите глави... И помогнаа на девојката да го облече фустанот и одеа по неа со чувство на учесници во злосторот. – Тој е мртов – рече најстарата меѓу нив и со страв погледна назад во снегот каде што беа наладнати. – Знам пред сите вас – одговори девојката како под снег. – Како ти се вдаде и од каде толку сила? – пак рече постарата жена и завјаса до девојката чиј врат беше претворен во гребнатини. – Ние како кокошките, а ти излезе петел... – Ме стисна за вратот и сетив дека ми скрцка гркланот, загубив здив и снегот ми потемне... Го откошнав и дојдов над него... Мислев да го пуштам и да побетаам – но тој ме држеше цврсто... Притаскав на гркланот од страв и сетив како клоца во снегот – а потоа очите му побелеа и ме фати голем страв... – Проклети пленици, подобро мртви да беа! – рече жената што беше најстара. – Ни ја зедоа честа и здравјето ќе ни го урнат... Жените задишано ги истргнуваа нозете од снегот и на вишинката запреа како пред нов и уште поголем страв. Го видоа отец Пелагочит којшто стоеше и чекаше да се искачат горе. Жените стоеја закачени во снегот и не знаеја што да направат. Отец Пелагонит им мавна со својата долга рака и тие тргнаа по неговата трага. Ги носеше во Света Пегка – им ја отвори вратата на едно куќарче во кое имаше печка и кревети. Тука тој ги пречекуваше гостите што доаѓаа од манастирите и од другите цркви во крајезеросиот појас. Кога влегоа во одајата, жените сакаа да остават нешто во тремот – но не знаеја што. Печката црвенееше од сила и трепереше. – Стоплете вода и измијте се пред да си одите кај своите мажи... Кога ќе излезете оттука заборавете дека сум ве викнал – во животот има и поцрни денови. Кога излегуваше од одајата, отец Пелагонит имаше солзи во очите. ГЛАВА ШЕСНАЕСЕТТА Семето што црноборјани есента го фрлија во земјата, фати корен и со своите кревки зелени рокчиња постојано ја дупчеше земјата и се надаваше врз снегот. Грчките војници беа окопани подлабоко од семето на селаните и можеа да му го свртат коренот спрема небото. Тој што успеа да влезе подлабоко во земјата и што ќе истрае во нуркањето без воздух и сонце – ќе ја преживее и зимата и војната од 1940. Црноборјани од својата дедовска земја можеа да направат сè што ќе им посакаше срцето и што ќе им смислеше умот, но најтешко им беше да прават гробови за своите синови. Во Мраморино откопуваа коски и црвје, закопуваа блиски и мртви, коишто стануваа коски и црвје. Кога доаѓаа туѓи војски во нивната земја – црноборјани ги облекуваа нивните униформи, ги пееја песните на војската, го зборуваа јазикот на генералот, којшто постојано им се потсмеваше и не ги сметаше ни свои ни тоа што беа. По секое заминување на туѓите војски, црноборјани знаеја дека небото и маглите пониско паѓаат врз земјата, дуваат нови ветрови, лазат нови болесги. Во зимските мугри над Црноборје и реката не постои знак оцртан во прозорците или во очите на луѓето што се разбудиле рано. Снетот добива боја на брашно од бела пченица и црноборјани по тоа знаат дека до изгревањето на сонцето, треба да се чека уште долго. Кога нема магла небото личи на ладен сач кренат високо за да нарасне снегот и да ги скуси дрвјата во планината. Првпат откако знае за себе и за светот, Евросим Лагунски се најде во чудо до небото, кога сфати дека не задржал ниеден петел во кокошарникот. Кога се излупи од веленцето – Теодорина му се виде како бел топол леб со убаво испечена кора. Ноќта ја поминаа заедно и не зборуваа за Ефтим и Данило. Откако заминаа синовите Евросим пак се почувствува сè уште млад и силен – но му беше срам од Теодорина, која што со ламбата в раце стануваше ноќе да ги покрива Наталија и Дана – се врткаше во тремот пред да влезе кај него, зашто не сакаше снаите да помислат дека таа не може без Евросим на овие години и во такво време. Евросим се облече во топло палто обложено со крзно сивикава боја. На парче огледало и под светлината на ламбата го намести калпакот и кога погледна низ прозорецот што ја опфаќаше куќата на брат му Филип – забележа мала процепка светлина како испаран конец во плетка. Кога излезе во дворот почувствува како некој да му ги фати ушите со клешти и високо ја крена јаката од палтото и зачекори по крцкавиот снег надолу кон Филипа. Мислеше на стапиците што Сидерос ги ставаше на секој чекор и збор, на оние мали игриви очиња, како оси што не собираат вистински мед, но имаа сила да уништат или да потчинат цело улиште. Евросим не сакаше на овие години да биде надитрен од едно дебелко човече кое освен себе ништо друто не гледа ни на патот ни во светот. Евросим почувствува како да ги собул чевлите кога влезе во дворот на Филип: тука снегот беше изринат и ногата газеше на плочки. Се шутареше во дворот на својот брат и не беше сигурен дали Филип успеал да се одлепи од Корделија, „Луда Гркинка – нашла време да се мажи... Убава е и умна, зар не можела да најде некој нејзин таму, во градот, до Филипа ја дотерала среќата... Може тој пес, мојот брат, да научил многу работи – што друто правел летото во градовите?“ Корделија го тргна пердето и го втисна своето лице во стаклото: Евросим виде како ѝ се стрткалаа очите и кога го забележа деверот – излезе на вратата и го викна од чардаскот: – Влези, имам стоплено ракија, Евросиме... – Да не си го сошил веленцето за грбот на мојот брат?! – Не е тежок на сонот, стана пред мене... Евросим се искачи на чардакот и влезе во тремот. На големото огледало го виде пресно бриченото лице на Филип и неговата насмевка како расцутен багрем. Филип беше облечен во вишна фанела со висока јака и се чешлаше, – Доброутро, Евросиме – да не сме рано, а? – Подобро е да бидеме навреме во командата... Корделија беше облечена во убав домашен фустан со цветови што не растат во Црноборје, па Евросим не можеше да се сети какво име носат. На печката имаше ѓезве и Кордилија му ставаше шеќер – загледана во својот маж и во Евросим, со израз на срдечност и спокојство. На Евросим му се допаѓаше тоа што Корделија е едноставна и храбра: дојде во Црноборје како да се вратила во своето родно место откако во туѓина доживеала неуспех, или несреќа... – Денеска сте инспектори! – рече Корделија насмеана. – Гробари сме денеска, Корделија... – Ви прават чест да ги разгледате рововите... – Ровот е како гроб – дупка: само што во ровот влегуваат живи, а во гробот мртви... Во ровот, Корделија, не можат да те гризат црвје, но сè додека не си паднат... Прво муви ти се полнат врз устата, а ти не можеш да ги издуваш! Црвјето се повлечкари од мувите – доаѓаат подоцна, но ни летаат, ни се премесгуваат... Во Мала Азија видов за цел живот – и за оној свет... Сидерос сака да биде сигурен дали знаел каде да ископа... – Евросиме, остави ги тие мисли, напиј се од ракијата – рече Филип којшто се подготви и седна спроти брата си... Корделија беше учтива но на нејзиното убаво и нежно лице, помина сенка како танко облаче преку сонцето. Се напија топла ракија и излегоа во дворот. Корделија ја потргна завесата на прозорецот што гледаше на патот и врз реката. Евросим и Филип се свртеа во исто време и се насмевнаа тивко и одвај забележливо – Гркинката станувала многу рано? – рече Евросим. – Сака да станува рано и да прикажуваме... – Колку рано легнувате ти и Корделија, Филипе? – Некои вечери и не заспиваме до зори... Евросим и Филил пак се насмевнаа и патот до командата го поминаа молкум. Пред портата ги запре војник и кога доби наредба од Сидерос – Евросим и Филип влегоа во дворот и забележаа џип чиј мотор работеше тивко. Сидерос ги пречека со подадена рака, беше срдечен и промислен, ги поканп да се сместат во џипот со синџири на тркалата, а тој и Ставропулос којшто влезе трчанка во дворот, седнаа напред до шоферот. Клеон Ставропулос се сврте и ги поздрави браќата Лагуновци. Џипот излезе од дворот и сврте по левиот брег и наспроти реката. На горниот мост ја преминаа Црноборка и се искачија пред портата на Света Петка. Никој ништо не зборуваше – а Евросим и Филип гледаа преку малите прозорци од филдиш во снегот и патот, па им се стори како да се најдоа во непознат предел. Крај портата на Света Петка ги чекаше отец Пелагонит и кога џипот запре, тој брзо излезе и се смести меѓу Евросим и Филип. Џипот риеше по снегот и оставаше пат зад себе. Погоре кога навлегоа во предворјето на Игленица – џипот запре и моторот во него. Од смреките изникнаа петмина војници во шлемови и ги прифатија офицерите и нивните придружници... Полека навлегуваа во ракав од рунтави смреки и градите и носниците им се полнеа студен и чист утрински воздух со оној горлив мирис на трнки од смреката. Војниците се распоредија по некое правило: двајца одеа напред, а тројца одзади. Потака ги презеде нова група војници и молкум ги водеше подлабоко во Игленица. Војниците употребуваа свој јазик и убаво се разбираа. Одеа во редица по еден зашто боровите беа густи и војниците не можеа да направат широк пат. Меѓу боровите растеа смреки и густи грмушки, во Игленица ретки беа местата со чист бор. Врз смреките снегот лежеше како бели чаршафи што подмрзнале од студот и во допир со потврд предмет пукаа. По патот никој ништо не зборуваше и дури кога го преминаа сртот, Сидерос им рече на војниците да се вратат на своите места, а тој тргна напред и пак молчеше, а неговите високи чизми крцкаа во снегот од некоја смислена желба чекорот да му биде војнички сигурен и неуморен. Отец Пелагонит одеше последен и со мислата се враќаше назад или одеше далеку пред Сидерос... Кога излегоа на чистинка – Сидерос ги замоли да запрат и сам продолжи надолу меѓу смреките. На едно место излезе војник со зеленика врз шлемот и стоеше вкочанет пред полковникот, којшто тивко го прашуваше. Потоа Сидерос ги викна со раката и чекаше да дојдат близу. Војникот тргна голема смрека како врата од фурна – пред нив се отвори земја која мирисаше на корење и црвја. Тој мирис му остави мачен впечаток на отец Пелагонит иако требаше да биде свикнат на него. Евросим и Филип се погледаа како да влегуваат во некој друг свет и тргнаа по Сидерос и Ставрпулос. Под земја можеше да оди простум и највисокиот човек од Црноборје: и Евросим и Филил и отец Пелагонит беа луѓе со висок раст, а Сидерос пред нив потсетуваше на љубопитно дете, кое сака на дедо си да му ја каже нивата – како што велат црноборјани. На пресно делкани столбови беа закачени фенери и карбитки. Лево и десно се наоѓаа легла од слама и ќебиња. На многу столбови војниците излепиле фотографии од светски жени на глас и во мода, во едно ќоше гореше свеќа пред мала икона. Отец Пелагонит се восхитуваше од тоа како е можно војниците да мислат и на господ влезени под земја и во војна... На предната страна беа наредени топови чии цевки гледаа кон џадето и мируваа во маски од зеленило. Сидерос одеше полека и гледаше во црноборјани коишто ја претставуваа световната и црковната власт на селото – а беа познати и со својот глас во целиот крајезерски појас. Евросим почувствува дека однекаде дува ветер – се крева влага. На оние места каде што беа свртени цевките од топовите, имаше излез и за очите и за душата од темното. Отец Пелагонит добиваше претстава за оној свет опеан во црковните книги и наречен небесно царство. До два подебели столбови имаше скала опрена во земјата. Сидерос тргна врвца и одозгора се покажа светлина, а потоа лице на војник којшто се наведнуваше како да гледа во бунар. Сидерос ги пушти своите гости да се искачат први, а потоа тој се извлече нагоре како низ оџак. Надвор беше разденето и снегот имаше бела сиплива боја. Тројцата црноборјани и двајцата офицери – стоеја на отворено и полека привикнуваа на светлината. Потоа Сидерос на војникот му рече да донесе појадок за гостите – а нив ги покани да влезат во маскиран шатор. Седеа крај мала лесна масичка и молчеа. – Внатре е многу студено – рече Сидерос. – На нашите војници им треба силна храна да ја преживеат зимата и војната... Маврохори житото го крие за трговците... Тие плаќаат, но и печалат на житото... Војниците не бараат печалба, земаат колку што им треба... Евросим се воздржуваше зашто сфати каква цел има доаѓањето во Игленица и шетањето по бункерите и тунелите. Но, молчењето можеше да го охрабри Сидероса и да ги забрза неговите намери. – Житото го раѓа земјата, господине Сидерос, но никој не го копа како земја... Маврохори даде и војници и жито, на селаните не можеше да им го сметеме и семето за нивјето... – Вас, господине Еврос, ве сметаат за националел херој на Грција од овој крај – вие треба да се гордеете со грчката војска... – Јас се гордеам со моите синови, а тие не се во не знам чија армија... Им дојде редот и заминаа... – Можевме да го ослободиме едниот, женетиот! Евросим почувствува дека Сидерос истура вода врз снегот пред нозете на Евросим од која ќе се направи лизгалка. – Не сакам мој син да биде покажуван со прст во селото! Кај нас во Маврохори не ги ценат оние што не служеле војска. – Независно во чија војска, господине Еврос?! – Јас служев во грчка војска, мојот татко Доксим го фати српската... – Вие маврохорјани служите во онаа војска што ви е најблизу... – Ние ќе служиме и во војската на ѓаволот, ако ја има! Сидерос им даде слобода на своите очиња и тие сврдлеа по лицата на црноборјани коишто имаа и власт и чест пред луѓето. Отец Пелагонит имаше веѓи паднати ниско над очите и тоа го забележа и Сидерос. – Не е време за политика – рече отец Пелагонит. – Ние треба да се преселуваме со се огништа, немаме многу време за политика, господине Сидерос... – Ми го одбивте списокот, ги наговоривте селаните да го скријат житото – останува уште да им напишете писмо на војниците да се предадат... – Господине Сидерос, вие сте војник, а не судија! – Евросиме! – срипа Филип жестоко, но како да го брани од чекорот што го прави надолу во опасно и темно. – Што е, брате Филипе? Да не чекате на црноборјани да им ги исечеме главите?! Никој нема право, ни јас ни господин Сидерос, ни отец Пелагонит, да се однесува грубо со народот! – Вие сте корав народ, Евросиме, ќе преживеете... – Сме преживеале и без вашето сознание, господине... Сидерос стана и прошета во шаторот. Неговите куси ноџиња не бараа голем простор. – Двајца луѓе сакаме да бидат отстранети од селото... Тројцата гости гледаа со напор и во исчекување. – Флоринос Емборис и Петрос Лескачис! – Ако имате налог и причина – рече Евросим, – можете да ги обесите... Вам многу едноставно ви доаѓаат тешки мисли и одлуки, господине Сидерос... Мислам дека постои виша команда и власт... – Емборис и Лескачис треба да бидат отстранети! – подзеде Филип и си го прекасна јазикот кога ги сретна очите на Евросим. Отец Пелагонит гледаше во премачканата земја и во дупката почувствува како му завива ветар. Мајорот Клеон Ставропулос го собра вратот во јаката на шинелата и запали цигара. Сидерос гледаше во Филип со насмевка како да се среќаваат по тешко извршена задача. Филип, кој постепено се отуѓувше од брата си Евросим – чувствуваше потреба да скрши нешто во својот јазик и не сакаше да ја губи можноста што му се даде. – Тој Емборис е пуштен да молчи и да се кае, а не да продава ум и храброст! – пламна Филип отворено. – Лескачис е поврзан со него и тајно подготвуваат нешто против секој што ја помага војната на Грција против Мусолини... Нив не им е до војната со Италијанците – тие, а особено Емборис, чекаат една друга војска, чија униформа ќе ја носат со гордост... – Не го предизвикувајте населението во вакво време... – Само тие двајцата да бидат отстранети, мислам дека селаните не ќе имаат желба да прават поинаку одошто е пожелно... – Тешко е да им се суди на луѓето со омраза во душата и со крв во очите, Филип... Но тоа ти е сраснато за јазикот и крвта, ти не можеш да го видиш! – Мислам дека вашиот брат има право, Лагунис! – Човек понекогаш сака да нема брат, господине... – О, не е убаво така да се мисли за брат! – На мојот брат луѓето му пречат приватно, како луѓе... Ние не судиме луѓе, туку постапки, дела... – Донесено е решение тие двајца да бидат отстранети... На крилото од шаторот се појави војникот со порции и стоеше сè додека Ставропулос не му ги подзеде. Ги распореди секого – седна и тој и ги покани гостите. Евросим и отец Пелагонит се погледнаа молкум и се наведнаа над порциите. Сите молчеа и шмркаа како да прикриваат нешто. – Ако нема нешто значајно за населението, мислам дека треба да одиме – рече Евросим суво. – Сакав да ги видите позициите за секој случај – рече Сидерос, а и да го слушнете предлогот за оние двајца... Но гледам не ви прави задоволство меѓу населението да ги нема оние што носат динамит и ставаат во секое огншпте... Јас и господин Филип ќе ја дотолчиме таа работа, а вие господине Еврос и оче Пелагонитис – по ваша волја можете да се вратате и да го подготвите преселувањето... Во овој момент цела Грција е под шатори и колиби – верувам дека тоа нема да трае долго... Зависи од сите нас колку долго ќе бидеме под шатори и под земја... За ова, ве молам – видовме и знаеме само ние... – Благодариме за честа и довербата, господине Сидерос, а тоа што го рековте се однесува на нашите образи... Мислам дека имаме место колку да се покаже со прст и да поцрвенееме. Евросим и отец Пелагонит се поздравија со офицерите без ракување и тргнаа по истиот пат. Зад нив по трагите им влегоа двајца војници и ги следеа на растојание. Над шумата се витлеа бели безглави муви. ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА Флорин Емборовски ја притискаше својата душа како недоцелена рана од она утро кога со Уранија на машина ронеа пченка под големиот лесник на горниот крај од имотот. Тој вртеше, а Уранија во кошницата носеше кочани и ги ставаше во грлото, меѓу запците. Понекогаш се случуваше раката да ја тргне како од нагорена печка и Флорин ѝ подвикнуваше од страв да не ја повреди. Уранија гледаше во цврстите раце на својот брат – а кога Флорин, вртејќи на рачката, ги креваше своите очи кон неа, и се насмевнуваше пријателски и искрено, како дете што е среќно да ја гледа крај себе. – Ти си од нешто возбудена, Уранија? – ја праша Флорин насмевнат и поцрвенет од некое чувство што го обзеде од првиот ден кога се врати од затворот во Солун, – Ништо, бате, сношти не спиев колку што ми треба... – Кого ќе испратиш во Маскополе, Уранија? Уранија беше бледа и кога сфати што мисли Флорин, наеднаш поцрвене... – Немам никого – не те лажам... – Малку излегуваш од дома, Уранија... Ти не си погрда од другите девојки во Црноборје – а што е најважно, имаш ум колку за двамина... – Умот не ѝ стои добро на жената... Во Црноборје бараат сој и чеиз... Еднаш ми рекоа дека сме биле трн без корен и дека ветрот пак ќе нè однесе по ридиштата... – Кој ти рече така, Уранија? За тоа си бледа и тажна, а? Кажи ми кој го поганел нашето име да му дадам повеќе урда од леб... Во Мраморино кренавме гробови и никој не може да нè навредува. Ќе им застанам на пат на сите што го валкаат името на Емборовци... – Ми е страв за тебе, бате... Те затворија за ништо и пак можат да те затворат, ако те наклевети некој... Ти не знаеш колку е страшно од куќата да ти земат човек и прстот во очите да ти го брцкаат.. . Флорин се исправи до машината и можеше да види како трепери Уранија од некоја треска што ја прележала порано... Кога сфати дека Флорин ја гледа со чувство како да криеле нешто од неа – таа го скри лицето во рацете и се сврте настрана, ја опре главата во лисникот и заплака. Тој ја фати за рамената и се обиде да ја одлепи од лисникот, а таа се противеше како да е срасната за лисјата од леска врзани со снопчиња. – Да не те навредил некој додека бев далеку, Уранија? Да не ве плашел некој ноќе, или ви зел нешто од куќата...? Не плачи, те молам, сврти се и кажи ми кој те навредил? Уранија се врти во неговата прегратка како божица во икона – со солзи во очите и некој чуден израз на лицето... – Татко не ми кажал ништо – верувам дека не знае, или не сте му кажале нешто? – Ти си убав и силен, Флорине .. . – Кажи што криеш од мене – јас сум твој брат, Ураиија. И да сум грд и слаб да сум – ќе станам голем и страшен, ако некој ве навредил, тебе или Дафина... – Никој ништо не украл од имотот, Флорине... Но тоа е полошо отколку да ни го украдел целиот добиток, куќата, или да ни ја земеа земјата... Ти си многу брз и жесток, Флорине... Сакав да бидам бунар со камен фрлен од крвави раце... Но не можев да останам камен – кога се врати пак не ми доаѓаше сон... Додека те чекавме тебе – не мислевме на тоа што се случи, ни јас, ни Дафина... Ти беше поважен и те чекавме... – Кажи, Уранија – оти земјата ќе ја разорам, ако ме мачиш подолго... Тоа што се случило сега е зад нашиот грб и нема да се вртиме цел живот назад... – Ќе ти кажам, ако ми ветиш дека нема да се лутиш и да правиш нешто грдо и страшно? Заколни се во мајка дека нема да рикаш по дворот ако те заболи? Флорин замолча и тргна малку настрана. Гледаше во куќата и во прозорците... На чардакот седеше Тодор и пиеше кафе, а синот и ќерката на Флорин, трчаа крај него, завикани во игра... Ги слушаше нивните гласови и во душата му растеа големите стогови на тагата што ја насобра затворен во „Павлос Мелас“, мачен како најголем злосторник, а во душата чист како трева што расте на покривите зафатена од семето кое се кренало на ветрот. Гледаше во реката што блескаше меѓу врбаците и се виеше како да протечува низ иглени уши. Целиот тој простор во кој црноборјани ги ораа своите нивје и лозја, вишинката со Света Петка на своето рамно теме и вакуфската шума зад неа, Зевсов Рид и погоре од него Игленица, му изгледаа како нагризани од некоја магла што поминала ниско и брзо, но тоа што го урнала на својот злосторнички пат, не ќе се крене како порано, ниту ќе оздрави раната во душата што не издржала. – Ако ти крепи срцето, ќе ти кажам, бате Флорине... Флорин се сврте и Уранија во неговите очи виде нешто што не е ни вода ни мраз – една граница на двете одеднаш... Првпат Флорин на Уранија ѝ се виде како некој непознат што навикнал да се свртува по името што го изговора таа, но му припаѓа на некој друг човек, заминат и невратен. – Кажи, Уранија – во Мраморино има место за сите срца што не ќе издржат... – Кога те одведоа – мислевме дека никогаш не ќе се вратиш... Добивавме и писма во кои ни пишуваа дека си умрел и дека те закопале на некој рид со луѓето што биле затворени со тебе... Ти ископале гроб додека војниците им стоеле со пушките на главите... Многу страв и болка насобравме откако те одведоа... Кога ги затворивме портите и не одевме во Црноборје кај вас дојде на коњ командирот на полицијата... – Да не му ги зел жолтиците на Тодор? – Татко му даде и пари, но тој се врткаше по друго... – Кажи и не врткај, Уранијо! – Рече дека ќе ни помогне да те вратиме од затворот... Татко не му веруваше и му велеше да не се мачи за тебе, но тој се правеше добар, еднаш рече дека е на наша страна, само што морал да ја носи униформата и да му служи на кралот... На Дафина ѝ велеше да не плаче и да не тагува, зашто тој ќе направел да те пуштат... Таа го молеше и неколкупати го пречекувавме со кокошки и вино... И на татко му се фати вера, зашто тој беше подобар од сите и никогаш не нè викна на сослушување... Жените и татковците на другите што беа затворени со тебе – често ги викаа во полицијата и ги сослушуваа со грубост... За тебе командирот велеше дека си комунист и дека не си украл ншнто – а тој те почитува затоа што си верувал во нешто... – Тој варувал во мене, а вие во него? Лејките ви ги налолнил ветар и ве оставил да се тркалате? Уранија молчеше со рацете пред мевот и гледаше во машината во чие грло и запци беше останат недоронет кочан со јадри зрна пченка како муцка и заби што се подбиваат. – Тука е тој што доаѓаше? Не сум го видел откако сум дојден... – Тоа куче замина штом разбра дека те ослободиле... – Што ви зеде – тоа да ми го кажиш, Уранија. Немаме време, кажувај – што стоиш како дамлосана?! Уранија пак се расплака и овојпат не ги криеше очите. Плачеше како да ѝ пропаднало нешто скапо во земјата, а таа нема сили да ја преврти и да го најде... – На Дафина ѝ се случи... Флорин натрча кон неа и ја фати за косата, почна да ја трга силно и Уранија од болка се вртеше околу него, како да е удрена по темето. Ја вртеше извесно време околу себе и не запре сè додека таа не се расплака посилно... Ја пушти, а во рацете имаше скупки црна извиткана коса. – Го најдов во креветот на Дафина, Флорине! Прво се исплапшв и побегаав – во кујќата немаше никој... Татко со децата беше заминат во Сорович на пазар, а јас отидов да барам надничари од Греовник... Флорин побара место и седна како да му ја снема земјата под нозете... Главата си ја дочека со рацете зашто му паѓаше многу ниско и со движење како да бара место в земја. – Излегов на чардакот и гледав дали можам да викнам по некого... Немаше никој до каде што ми опфаќаа очите и пак се вратив... Прво мислев дека ќе ја најдам задушена, зашто одвај гледав дека под него има некој друг – а тој рацете и ги имаше ставено на вратот... Кога се вратив, таа го имаше фатено за грбот... Ми се сврте чардакот и Црноборје, ми се стори дека камбанаријата на Света Петка се урнала во нашиот двор, а камбаната скока и удмра по мојата глава, како да сум згрешила на господ најмногу од сите жени... Не можев да истрајам од лутина и од болка по тебе – стрчав и песот го тргнав за косата, а Дафина остана целата разголена и не ѝ се вдаде да направи ништо... Го удрив со жегла по главата и посегнав назад во Греовник... Ја прегазив реката и трчав по полето, а потоа го фатив ридот и таму почекав да се исушам, зашто ми беше срам да влегувам водена и кална... Дафина го потурила вода, песот се освестил и си отишол – а на жената ѝ рекол дека ќе ме убие ако кажам на татко... Ми беше страв и никому не кажав, Флорине... Не сакав ни тебе да та кажам... Дафина со децата Флорин ги однесе во Сорович кај нејзините. Флорин истрча во ширината со рацете кренати високо до лицето – но кога се сети дека Дафина не е дома, застана и ги крена уште погоре како да држи нешто од кое може да го уништи светот. Уранија стоеше на портата од лесникот и гледаше во својот брат и во чардакот каде што татко ѝ си го пиеше кафето и не знаеше за двете рани отворени од ист нож. Многу ноќи не спиеше кај Дафина – иако таа му се колнеше дека ѝ ставил оружје на челото и така ја туркал до креветот, а Уранија не сакала да признае оти Дафина тогаш си доаѓала на свест, кога влегла сестра му. Флорин дури ја однасе кај нејзините во Сорович решен да ја остави таму и никогаш да не ја побара... Децата го соборија на грб и му го омекнаа срцето – а Флорин остана со раната и ја целеше по честаците, мислеше дека може се случило насилство, какви се помнеа од порано и се правеа често во времиња кога војските креваат шатори по ридиштата и пеат претсмртни песни и се фаќаат за сламка да исцедат нешто од животот. Одеше по црноборјанската земја со душата како ранета птица во чиј клун постојано се заврзуваа црвени меурчиња. Ни Света Петка не можеше да ја оздрави неговата душа погодена тогаш кога почувствува дека и никнуваат крилја. Малку зборуваше со татка си и со Дафина – а на Уранија ѝ вршеше прититок да се мажи. Пред да го затворат, Флорин Емборовски зборуваше дека постојат луѓе што го делат лебот и кошулите, за кои војските и полицијата на Метаксас и на кралот ѕидале нови затвори без прозорци и оџаци. Метаксас од крајезерската земја и од Црноборје ги собираше Македотаците коишто му мирисаа на мајчиното млеко. Ги носеше на места каде што на човекот можеа да му никнат крилја само ако успееше да ги издржи сите пречки и стапици – вештината на мачењето преземена од пеколот. Матаксас им даваше рицинус за да им ја отруе крвта и јазикот: затворениците почесто ги држеа панталоните одврзани, а тоа на чуварите им беше и гадно и здодевно. Флорин Емборовски две години врвеше низ окцата на вештините од чие совршенство зависеше кариерата на професионалните џелати. Се запозна со многу луѓе кои беа осудени подолго од векот на орлите и со својот здрав црноборјански ум, тој сфати дека осудените ќе ја остават казната зад себе... Го ставија во ист кафез со комунистите и за две години на Флорин, освен крвта и очите, му поцрвене и мислата. И најголемиот злосторник затворен меѓу неправедно и жестоко осудени луѓе – се претвора во светец зашто луѓето не се кајат за престапот што не го извршиле, туку им судат на оние што со законот и евангелието в раце ги прават најгрозните престапи на векот и светот. Флорин Емборовскм се откри себеси црвен и нагризан од тој црвец што сврдли во стеблото и го кутнува полека. Во Црноборје имаше голем собир на кој дојдоа и селаните од крајезерскиот појас: Црноборје се исполни коњи со веленца и двоколки – луѓе вепознати и љубопитни кон реката и мостовите, кон секој што стоеше на ширината. Тогаш Флорин сфати дека крајезерската земја може да има и своја војска и своја држава – се качи на камен и рече дека не е грев во школите и црквите да се говори по некој мајчин збор, колку да не им се збигори во срцата или во јазиците. Му плескаа многу луѓе и долго – потоа го кренаа и на раце го носеа така, сè додека полицајците не му фрлија око и јамка. Дојдоа со џип и го однеоса по зајдисонце. Флорин се сврте и ја виде Црноборка осветлена од месечината – а дури потоа се мачеше да се сети на кој дел од небото над Црноборје стоеше месечината кога му ги врзаа рацете и го однесоа во Вртикоп... Се случи нешто неочекувано и на Флорин Емборовоки му ја отворија вратата во една зора со многу црвенина на небото. Беше многу рано и на Флорин му затрепери срцето од мисла дека не се излегува на слобода толку рано и толку лесно, зашто ни чуварите, ни управителот немаат желба да станат од спиење и на Флорин Емборовски од Црнборје да му ја отворат решетката за да види како изгрева сонцето над Солун и Егејско Море – додека градот и слободните спијат секој во своето легло и со својот сон. Тој што му отвори на Флорин, имаше насмевка извадена од некоја перница полна валкани пердуви и големи вошки. Бедно му се насмевна човекот со киската клучеви и го остави да тргне по ходникот без да гледа во него. Флорин чекаше од страните да му срипаат џелатите и да го пикнат во автомобил со железна каросерија во која нема ни воздух ни светлина. Сите ноќи од двете години – Флорин мислеше како ќе изгледа денот кога ќе го пуштат и се уверуваше дека прво нешто што ќе направи – ќе биде разгледувањето на градот. Ќе има време и желба да талка по градот и да гледа луѓе на кои не треба да им кажува ништо, ниту да ги поздравува. Кога се увери дека може да излезе од оградата и портата, Флорин истрча на првата улица, пресече многу други и се најде на железничката станица. Кон границата и Црноборје патуваа само војници и офицери – во свечени униформи и строги лица. Го обзеде страв да не му направат некоја стапица и намисли да рипне на товарен воз и кога ќе стаса на нагорнината пред Црноборје, ќе рипне од возот и ноќе ќе влезе во селото. Влезе во куќарка со седиште од штица и со неколку железа и пребра мноту страв да не го откријат на некоја станица... Патот му се виде долг и земјата што ја префрли возот зад себе огромна. Локомотивата што ги влечеше вагоните во црноборјанскиот тунел влезе откако зајде сонцето – а клисурата беше темна и празна. Кога изрипа од вагонот и тргна по ридот нагоре – Флорин го виде само Костадин Лескачевски со фенерче и знаменце како да прави маѓии во клисурата. Се искачи по ридот и кога дојде на темето – Црноборје му заличе на осветлен крст паднат од вратот на гостода во темна и ветровита ноќ. Ја виде својата кујќа на крајот и светилките кренати на столбови обоени црно и невидливи во ноќта. Фенерите и ламбите осветлуваа од куќата толку колку што човекот може да согледа од своето лице. Ја прегази Црноборка во најдлабокото и во дворот влезе како дождарка падната од нобото во некоја голема капка. Го пречека Уранија со фенер во рацете и кога Флорин ја прегрна таа го вртеше наоколу и му правеше венец од светлина: на Дафина ѝ се виде како светец кој дошол по нејзината душа, а таа му ја даде... Кога влегоа со Дафина во одајата, таа се соблече како да нурка во голема река и Флорин го виде нејзиното бело и јадро тело, ја прибра како сладок плод што се става в уста целиот и одеднаш, за да не прекапе сокот што се набрал од чекање. ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТТА Кога ја вратија од Греовник Томика ноќе одеше на реката и се соблекуваше во врбаците клекната ниско и свртена на сите страни одеднаш. Влегуваше во еден темен дел од врби свртени кон Црноборка со крциите, како да бараа нешто во витлите. Влегуваше во водата и гледаше како се прават витли околу нејзиното младо и јадро тело – а оставаше дојките да ѝ стојат над водата како лејки што не кацнуваат. Ги потфаќаше одоздола и ги вртеше нагоре кон лицето и чувствуваше како ѝ се игли кожата кога ќе ги фатеше за вршките. Се капеше и чувствуваше како ѝ се чисти телото од лигите на петелот од Греовник за кого ја даде Петруш, лаком за имот и корен. Флорин Емборовски замина во Греовник на панаѓурот и не исчека да заврши. Виде многу народ и испи многу вино – а кога излезе од селото го почувствува мирисот на црноборјанското поле и ладните здивови на борјето од Игленица, коишто оддалеку личеа на свеќи закачени врз голем гроб и тивко горат на вршките од сонцето што почна да паѓа надолу. Собуен ја прегази реката и седна во врбаците да ги суши нозете на сонцето коешто во заветрина имаше уште сила. Во Греовник се сретна со Петруш Лестачевски, со Тренда и Георгина, која срамежливо му ја подаде раката, пред да тргнат за Сорович. Кога се поздрави со нив му кажаа дека имаат важна работа во градот – а Петруш му намигаа на Флорин од што Георгина поцрвене уште повеќе. Флорин се возбуди кога се разделија и кон Црноборје се враќаше како да ја мери земјата. Во врбаците беше тивко и Флорин слушаше како ѝ го шаркаат грбот на реката. Меѓу стеблата на врбите и тополите гледаше дел од својата куќа, а потаму кон него ѕиркаа прозорците на крајните куќи од Црноборје. Селото беше испразнето и тивко како по голема болест и несреќа. Тишината лазеше од Црноборје кон него и во душата му ги креваше старите болки и копнежи. Кога ги иецеди нозете – се обу и тргна крај врбацитс. Одеше некако лесен и затоплен, кршеше од овенатите гранки на врбите и се удираше по челото како да растерува нешто во својата глава. Пред да влезе во Црноборје фати по ливада со големи трња и наместа неискосена трска – одеше внимателно и брзо, ги заобиколуваше селаните што се враќаа од полето, клекнуваше во малите грмушки, кога го настасуваа гласови и свирки. Дојде до овоштарникот на Петруш Лескочевски и влезе во цевката непоткастрена зеленика и лозниците што правеа покрив врз патчето откај ридот. Кај Лескачевски оттаму влегуваа само роднините и луѓето коишто на Петруш му беа пријатели. Флорин одеше во лагумчето зеленика и лозници со недокапени лисја и ниско ја веднеше својата става – како да се плашеше од шум или да не потфати нешто со својата глава во одот. Кога излезе од покривот на лозниците – брзо сврте зад куќата и запре до прозорец со дрвени решетки што се затвораат ноќе и кога има многу сонце. Тоа му направи впечаток и Флорин се залепи до прозорецот како човек кој варди да не му ја видат ни сенката. Беше мнгоу тивко и на Флорин му се стори дека дишењето му е посилно и побрзо. Во одајата слушаше невешто свирење со уста од некој што шета или нешто работи. Кога ги провре очите меѓу штиците му дојде желба да побегне но го фати страв да не истрча некој по него и да се развика како по крадец. Откако се прибра пак ги протна очите во одајата: пред големо тркалезно огледало стоеше Томика со нов фустан в раце и често го мереше преку телото, се вртеше на огледалото како да гледа некоја непозната жена. Флорин гледаше во нејзиното тело, тој всушност гледаше две тела, за секое око по едно. Томика го остави фустанот на столче до огледалото и си ја крена косата над вратот, ја задржа нагоре како да мери до каде треба да ја исече или да ја врзе. Се заврте пред огледалото со крената коса над главата – на Флорин му се стори дека има многу долг врат и дојки како две немирни ждребиња тргнати напред и здивени од некоја внатрешна сила. Ги фаќаше своите дојки со дланките одоздола и ги доближуваше до огледалото сè додека во стаклото не се свиткаа вршките како јадри маслинки без семка и тогаш лицето на Томика црвенееше како калинка под многу сонце... Од ѕидот дофати бел мантил и плетен шешир – се облече на голо во мантилот, а шеширот го стави на главата и пак се вртеше од сите страни, го кривеше вратот и јазикот, се потсмеваше на онаа жена во огледалото, не беше Томика што ја вратија од Греовник, ни онаа што ја среќаваа крај реката и на свадбите во Црноборје, на панаѓурите и утрините во крајезерските села и манастари – ова беше непозната Томика и Флорин ја виде првпат таква. Кога се премести за да ја задржи во очите – Томика се тргна и срипа крај ѕидот, зад прозорецот. Флорин се обѕрна наоколу и ги виде стоговите наредени во ширината и сонцето кое се тркалеше над нив како жар преку стакло. Никој не доаѓаше од никаде – тишината правеше свои невидливи кругови, а во центарот го држеше Флорина со неговото срце. Сакаше во тој момент некој да викне или да свирне по стоката – а тој да го прими тоа како знак против него и да излезе од дворот на Лескачевци и од својата стапица. Тргна кон вратата пред која имаше две големи дрвени вази со лимон и кога застана меѓу нив почувствува дека може да жолтее, ако се случи нешто пред да ѝ тропне на Томика. Дури од кога тропна на вратата сфати дека тоа е посилно за ова време на денот и за тишината што го маеше. По тремот се слушаа чекори во влечки и тајкањс до вратата. Флорин сакаше да ѕирне низ клучалката но најде дека треба многу да се наведне – а тоа е и непристојно пред туѓа куќа. Неговата рака пак удри на вратата но сега многу помалку и покусо. Пак се јавија чекорите во влечки – но се оддалечуваа. – Кој е? – праша Томика и во гласот имаше присилена цврстина. – Јас сум – Флорин – рече, но гласот му беше туѓ. – Зошто не дојде на предната страна? – Се враќам од Греовник – тука ми беше на патот... Кога се отвори вратата Флорин влезе како ветар и ја виде Томика завиткана во мантилот како да прави шега со некоја другарка внатре. Таа се насмевна збунето и покажа на мантилот и на косата... – Тебе како да не ти е добро, Томика?... Да не си болна? – Не ми е ништо – влези ако си дошол кај нас... Томика му направи место и ја затвори вратата... Тргна пред него и влегоа во одајата каде што пред малку ја гледаше. – Не успеав да суредам, нурканица ми е целата куќа... Моите отидоа на панаѓур во Греовник, а може ќе одат и на гости во Сорович... Во крвта на жените им е всадено да се оплакуваат на тоа дека не стасале да исчистат, да се променат и да бидат убави колку што е можно однадвор, тогаш кога се убедени дека сè е како што замислиле да биде. Флорин пред да седне почувствува мирис на чисто и варосано, како да е искачен на вишинка со багремов цвет и загубени пчели во нето. – За ракија си или за вино, Флорине? – Од што може да се стопли душата, тоа налејми, Томика. – На свадбата пиеше од каната, се сеќавам... Другите пееја, јас плачев како да умрел татко ми. – Сум пиел и од крбли, Томика... Ги пиеше младоста. – Црноборјани не се стари за вино... Почнуваат со крбли, а не пијат помалку од каната... На мојата свадба некои се пијанеа и од чаша, а мене ми беше смешно мажи да паднат од чаша... Имам вино, пред малку го донесов – на рафтот е. Томика опсегна во долапче и кога требаше да го отвори, се исправи на прстите и мантилот ѝ се поткрена повисоко од пресекот на нозете, се сврте и ги сретна очите на Флорин, како пијавици што набрекнале и поцрвенеле. Му се насмевна колку да го запре во гледањето и од долапчето извади сребрена каната покриена со тантелче. Довлечка стол пред него и ја стави канатата. Потоа исплакна чаши и ги наполни. – Не пиам, само ќе те благословам. Флорин ја крена чашата и ја тропна од нејзината, а Томика ја опфати со двете раце како да ја чуваше да не пукне од ударот. Полека седна спроти него и цврсто ги стегна нозете, но мантилот правеше голем распорок и откриваше бела, мазна, здрава нога. Томика ги прибра полите и ги покри колената – а лицето ѝ стана црвено, чиниш виното ѝ се разлеа на лицето, под кожата. Флорин го опфати нејзиното тело нараснато како тесто во ноќви – па дури прелеано. Ја виде двапати гола: жива и одразена во огледалото но топлината на нејзиното тело гореше во нетовите очи. – Имаш убава коса, Томика... Девојката ја затресе главата како да имаше дожд во косата – во очите ѝ се јавија искри и пак поцрвене. – Дива е – рече Томика, – треба да ја исечам. – Убава е кога ја расфрлаш по рамената... – Кога се вратив од Греовишк, сакав да ја исечам... – Мислиш често на тоа, Томика? Умот ти бега без огламник... – Плачев оти не ме примија во манасгирот... Гоопод ги сака нашите души – како да се пеперуги... Зошто мислам дека пеперугите душата си ја носат спрема небото – а телото им е внатре... Ја допираш и умира без спротивставување... Сега пак сум среќна што не ме примија... – Имаш убава коса кога стоиш пред огледало, Томика... Томика се фати за устата како да запре некој страшен збор или викот. – О, господе, ти стоеше на прозорецот?! Кажи дека дојде право на вратата и не виде ништо грдо и срамно, Флорине? Кажи дека тоа само така го велиш колку да зборуваме? Флорин ја гледаше во очи претворени во усни што пијат и влечат. Неговите очи лазеа по нејзиното тело – Томика ги чувствуваше насекаде како голем мраварник сполазен по неа. Гледаше како растат ноговите очи и горат длабоко. – Нема ништо срамно и грдо во тебе, Томика... Сум те гледал влезена во Црноборка – и сега пред огледалото те гледав... Но реката те крадеше во витлите и ми стоеше прекршена во грбот и мислев дека имаш суви нозе... – Ме срамиш, Флорине... Кажи дека никогаш не си ме видел? – Те видов не сакајќи, Томика... Ми беше страв да не имаш некој дома – не сакав да помисли дека сум го одбирал денот... Томика трепереше возбудена од неговите очи во кои се разгоруваше оган. Првпат почувствува дека очите можат и да сврдлат подлабоко од кожата и тоа ја возбуди. Флорин ѝ подаваше празна чаша, а Томика му ја полнеше, како да му помогаше да го изгасне огнот во душата. Ги истураше чашите во грлото без да ги движи ушите и јазикот, пиеше како лек од кој зависи здравјето сега и цел живот. Томика ја стави својата бела и полничка рака врз устата на празната чаша – а тој својата врз нејзината. – Сега пак можам да пијам од крбла – рече Флорин. Томика се насмевна како да го надитри плачот. Флорин стана и бараше да му тури во чашата. – Ќе платам, ако ти се виде многу, Томика... – Ти ме навредуваш со тоа, Флорине... Јас цела крбла ќе ти отворам ако мислиш дека го жалам вино то.... Не сакам да те видат пијан да излезеш откај мене – соседите знаат дека сум сама, ќе си ги лигават душите и јазиците со мене... А и Дафина може да ме замрази ако дознае дека си пиел вино кај нас... – Не пијам ако одиш пред огледалото... Инаку ќе пијам и ќе фатам по река надолу, ќе одам до каде што тече нашата Црноборка, ќе пеам и ќе викам... Оди, Томика, да те видам уште еднаш, а потоа господ нека слезе од небото и нека ме убие со клетва... – Не вели ми така, Флорине... Зар малку си гледал, а? Или се шегуваш со мене за да ми го видиш умот, кажи ми? Флории се исправи и застана до неа. Томика се крена и нејзината глава беше доближена до градите на Флорин. Полека ги креваше очите до неговите и кога се сретнаа првпат толку близу – Томика гореше како сува трева во јули. – Оди пред огледалото – рече Флорин тивко. – Оди да те видам одблизу пак... Не срами се од мене – не сум млечкар. Томика тргна и запре пред огледалото. Флорин ѝ ги виде очите одразени во стаклото – сега гледаше и искри во нив. – Фрли го мантилот и постој така – рече Флорин доближен зад неа. Томика ги фати јаките на мантилот како да го кине. Ги подржа рацете извесно време – а потоа Флорин ги виде нејзините јадри и цврсти дојки со големи кафеави кругови и две набрекнати маслинки без семка. Такви жени Флорин гледаше во ѕидоните на манастирите и таваните – но тие беа мртви и студени. Томика трепереше и во одајата беше топло од нејзиното тело. Флорин ги издолжи рацете напред и го тргна мантилот. Томика беше гола и на Флорин му се чинеше дека дојките ќе пукнат ко костени во спуза – ако ја допре со дланките што му гореа. – Како нова крбла си – оние чепчиња немаат протечено. Томика полека се ослободуваше од срамот и во нејзмното тело остана само возбудата. Се насмевна искрено и наивно кога ѝ рече дека вршките и се како чепчиња од кои не протекло млеко. Се смееше од длабината на телото и со прстите си ги притискаше вршките. Тогаш Флорин ја опфати за половината и ја крена високо – Томика клоцаше како сопнато ждребе и полека се смируваше во неговата јака мишка. Зачекори и ја носеше на креветот со везени перничиња и украси во резба. Сакам да облечам нешто, Флорине... – Не ти треба ништо, сега Томика... – Сакам за спомен и само јас ќе знам за тоа... Флорин не слушаше што шепоти Томика со лицето притиснато во неговите гради. Ја стави на грб и ја излупи својата облека и се преврте опаку. Потоа дојде крај неа и бараше премин за својата возбуда – Томика ги собираше своите долги мазни нозе, поцрвенти како плодови од праска што расте на припек и убаво соединети од колената до горе. Томика лежеше на грб, а лицето и пропадна во косата, како да си направи гнездо. Се изви над неа како да крева штотуку исечено стебло и сфати дека не е толку едноставно како со жените коишто знаеја колку да ги отворат нозете и како да се вртат. Томика се насобра нагоре и Флорин остана поназад и брзо се премести. Таа седеше во креветот навалена кон ѕидот и со раката го држеше долу... – Се плашам да не ме боли, Флорине, немој силно... – Како да ти е првпат – рече Флорин крај нејзиното уво и ја поткопа за крстот и силно ја повлече кон себе, а таа се обидуваше да се преврти на мев и да го избегне неговиот притисок. – Се колнам, Флорине... ова со тебе ми е првпат вака. Јас порано немав видено и само слушав како им било на другите жени... Тој во Греовник три вечери доаѓаше над мене и од челото му течеше пот како од сито – ме штипеше по снагата, а јас чувствував болки и срам. – Се колнете во господ – а лежите со ѓаволот и очи си копате – рече Флорин незадоволен од нејзината положба, која не му овозможуваше да навлезе. – Не бегај ми и отвори се малку повеќе... – Првпат ми е со тебе, вака, се колнам... – Не продавај срам и не прави ме стап за мајмун, Томика. Во нејзините очи Флорин откри страв и молба да не биде груб – но на Томика не ѝ се стануваше, зашто првпат чувствуваше дека нешто ќе ѝ се случи и сакаше да биде тоа со него и овој пат... – Ме сакаш, Флорине? Дали си мислел и другпат на мене, или само кога ме виде да се чешлам и сега...? Кажи ми дали некогаш си мислел на мене кога не ме гледаше? Зборувај ми нешто, сакам да слушнам... – Ја газев реката и мислев на тебе, кога одев во Греовник... Се врткав околу куќата на момчето и чекав да те видам... – Зошто не излегов да те видам? О, господе, се кајам што не излегов да те видам кај што вртиш по мене и чекаш да ме поздравиш... Ме затворија и си реков – прости се со младоста, Томика, тука ќе ти побелат очите и косата, а душата ќе темнее без сонце... Не наеднаш, постој малку да те гледам, да ми избега стравот... Ти си многу јак и добар си, Флорине кога ме затворија во одајата, мислев на тебе и чекав да те видам, зашто знаев дека често одеше во Греовник... Мислам дека не се плашам – но немој силно и варди да не ме повредиш. Флорин ја бакнуваше во усните и запиена за себе ја креваше нагоре – ѝ зборуваше нешто во ушите и косата, зашто Томика често ја вртеше главата како да бара место да ја скрие, а нему да му го остави своето јадро и предизвикано тело, од кое стравот исчезнувашс во оган, а таа се виткаше како фиданка опфатена во пламен и полека се отвораше под неговото притискање. Кога почувствува дека е навлезен во неа – пак притисна со страст и нешто искинато во устата, Томика ја шметна главата настрана како да бара излез, се извитка под него и во еден момент ги виде неговите очи како се стеснуваат како светлинки пред гаснење... Кога му се чииеше дека навлегува во неа – Томика цикна како да доби удар по место повредено од порано, се извитка нагоре како да се качува на стебло, го опфати неговиот цврст врат и одбегнуваше да ја погоди на местото каде што беше влажна и нападната од мравјалник, а Флорин не сакаше да ѝ ги остави рацете на вратот, ги заграби со своите и се ослободи од нејзиното влечење. Томика пак ја имаше главата зариено во перницата и во еден момент си ги покри очите со дланките и тогаш почувствува како Флорин навлегува во неа остро и незадржливо и кога цикна повторно тој беше навлезен во неа и таа знаеше дека не треба да се крева нагоре, туку се лизгаше по креветот кон ѕидот, а Флорин беше навлезен во неа и се преместуваше побрзо... Томика тонеше во пердуви и убаво ја почувствува во себе должината на нешто од кое се плашеше и често мислеше кога легнуваше навечер сама и сакаше да замисли каде и со кого ќе ѝ се случи тоа што не го доживеа во Греовник, првата и следните ноќи по свадбата, со момчсто кое не знаеше како да го опфати нејзиното тело и да го присили на попуштање... Ги свитка своите раце на неговиот врат и дишеше како да нема воздух – ги брцаше прстите во неговата руса коса и му се предаваше како ангел на кој му паднале крилјата, а тој не свикнал да оди по земја... Флорин гледаше како се шират нејзините очи со боја од презреан јоргован – и првпат по стравот и болката, почувствува среќа и возбуда, и се отвораше докрај, го предизвикуваше повторно да му гори крвта и броеше отсечни голтки како од матарка што се пренесуваат во жедна уста, чувствуваше дека по целото тело ѝ се пренесува нешто топло и лепливо, од кое ќе стане мајка или копиларка, со срам во мевот, којшто еден ден ќе ѝ заплаче во одајата, а тоа ќе го носи на раце, а црноборјани ќе домислуваат на кого личи... Нивните тела врз кревегот беа обвиткани и во движење како да се стремеа да навлезат едно во друго, нема ни ум ни душа... Томика се отпушти целата под него и Флорин ѝ ги бакнуваше очите, усните и дојките – а таа ги нанесуваше во него како да му отвора рана... – Ти си бегалка од првата ноќ и од нунковата кошула... – Мислиш дека побегнав од страв, Флорине? Се лажеш ако мислиш така... Доаѓаше во мојата одаја и дишеше како да го бркале по реката од кај што ѝ доаѓа водата... Немаше душа во носот, ниту... не видов, но знаев дека нешто не му е како што треба... Кај тебе уште кога ме крена знаев дека е поинаку и дека ќе ми биде прва вечер... Доаѓаше над мене и ништо не можеше да ми направи... Првата ноќ го плашеше тропкањето и вревата пред вратата... „Ги гледаш?“ – ми шепотеше – „доаѓаат по твојата кошула... Чекаат да ја соблечеш кожата, како змија...“ Помислија да не е заврзан и по третата ноќ, го носеа по манастири, по вражалки, му крстеа вода и гаснеа јаглења – а петлето ќе си ги рашири крилцата и ќе падне на грб... Кога не најдоа лек – кажале дека не сум била чесна и дека свадбата се растура, се врајќаат прстените и чеизот... Плачев во одајата и кога мислев дека ќе умрам – побегнав и ја прегазив реката... Се искачив во Црноборка и дома се вратив чиста. – Прости, не ти поверував – бев неправеден, Томика... – Не треба да бараш прошка... Ако заносам, што ќе правам со срамот? Оваа е мојата прва вечер – без врева и тропање на вратата... Ти си ми сведок пред господа, Флорине – што ѝ да се случи – јас досега само тебе те внесов во душата... Флорин ја прегрна и на устата и ја стави својата голема дланка. ГЛАВА ДЕВЕТНАЕСЕТТА Во Мраморино црноборјани влегоа со фенери и лопати. Пред да тргнат кон гробиштата се собираа во ширината пред крчмата на Поликсена која немаше закопано свој во земјата што раѓаше само крстови и црвје. Црноборјани од своите домови излегуваа со фенери и лопати, зашто во зорите над Црноборје и ноќта, маглата падна како непрано руно и ги оддели куќите и луѓето. Кога се собираа на ширината луѓето се тргаа за ракавите и така знаеја кој е најблизу до нив. Во исто време, Сидерос нареди од Леските да се симне една единица и да ги блокира гробиштата, но на растојание, за да не мислат селаните дека се обвинети и заградени. Тоа се случи ден пред заминувањето на црноборјани горе во Игленица, каде што беше кренато ново дрвено Црноборје, без чад во оџаците, без стакло на прозорците, без чешми и дворови. На ширината фенерите копаа во маглата, ја развлекуваа како скубни од овци кои побегнале, откриваа лица завиткани во шалови и шамии, цигари или лулиња во устите. Кога ги собраа сите фенери, ширината заличе на небо што паднало ниско над земјата и чека таа да се отвори и да го прими длабоко во своето црно срце. Иако не можеа да ги видат, црноборјани чувствуваа и слушаа како чекорат војниците, со тропот што се создава од невнимателно одење. Пред црвоборјани тргна отец Пелагонит со најголом фенер во рацете и со својот железен крст на вратот. Тргнаа надолу и единствена одбрана од маглата им беше Црноборка која го обележуваше патот кон гробиштата. На она место каде што реката врти вдесно – црноборјани продолжуваат малку влево и се приближуваат до гробиштата. Вревата се плетка во маглата и означува на кое место се наоѓа Црноборје, зашто пред очи не се гледа ни куќа ни дрво. Кога пристигнаа пред портата, црноборјани ги пречека Дане Проевски, кој пристигна порано и на врвот од железата имаше ставено неколку црковни фенери, што го означуваа влезот во најцрниот квадрат црноборјанска земја. Дане Проевски чувствуваше дека вревата се тркала пред него, се напнуваше да ги види првите луѓе во колоната и со железо удираше во портата кога мислеше дека црноборјани се отстранети од правецот. Кога го виде отец Пелагонит, со голем фенер во рацете, Дане Проевски му појде во пресрет и ја подзеде светлината. Зад Пелагонит имаше многу народ и Дане Проевски побрза да ги подотвори портите. Стоеше пред порти и мавташе со фенерот на отец Пелагонит, кој гледаше во маглата и чувствуваше дека паѓањето на небото има врска со темнината во Црноборје, во полето и тука, на гробиштата. Црноборјани влегуваа како што беа распоредени во одот и никој не можеше да го најде гробот на својот близок, сè додека не помина извесно време и маглата како да влезе во земјата. Бела искината завеса се креваше нагоре кон небото и луѓето полека се откриваа. Црноборјани своите фенери ги закачија на крстовите и почнаа да го уриваат снегот од плочите и мермерите. До секој гроб полека растеа ѕидови од снег и кога маглата наполно се крена – црноборјани со своите мртви беа одделени со бели окови. Во нивните души се појави чувство на теснина, зашто освен гробовите и белите ѕидови, тие ништо друго не гледаа. Првпат гробовите во Црноборје се одделени меѓусебе и секој плачеше наведнат пред својот крст и фенер. Евросим Лагунски, Теодорина и Морфа стоеја пред гробот на Доксим Лагунски, кој побара во џепчето од елекот да му стават жолтица, на онаа страна каде што запрело неговото срце. Теодорина ја уредува кандилницата – дотура масло и ја пали. Гробот е осветлен и ослободен од снетот – но и Доксим не лежи така, како што го ставија во сандакот. На таа мисла ѝ се спротивставува Евросим и во искинатите конци од маглата сака да си го замисли ликот на својот татко Морфа ја открива кошницата во која Теодорина од вечерта имаше накладено пржени риби, сирење, свинско месо и маџуни, завиткани во бела хартија за да не им биде незгодно на оние што ќе ги земат за душа, Филип Емоборовски на гробиштата ја донесе и Корделија, која стои со чувство како да е виновна што првата жена на Филип, Донка, предвреме дошла тука и легнала под плочата. Пред гробот на Донка стојат Лечко и Фаника и гледаат во две големи црни очи втиснати во мермерот. Децата се доближени во една мисла за која немаат збор и сили да ја кажат пред ликот на својата мајка. За нив таа е падната во длабок сон и не може да ги чуе и кога би викале многу силно. Корделија застана зад нив и врз нивните глави стави по една рака. Филип отвори шише во плетка од делкана штица и оттури до крстот на Донка – а потоа се напи колку да може да се ослободи од нешто нејасно што му ја стегаше душата и јазикот. – Земете за мајкина душа – рече Филип Лагунски, откривајќи ја малатката во која имаа ставено многу купени работи, зашто Корделија никогаш не правела ни за на црква, ни за на нива. Децата зедоа од малатката и почнаа да јадат. Корделија се сврте настрана и заплака – Фаника и Лечко истрчаа кај неа и застанаа многу близу. По нив дојде и Филип: со едната рака ги опфата ќерката и синот, а со другата Корделија, која се смируваше. Од крстот гледаа две црни очи во кои не се појави солза. Петруш Лескачевски седи на штица до гробот на својот татко и почесто го крева шишето ракија како зад грбот да ја оставил косата и сега прави починка. Отпива колку што мисли дека му припаѓа нему – а потоа истура до гробот, за татка си. Се замислува како оние ноќи кога Петруш се враќаше од Вртикоп и седнуваа во дворот да си прикажуваат за земјата и за политиката што Петруш ја водеше како беззаба мечка, која не можеше да направи злостор, но црноборјани сепак се плашеа од нејзината ќуд. Тренда вади бели пупчиња полни со риба и пржено свинско месо – им ги дава на Томика и Георгина, а тие ги разнесуваат на другите гробови, или ги клавадт во скутниците на постарите мажи и жени, што седат кој на што нашол и тажно гледаат во земјата од која се направени гробовите. Тодор Емборовски ја придржува Дафина која стои пред мало гропче и тивко плаче. Уранија го палеше фенерот на својата мајка која млада и тивка, каква што е сега таа, дојде во Црноборје и запали оган во огништето на татко ѝ, ги роди Флорин и Уранија, си умре без болест и лежење. Уранија постоја до крстот на мајка си како да слуша нешто под плочата – а потоа стана и раздаваше сè што донесе. Флорин стоеше понастрана и ги држеше своите деца – како кученца што сакаат да стрчаат напред. Првпат од кога помнат живите, на гробиштата во Црноборје светат по две кандилца на секој гроб: ни светлината не е поголема, ни бројот на мртвите, а сепак луѓето чувствуваат дека нешто е изменето во гробиштата. Пламењата на фенерите ги дува некој подземен ветар и тие трепкаат како да тонат. Црноборјани ги запалија фенерите и кандилата на бел ден за нивните затворени очи под земјата и крстовите. Отец Пелагонит и Дане Проевски одат од гроб до гроб и со босилек прскаат вода врз крстовите – кои никогаш не ќе фатат корен и не ќе озеленат врз земјата што ги крие мртвите. Прскаа како да ги гаснеа последните искри од подземниот оган на кој се грееја мртвите. Живите ќе се разделат од мртвите – но тој што ќе остане жив ќе знае каде да ги бара и пак ќе ги сретне нивните крстови искривени од снегот и тежината на небото. Над гробиштата небото лежи многу пониско – или така им се чини на црноборјани што се клекнати над земјата. Гробиштата, па и оние со убави мермерни плочи и крстови – на местото му даваат грдо име и страшен изглед. Кога се крена маглата црноборјани забележаа дека над оградата од гробиштата некој наредил шлемови: имаше повеќе шлемови на оградата од мртви и живи во гробиштата. Црноборјани се исправаа бавно и заплашени – се вртеа наоколу и тогаш забележаа дека шлемовите се креваат нагоре и над оградата гледаат очи без солзи и топлина. Жените кренаа малатки со подавачки и тргнаа кон оградата: обрач жени одеа кон оградата и кога дофатија нешто од малатките и ги подаваа своите раце нагоре – војниците со шлемовите исчезнаа зад ѕидот. Жените останаа со малатките под мишки и стоеја збунети и навредени. Потоа над оградата се издолжија штикови и жените се вратија назад. На оградата се качи офицер чие лице црноборјани не го имаа видено другпат. Тој мавташе со рацете како да се готви да скокне врз главите на луѓето и крстовите на мртвите – а потоа, на оградата се качија и војниците. Црноборјани излегуваа од ѕидовите направени со изринатиот снег и се групираа на земјата без гробови и коски. Ги фати страв и мислеа дека во Мраморино има уште место и за нивните гробови. Стоеја без збор на усните и без мисла во главите. Никој ништо не рече и тогаш мажите се погледнаа молкум и натажено – тргнаа на местото каде што стоеше офицерот. – Немаме време за вакви работи – рече офицерот тврдо: – Предвидено е во црквата да се сместат војници... Ако се исплакавте над нивните коски – излегувајте побргу и без многу врева... Од денеска никој да не влегува во гробиштата, сè додека не објавиме наредба... – Дојдени сме на гробовите од своите блиски – рече отец Пелагонит со изгаснат фенер во раката. – Не сум чул дека оплакувањето на мртвите можело да ѝ пречи на војската... Денес живите своите крстови ги носат на грб, господине – мртвите немаат ништо друго на светов, освен својата смрт и своите блиски... – Без проповеди, оче! – рече офицерот налутен што никој не тргна кон излезот. – На ова место е предвидено да дојде единица – таа е тука и сака да знае колку време ви треба да излезете од гробиштата. – Ве молам, господине, војниците нека имаат милост спрема мртвите и нивните гробови, зашто Црноборје, вторпат останува и без куќи и без гробови... Ние живите ќе се снајдеме некако, но мртвите не можат да направат нови крстови... – Војниците не се в црква, оче... Тие имаат наредба за секој свој чекор – особено во земја со магла и шума, како оваа овде... Гледав кога одевте пред луѓето со фенерот и мислев дека нешто страшно ќе се случи на ридот... Не ве спречив зашто мислев дека носите некој мртов... Фенерите можете да им ги запалите и другпат, кога ќе бидеме слободни. Барам веднаш да се вратите во своите куќи. Од денеска никој нема право да се врти кај гробиштата, или да влегува внатре. Ако треба и мртвите и светцпте ќе си ги земете со вас, зашто на замјата и претстои преорување... Еден ден никој не ќе знае дали на ова место имало камења или крстови... – Знаеме дека војниците не палат кандила, господине... Но ве молиме да нè им се случи нешто на крстовите и на фотографиите на мртвите... – Одете и оставете нè да се сместиме. Отец Пелагонит гледаше во офицерот и полека се вртеше кон луѓето. Црноборјани набрзина ги кренаа своите малатки со подавачки – шишињата со ракија и вино ги истурија врз крстовите и земјата. Пелагонит стоеше до портата и чекаше да излезат црноборјани. Кога беше сигурен дека во гробиштата не останал никој – ги соедини полите на портата и го стави катанецот. Војниците никогаш не влегуваа низ врата, тие не доаѓаа попат: портата и катанецот можеа да ги задржат само скитниците, коишто талкаат по секое невреме и во цел свет... Црноборјани не свртеа глава назад кон гробиштата – се враќаа со плочи врз главите и чувствуваа дека ќе нема место на кое можат да седнат за починка. Мртвите можеа да влегуваат само во сонот на живите, а овие да мислат дека се мртви. ГЛАВА ДВАЕСЕТТА Нсбото над Црноборје личи на огромен воденички камен, а и ветрот остава бели траги на својот бесцелен пат. Врз покривите на куќите и главите на луѓето снежинките го дооградуваат големото бело гнездо. Само Црноборка одеше босонога и гологлава под небото, на кое лете му ја краде бојата, а ноќе ѕвездите. Небото не можеше да ги префрли своите скали од снежинки врз мазниот грб на реката и да ја покрие нејзината боја слична на земјата од која извираше. Црноборјани само зимата мислеа дека Црноборка не извира од небото и тогаш им се гледаше како истек од матен бунар без дно. Првпат црноборјани ќе патуваат спротивно од текот на својата река, а тоа е повод да бидат и тажни и исплашени, зашто целиот нивен живот и имот, се наоѓаше надолу, на левата и десната страна од водата, што ја свртуваа во своите нивје и ја оставаа да влезе долу во корените. Патуваа од зори и постојано надолу, со неа крај својот пат и нозете, како јагне манаре, што го заспонува одењето и разговорот и ги мамеше да се соблекуваат и да се фрлаат во нејзините витли. Надолу по нејзиниот тек лежеше црноборјанската земја по која доаѓаа туѓи војски и коњици, ја газеа и жестоко ја пцуеја, правеа од неа ровови и оставаа колку за своите гробови, што им ги копаа црноборјани тажни што умреле токму таму каде што селаните имаа намера да посадат билки и родни дрвја, во чии плодови гледаа како на крв и смрт. Оти беше плодна и отворена за водите од реката и од окопнетите снегови – црноборјани пролетта во неа влегуваа боси и не ја проколнуваа кога им се лепеше на нозете и образите. Туѓите војски ја пцуеја како лесна жена, која може да им прилепи болест, или да им ги земе главите. Црноборјанската земја имаше земено многу војници сосе шлемови и оружје – но од главите на генералите што ги водеа своите војски и знамиња да ги развеваат по нивјето и куќите. Црноборјаки пак се тргнати подалеку од својата река и од нејзиниот извор. Мажите се обвиткани во шалови со долги реси – на кои се нафатени мразулци, како мртви риби на јадици. Жените се скриени во волнени плетки – имаат црвени носови и влажни очи горчина во устите и душите, клетви и за најблиските, кои во вакво време ги извлекоа од крај огништата, од постелите и одаите. До што беше добиток и самар, до што беше појак машки грб – сè е товарено: со деца што плачат како на денот на своето раѓање, со старци чии нозе во стрмените и зенгиите стојат како пратје, со брашно и покуќнина. Мажите носат плетени шишиња ракија и вино, петли врзани за нозете, икони покриени во крпи, изгаснати фенери и остри секири. Народот и добитокот се претоварени – снегот под тежината им се качува погоре, ги смалува и ги прави немоќни да чекорат без збивтање и клетви, упатени до небото. Излетуваа во своите дворови и се бабареа облека и покуќнина – никој не знаеше колку ќе останат во дрвено Црноборје, ниту пак можеше да вети дали повторно ќе се вратат. Излегуваат од дворовите и ги затвораа портите со катанци, ги премачкуваа со крстови од црна боја, верувајќи дека тоа ќе ги одбрани од лоши очи и мисли. Црноборјаии се плеткаат со деца и покуќнина на своите грбови, како црвје под откорнат камен, стркалан одненадеж и бесшумно. Кога се гледа од Зевсов Рид – Црноборје личи на скорешен мртовец на кој му ги тргаат цревата секоја на своја страна, затоа и ветрот полесно ги кине. На мажите што ги немаа извиткано главите со шалови, ветрот им ги зема калпаците и ги тркала како ќунци. Мажите трчаат по своите калпаци како да бркаат склопчени мачки, брцкаат во снегот и во празно, а кога ги дофаќаат, длабоко до ушите ги притискаат и личат на плашила. На помладите жени и на девојките, ветрот им ги набира фустаните нагоре, им ги открива нозете. И смешно и жално е тоа како луѓето сакаат да бидат пристојни во време кога немаат никаква полза од тоа. Црноборје е бочва на која ѝ се извадени обрачите: прво исцрпување од бочвата беше одењето на регрутите и коњите, а второ, оваа преселба во дрвено Црноборје, горе во Игленица, чии борја допираа до небото и го тераат да кафти молњи, кога врнат големи дождови. Од левата и десната страна на Црноборка лазат мравки на чии грбови е ставен товар поголем од нив. Со крст на челото и душата во носот – црноборјани ги отргнуваат своите нозе од снегот и бавно се искачуваат на Зевсов Рид. На работ каде што се отвора зарамнина меѓу ридот и брегот на реката, мажите ги подземаат жените и децата, ги потпираат коњите и старците, одвзруваат товари и ортоми, ги фрлаат долу, на оние што тешко се искачува. Долго ги влечеа капнатите и болните, на кои сепак не им се остануваше во куќите, зашто ветрот свири страшно во празните дворови и згаснатите огништа. Кога се почувствуваа на рамно и во заветрина, црноборјани застанаа да се одморат. На коњите им ставија зобници на главите, а тие седнаа да починат. Мажите и жените ги одврзаа шаловите и се собраа секој со блискиот во крутови. Ги одврзаа торбите и јазиците – на ум им дојдоа и шеги и грешни мисли. Јадеа како да се дојдени во своите нивје, како да ги чекаа српови и коси. Децата престанаа да плачат и најдоа многу снег на ридот и паѓаа врз белата пена. Додека јадеа на зарамнината се појавија отец Пелагонит, Дане Проевски и десетина црноборјани, кои носеа нешто завиткано во вреќи. За момент луѓето престанаа да јадат, нивната врева секна. Лоши мисли ги вртеа нивните глави и очи кон Пелагонит и селаните кои носеа нешто тешко на раце и одеа сложно по снегот. Ќога дојдоа на горниот крај – отец Пелагонит им рече на селаните да го остават товарот врз снегот. По тоа колку внимателно го пуштаа врз снегот – можеше да се заклучи дека се работи за некој болен или мртов. Но изразот на отец Пелагонит не беше тажен. Црноборјани се исправија да го поздрават светецот и пак седнаа во снегот – но никој не продолжи да јаде. Евросим Лагунски знаеше за намерата на Пелагонит и спокојно гледаше во вреќите што лежеа навлезени во снегот од тежината во нив. – Со нас е и Христос! – рече Пелагонит восхитено. Црноборјани станаа пак и се крстеа долго. Отец Пелагонит имаше голема шубара со сребрена боја на чии реси ѕвенкаа мразулци. На црноборјани им се стори дека тој на својата света шапка ги носи и нивните крстови. Се крстеа со изѕемнати прсти и помодрени усни, шепотеа нешто како молитва и исповед, но нивните лица изразуваа очај и болка. Продолжија да јадат наседнати во снегот како на некој крај од светот. Пиеја вино и од главите ги растеруваа лошите мисли за оставените домови, на нозете им ја враќаа крвта и силата, Кога тргнаа по сртот Црноборка остана долу под ридот и никој не можеше да ја види. Реката беше смалена во солза и остана во окото на Зевсовата глава над која, од небото паднала бела шубара. ГЛАВА ДВАЕСЕТ И ПРВА Во дрвено Црноборје куќите немаа огништа и оџаци. Чадот излегуваше од кај темелите и лазеше врз снегот, потоа се качуваше по стеблата и во круните се врзуваше како каделки. Белите борови беа доближени во студот и стравот и секој од нив горе во просторот како да ја бараше својата бела пеперуга. Игленица не помнеше ни секира ни пожар. Кога црноборјани навлегоа во шумата – ветрот остана да лае зад иивните грбови, како пес на кој му здодеало да ги прогонува. Во шумата се појави нешто што го познаваа само оние кои оделе на дрва: бучава и крцкот чиниш шумата плива во недогледна бела река со бавен тек. Таа ноќ од процепките на една дрвенарка врз снегот се цедеше танка линија светлина – се слушаше делкање во дрво. Отец Пелагонит и Евросим Лагунски цела ноќ работеа затворени. Во зорите излагоа од дрвенарката и направија нешто што го запомнија сите живи црноборјани и го раскажуваа со страв. Христос со златната глава, оној истиот што стоеше до портата на Света Петка и со дланките свртени кон небото – беше окован на три борови стебла што стремејќи се секој за својот раст и простор, излеале многу смола од своите раносани стебла и се обединиле во болката. Христос пред Света Петка ја изразуваше својата светечка благост и на црноборјани им ја отвораше душата и црквата. Поставен на боровите, Христос како да ја проколнуваше шумата, над која паѓаа многу бели молњи, кога врнеше дожд. Во Игленица дождот паѓаше врз вршките на боровите и се цедеше по стеблата надолу. Само кога ќе блеснеше молња – гореа боровите и ја осветлуваа шумата. На влезот од дрвено Црноборје Пелагонит и Евросим имаа ставено табла на која светецот со својата рака го напиша зборот – Ц р н о б о р ј е – од кој срцето се креваше до грлото, а крвта шумеше во главата и ги згуснуваше црните мисли за името и за судбината. Првото утро црноборјани се пробудија без свест дека се дојдени во Игленица и долго се вртеа во некоја мора, што ја тромави и снагата и мислата, а на срцето му капе горчина. Кој како се будеше – излегуваше на снегот и паѓаше на колена. Се крстеа и плачеа – а отец Пелагонит застана пред нив и отвори добела книга со црни корици и врз едната втиснат златен крст како сабја изведена од некое срце. – Те молиме, наш на небото, да ги запреш белите молњи, зашто над нашите глави не остана ништо друго, освен твојата голема блага рака, што ја примаме како покрив и заштита. Црноборјани своите лица ги доближуваа до снегот и ги повторуваа зборовите на отец Пелагонит, а кога ги креваа главите нагоре, боровите растеа до небото и се губеа од нивните очи. По молитвата на која никој не ги повика, црноборјани одеа на местото каде што се креваше табла на две мазни стебла. Поминуваа на спротивната страна и читаа: – Ц р н о б о р ј е – Жените плачеа од радост и страв. Селаните знаеја каде да се вратат – но таблата ги вика сите со лоша крв и страшна мисла. ГЛАВА ДВАЕСЕТ И ВТОРА Првпат во својот живот Евросим Лагунски не ја допира земјата во која гнијат коските на татко му Доксим: Сидерос пристигна и во дрвено Црноборје и исплука крв пред таблата на која го виде името на селото повлечено со катран, на јазик, од кој тој сакаше да го исцеди мајчиното млеко. Пристигна со своите војници во зорите – а потоа црноборјани слушнаа дивјачко викање на грчки јазик во Игленица, каде што не се слушаше често откако Црноборје е претворено во Маврохори. Прво срипаа мажите и кога сфатија дека војниците ги бараат сите што дојдоа во Игленица, станаа и жените, се облекоа на брзина и излегоа на чистинката пред Христос со златната глава и трите слепени борја. Ниско до градите ги веднеа своите глави и молчеа, додека Сидерос бараше да се јави оној што ја делкал таблата и што напишал нешто грдо и опасно. Црноборјани беа навикнати да гледаат по еден свој селанец до секој Грк кога го собираа селото и бараа нешто од селаниге. Овојпат Сидерос стоеше сам и накострешен, а војниците шетаа околу луѓето и ги маваа со кундаци оние што стоеја понастрана. Долго шетаа војниците на Сидерос околу црноборјани и ги рамнеа како тули, сè додека жените не почнаа да збиваат, притаснати меѓу мажите. Кога ги собраа на простор од еден поширок двор црноборјани повеќе не можеа да ги држат главите ниско – секој се исправаше да земе воздух и да биде готов да го пречека тоа што ќе се случи. Евросим Лагунски излезе пред Сидерос и застана многу близу, чиниш нешто ќе му шепне. Црноборјани тргааа напред и кругот се искрши како обрач под тежина. – Јас го напишав името на таблата, господине – рече Евросим и од пазувите извади бел лист хартија на која беше пишувано Црноборје колку една шума. – Проверете го ракописот за да не ги измачуваме невините и оние што не знаат да пишуваат на нашиот јазик... Сидерос меѓу носот имаше две жарчиња и Евросим почувствува како му ги лепи право на срцето – му дојде раката да ја стави на тоа место каде што се јави болката – но не сакаше да признае дека нешто се скршило. – Кој јазик е ваш и од каде сте нашле јазик во шумата?! – викна Сидерос и на вратот пак му се појавија модри жили. – На ортома врзана за бор ќе висите сите додека окопне снегот... Претседателот на грчката власт во Маврохори – го одврзал својот јазик и пишувал срамни имиња против кралот и власта. – Така се вика местото и кога дојдовме овде го симнале во селото. Сидерос викна двајца војници и со своите раце покажа што треба да му прават на Евросим кој не се бранеше, ниту пак молеше да не постапат со него како со ѕверка, фатена по големо трагање и со многу страв. Евросим ги издолжи рацете напред и тоа го потсети на оние вечери кога Теодорина му ставаше вапцано предено и правеше клопчиња. Војниците му ги врзаа рацете и го одвлекоа по снегот. Сидерос нареди да се стави камен под нозете и целото тело да му се изврзе со ортома. Евросим се качи на каменот и сајм се израмни на стеблото од борот, додека војниците го врзуваа, стегајќи колку што можеа. Сидерос нареди од главата да му го извадат калпакот. Теодорина падна во снегот и плачеше како да си го држи срцето под себе извадено од жал по Евросим чиј збор се слушаше до престолнината. Војниците ја кренаа Теодорина и ја истргаа настрана. Црноборјани се повлекуваа во своите дрвенарки назадодум и долго стоеја пред вратите и гледаа во Евросим. Врзан на борот Евросим им се виде поголем од Христос, само што немаше златна глава, туку обична, со уши што црвенееја на студот, а од очите пред нозете капеше тага и топлина. Војниците ја запалија штицата со името на Црноборје – кое гореше бавно и пушташе црн густ чад, зашто пред тоа го имаа попрскано со нафта од камионите. Евросим гледаше во штицата што гореше подолу од местото каде што го имаа изврзано за борот и замислуваше како ќе изгледа да го запалат заедно со борот. Одлево и оддесно Сидерос постави двајца војници на кои им нареди да не испрати смена, или не ги повика. Војниците се собираа на студот и облеката им стана голема, а тие личеа на деца чиј раст не ја исполнува униформата. Црноборјани од своите дрвенарки ѕиркаа во штицата што гореше и во Евросим кој молчеше како борот на чие стебло го потпираше својот грб и чувствуваше како трепери, горе на врвот. Неговото срце удираше силно и се случуваше снегот од врвот на борот да падне врз него како тешка сапуница од која се витка вратот и се искривува главата. Кога падна ноќта на војниците им дојде смена во топли кожуви и чизми со волна однатре – а Евросим немаше ни раце, ни нозе. Топлината му се задржа само во жилите и очите. Таа ноќ ретко кој црноборјанин ги затвори очите. Уште од зори отец Пелагонит излезе со запален фенер и застана пред Христос. На местото од главата Христос имаше топка од снег, со јаглења како да му изгореле очите. Отец Пелагонит високо го крена фенерот и слушна кога викнаа стражарите откај Евросим. Одеше со запален фенер во рацете и ги будеше селаните, да видат што му се случило на Христос, да им пренесе од својата болка поради исчезнувањето на златната глава на светецот. Луѓето стануваа и се крстеа – кај Лагуновци никој не спиеше, зашто Наталија ја стегнаа големи болки од страв или жал за свекорот – тие дури и заборавија дека Евросим е окован на стеблото од борот и бараа стари жени за помош. Кога влезе отец Пелатонит во дрвенарката на Лагуновци виде многу стари жени со засукани ракави – веленце оптегнато меѓу штиците, слушна глас на жена која нема срам од плачење. Жените му се поклонија на отец Пелагонит и го замолија да излезе додека Наталија се превиткува со лицето во вода и главата во рацете кои ништо не можат да задржат или да повлечат. Кога беше на прагот отец Пелагонит слушна непознат глас – нешто танко и отсечно, како да се отвори земјата и небото. Над неговата глата небото немаше ѕвезди – а сакаше да му одбере една на новото црноборјанче, за кое нама леѓен. Отец Пелагонит одеше кај Евросим и му се чинеше дека фенерот му свети двојно – а боровите се нишаат над снегот и сакаат да се ослободат од земјата што ги заробила. Кога се наближи до Евросим – стражарите го запреа и пред да прашаат, видоа кој доаѓа. – Ти честитам внук, Евросиме! – рече Пелагонит и се обиде да го гушне, но рацете му беа покуси од стеблото на борот. – Оче, имаме наредба да не оставаме никого до него... – Не е ни болен, ни грешен овој човек! – рече Пелагонит. – На Христос некој му ја зел главата ноќта и којзнае каде ја закопал! На Евросим насмевка му ги пораби усните – а потоа од пукнатините протече крв, почувствува дека му е топол и леплив јазикот. – Нека не брзаат со името, оче – рече Евросим тивко... – Казната ќе помине, денес попладне Евросиме... – Ќе дојде најголемата ноќ ако не ме одврзат, оче. – Војниците си стојат на зборот, Евросиме... Не верувам дека војникот може да си го гази зборот и образот. – Војниците газат по нашата земја, оче... Оти е скриена под снегот – тие почнаа по нашите срца да одат... Игленица има многу борови – мој бил највисокиот и осамениот. Кога се врати откај Евросим, отец Пелагонит носеше изгаснат фенер во рацете и не сврте ни очи ни глава кај слепените борови, на чии стебла беше окован Христос без својата златна глава. Утредента на стеблото од борот отец Пелагонит и црноборјани ја најдоа изврзана само ортомата – а каменот беше стркалан надолу по снегот. Тркалајќи го каменот, војниците отвориле пат до земјата што завршуваше до пепелта од името на Црноборје. Црноборјани истиот ден до трите слепени борја ископаа дупка и го ставија Христос завиткан во непрано руно волна и со раце ја фрлаа земјата врз неговото тело без глава. – Христос е мртов – рече отец Пелагонмт и заплака. – Мртов е нашиот Бог, оче – рекоа црноборјани и ги кренаа главите и очите кон небото од кое беше украдено сонцето. Кога имав десет години мојот дедо Тодор ми раскажуваше за „Илијада“ и „Одисеја“ – за дрвениот коњ полн воини и злонамера, за Троја и Елена. Мислев дека постои планина на која живее едноокиот Полифем, којшто тркала камења во морето и со некој фенер го бара злосторот Одисеј. Слушав долги и црни кажувања крај огниште, на борини – долги како ноќите во крајот каде што се родив. Низ оџаците се креваше чадот на борината и страшните самовили од приказните. Потоа дојде Грамос – од каде што не се вратија ни најхрабрите, ни најитрите. Дури тогаш сфативме дека талкањето на Одисеј низ Егејско Море е еп – а вистината ја откриваме во поинаква светлина во секоја капка од Егејско Море талкаше по еден современ Одисеј. Кога имав десет години заедно со неколку мои врсници и другари се искачувавме на еден рид и оттаму гледавме како гори Катраница – убаво македонско село над Островското Езеро, во подножјето на Каракамен. Не знаевме кој го запалил селото и кој не излегол од обрачот на огнот. Тогаш тоа беше доживување – отворање на небото. Никогаш не сум помислил дека тој оган повторно ќе светне во саќавањето. Романот „Црноборје“ сака да биде само искра од тој голем пожар, негов одблесок и смисла – ако огнот и пепелта воопшто можат да имаат некоја смисла во споменот. Катраница останала зачувана во една искра што не се претворила во пепел – да биде симбол на сите македонски Катраници исчезнати во географскиот простор. Грамос е нова Троја – а разликата е во тоа, што оттаму не се врати ни Одисеј, ни неговиот брод. Во романот „Црноборје“ ниеден палеантолог не ќе ја пронајде Катраница и дрвениот престол на Евросим Лагунски – во него светка само искрата на еден оган виден оддалеку и ноќе, со мисла дека некој осамен старец запалил шума со борина и дека раскажува долги и темни приказни.